Празник да, ако планираат луѓе да одат тогаш. Не дека само на празникот е поскапа, туку околу тие денови. Отворете околу нова година за Виена, Будимешта, Париз, Баден-Баден па ќе правиме муабет
За Нова Година знаеме сите дека сегде се поскапи картите. За 11 октомври беше дискусијата. Освен ако Визер немаат календар со македонски празници па намерно да поскапуваат, друго објаснување немам.
Нешто не разбирате. Во периодот околу 11.10 се скапи билетите од и до Скопје, на дестинации кои се релативно популарни за тој период. Братислава Будимпешта Париз Рим Милано Германија некои летови На пример од 10-13.10 до Братислава е да рчееме 100 евра повратна. Од 15-18-ти е помалку од 50. И да, тоа е поради празникот, односно побарувачката.
Немаат македонски календар ама имаат продадено поголем број билети и како се намалува бројот на картите, така се поскапи. Значи луѓето купиле карти и тие што остануваат како иде поблиску денот на летање, се поскапи..
И тоа како водат сметка и за календар и за празници. Многу добро знаат кога има голема побарувачка за шетање и тогаш ги рипаат цените. До сега многу тешко сум начекувала ефтини карти за некој датум кога на пример е празник и споен викенд.
Детето е годинаипол, за скоро ќе патуваме со авион, како ќе седи малиот во авион? Има посебно седиште или?
Не памтам како беше точно, мислам дека кај тебе ќе треба да биде на таа возраст. Можеби грешам, секако ако има празно седиште ќе може да го користиш.
Со тебе, мало е за седиште башка. До 100 мл е ограничување за течности и кога си на проверка поубаво е да ти е во ќесички за складирање ситници спакувано вади-стави да правиш. За детски и бебешки артикли за исхрана мислам допуштаат и повеќе од 100 мл, само исто така башка спакувани од остатокот од рачен багаж и вади-стави прави си. За цена на авио билети најмногу зависи од понуда и побарувачка и колку си поблиску до крајниот датум на патување ако има уште малку до дополна на авионот и те како знаат да ги дигнат во вис, дека нив и да не е полн веќе им се исплати патувањето. А ако не се премногу продадени знаат да задржат слични цени како и од порано да си купил карта или па и да имаат намалување ама одредени денови, па следете и купувајте поевтино. И ова важи не само за Виз за скоро секоја авио-компанија, ама Виз и другите нискобуџетни дека брзо се трошат ретко да не се многу испродадени пред финален датум за лет така што пубаво чек ин по со време. И да, тие не следат регионални празници, селдат колку се побарува за одредени датуми и пополнува, ама за интернационалните празници како Нова година, претежно католички Велигден и те како знаат да ги летнат цените во вис. Па ако сте на таа (не)среќа за католичкиве да треба да летате, а не им ги славите имајте си го ова во предвид порано да си купите или бајаги посоленко ќе ве кошта.
Инсистирајте и досадувајте им. Не е ваша одговорност. Вие сте се појавиле на време и од ваша страна е покриено, особено ако немало опција за online check-in. Вработен на аеродром не ви дозволил да поминете натаму и како објаснување ги дал Wizzair, повикајте се на ова. Ќе ви враќаат вакви меилови ама истражете убаво кои се вашите права и обврски, прочитајте си ги нивните правила и повторно пишете им. На повеќе летови во последно време може единствено да се направи чек-ин на шалтер, не и online. Не знам дали е тоа случај и овој пат ама често е. ------------------------------------------------------------------------------------------------------------ Имаа најавено за прекин на линии ама некако ептен ги оретчија. Не само што веќе не можам да ги сметам за нискобуџетни, туку и дестинациите ги прекинуваат и тоа некои од најпопуларните за кои секако патници плаќаа доста високи суми. Порано барем можеше да се помине преку недостатоците заради ниските суми за карти. Во многу незавидна позиција се оставени патниците со аеродром од кој почнува да исчезнува македонскиот јазик и премалкуте опции.
Колку време пред летот се оди ( се чека)на аеродромот ? Да напоменам немам никакви торби само едно ранче
Глупости, мајка ми да ми се појави на 90 минути пред лет доле на шалтер за да се чекира, а јас сум вработен не би ја пуштил, не па некој друг. Јасни се правилата, чек-ин е можен пред лет 2 часа и онлајн и на шалтер. После тоа кој те врти. Да биле чекирани онлајн, ќе си отишле без проблем на пасошка и на скенер. Оди на некој поголем аеродром 90 минути пред лет на шалтер, да видиш како ќе те вратат како попарен.
Апсолутно неточно. Чекинот на скопскиот аеродром за летови со Визз започнува 2 часа пред летот и завршува 40 минути пред летот. Ако биле одбиени затоа што доцнат, шалтерот веќе ќе бил затворен и дефинитивно немало вработените да им кажат дека ги следува рефундирање затоа што е пребукиран летот.
Моја грешка за времето. Се извинувам. Сепак, бил пребукиран летот, и сами се криви што не си дошле на време. Не е во ред да се прави пребукирање, ама користат прилика за секаков профит. Сепак се знае, 2 часа пред лет треба да си на аеродром и полека да ја правиш процедурата.
Ама и сите патници да биле 2 часа пред летот, за 5 патници пак немало да има место. Да, ако ми е навистина битно да летам баш тој ден ќе отидам уште порано (а и секогаш одам порано пошто нејќам да ми е стресно патувањето од сам почеток), ама тоа не го менува фактот дека летот е пребукиран и неизбежно е некој да биде вратен. @Voj4e освен рефундирање на средствата за летот, ви следува и компензација, биди упорен само, не прифаќај изговори.
Буквално во постови над овој се зборува за чекање на аеродром и чек ин. Убаво е барем 2 часа пред лет.