И бебенцето има ранец. Па можеш се што ти пишува тука Во глобала можеш се што напиша,ама се да е во мали количини. Нема проблем за сирупите,ниту млеко во прав ама сеа да не е шише од литро ипол. Ќе ти го фрлат.
Здраво. Сакам да прашам за патување со новороденче дозволено е количка бесплатно. Па ме интересира дали има одреден модел на количка или може било каква?
Здраво Купив 4 авионски карти ама датумот беше погрешен и ги откажав. Сега како да си ги вратам парите од vizzair
Да, при букирање кога додаваш патници покрај возрасните додаваш и 1 infant, внесуваш и за бебето информации и се наплаќа infant fee (зависи од лет, околу 30тина евра).
Кои денови од неделата се најефтини картите за букирање? Од вчера до денес цената на летот што го гледав се зголеми 3 пати
Не постои нешто такво, кој и да ти каже, ќе те излаже. Зависи од многу фактори, од кај леташ, до кај леташ, во кој период, колку порано ја купуваш картата, дали има интерес за летот и слично. Многу ретко цената на летовите оди надоле, најчесто се зголемува. Така да помири си се со цената на летот ако МОРАШ да леташ на таа дестинација и на тој датум. А инаку ако не ти е итно патувањето, побарај друга дестинација или датум, што одговара на твојот буџет.
Здраво,сакам да прашам при чек ин на картата денот на раѓање ми се прицнал 26 а не 23 друго се е точно,сега не ми дава никако да го сменам. Дали би ми правеле проблем на чек ин. Доколку да ве молам за помош како да го сменам или да ги контактирам
Како да го пребродам стравот во мене после толку авионски несреки во последните две недели? Треба да летам наредната недела од Германија до Мк.со две деца,неможам цела сум во паника,наместо јас да ги смирувам неможам јас сама да се смирам. Извинете ако не е за тука постот
Баш сеа земам карти. Не знам шо би се случило да купев пред една недела кога имаше за февруари. Шо не дотурка ни една година линијава. Нели лани априлот ја пушија
Дааа и јас од некна се мислев за февруари да земам карти и кога отворив прееска има што да видам се разочарав. Лани во април ја пуштија, ни година нема да
Здраво, Купив карта за датум од 6 до 10 април, пред еден месец и сега ме известуваат дека враќањето е на 9ти, со што скратуваат еден ден. Дали постои можност да се пожалам за тоа, дали некој имал такво искуство?
Здраво, Вчера купив карта, ја платив и се. Подоцна ми текна дека имам ваучер од маратонот од октомври, дали можам сега некако да го внесам некаде и да ми вратат дел од парите? Или да си купам уште една карта за некаде?
Јас имав, ама не со Wizzair туку со друга компанија ама верувам работат исто. Мене ми ги рефундираа парите, и тоа им пишав на Instagram