Морално ништо не е. Зависи од аеродром, полет, шенген, документи и контрола... тие 2 часа се препорачани со причина. Веќе ако на некој толку му мени 30мин. +/- пред излетување да цепи секунди... и тоа е во ред.
Не зошто имам мало дете кое што место не го држи, за тоа прашувам, да не одам многу пред време ако не е морално
Од искуство, многу побрзо минувам през процедурите откога не морам да минувам пасошка контрола, за разлика од порано кога требаше. После во зависност од гужвата за минување през контрола, сум минувала и за половина час до 40тина минути, па до саат време. Значи никој не може да ти гарантира колку време ќе ти треба на аеродром пред летот. Препорачително е да си 2 часа пред лет таму.
За првото што ме имаш цитирано без никаква основа веќе ти е одговорено. НЕ! Единсвени виновници се самата компанија која продава повеќе карти отколку што има слободни седишта. Не функционираат по принцип „прв дојден - прв услужен“ туку се работи за карти кои некои од патниците ги купуваат со месеци однапред и планираат слободно време, работа, сместување..сѐ. Не знам зошто сте толку навикнати да сте понизни. Имате обврски ама имате и права. Патниците си се појавиле уредно на аеродром и од нивна страна обврската е завршена, останатото е проблем на компанијата и аеродромот.
И еве во овој случај, компанијата е крива, ама на кого му се заебало патувањето? На патникот што дошол последен. ВизЕр се криви, патникот останал без одмор/патување, џабе е паричната компензација тогаш.
Па подобро да им се исплати отколку ништо да не добијат. Како и да е и да дошле порано, некој друг ќе бил вратен. Затоа треба да продаваат онолку колку што имаат седишта.
Според твојата логика, дали е треба некој да отиде 5 часа порано само за да се осигура дека wizzair не продале повеќе карти околку што имаат седишта? Некој е од страна, некој не може да отиде порано зошто автобусите се тие, некој се изгубил, некој едноставно нема време. Не е ни важна причината. Единствено што е важно е неодговорноста на компанијата. Не се работи за некој локален автобуски превозник па да се снајдеш со друг превоз, до други држави одат.
Здраво сакам да го откажам летот што ми беше за два дена, дали ќе ми ги вратат парите, треба да пополнувам claim form? Колкави се cancellation fees ?
Јас пред неколку месеци откажав 2 повратни лета и добив поврат 60 евра од вкупно 400 што платив. Овде се работеше за откажување 15 дена пред лет, ако откажев 14 дена или помалку се фаќаше ништо да не добијам назад, понекогаш дури и испаѓа да треба да доплатиш за да откажеш (во тој случај само ја оставаш картата да пропадне, не откажуваш). Доколку се евтини картите не очекувај да добиеш ништо назад, најдобро почни го процесот на визз апликацијата и види колку ќе ти пресмета, ако испадне дека провизијата е повисока од цената на билетот, не кликаш submit на крај.
Добар ден Имам две авионски карти за Скопје - Копенхаген - Скопје за 11.10 - 14.10 кои нема да бидат искористени. Пишете ако има некој заинтересиран.
Во поединечно паковање можи да се носи до макс 100мл во рачен багаж. Вкупно, овие пакувања не смеат да надминат 1Л, ако не се лажам. Во чекиран багаж, шо се пушта долу, можи колку сакаш.
Здраво, треба да се чекирам на wizz air ми бара да внесам податоци од пасош сериски број и број на документ кои сс тие броеви ајде број на документи е тој М×××× ама сериски ? Ве молам пишете ако знаете итно ми е
Здраво, некој што патувал сега брзо, дали покрај рачната торба која е бесплатна е дозволено да се носи и женска чанта без доплата. Така сум патувала порано и пишуваше дека може, ама сега неможам да најдам дали тоа важи уште. Благодарам
Дали постои можност да се аплицира директно преку Wizz за компензација за одложен лет или само преку тие веб страните кои играат улога на посредник? Како е најдобро? Се работи за одложен лет, за речиси 8ч.
Не сфаќам како линијата до Базел е нова кога си постоеше. И до Барселона имаше до пред да започнат карантините, после ја укинаа.