Да прашам ако имаш годишно членство во wizz air за попуст дали можеш и на друг да резервираш лет или само на тебе?
Ако имаш Wizz Discount купено за двајца, можеш да купиш билети со попуст само за тебе и тој што патува, притоа мора ти да патуваш, не можеш да купиш билети со попуст за други двајца, без да се сметаш самата.
Прочитав дека летовите со Визз до Салзбург се укинати, дали знае некој која друга авиокомпанија има директен лет Скопје-Салзбург или пак преку Виена би морала
Дали поради промена на датуми на летови од страна на компанијата кои не ми одговараат, имам можност за враќање на парите? Или ќе ми ги задржат како кредит за наредно летање
Зависат од летот, така да ако имаш веќе купено карта и сакаш да додадеш багаж кликни на опцијата add services и ќе видиш колку се цените
Треба да ти стигне меил со понудени опции. Јас имав ваков случај со Airserbia и избрав да ми ги вратат парите.
Кога гледам ефтини понуди, пишува дека се дадени цени за наредните 6 месеци. Но сепак дали може да дојде до промена на цените, да бидат намалени?
Денес чекирав карти до Карлсрухе, ама не ми даде boadring pass, туку ми пишува дека мора да отидам на шалтер за чек-ин. Ми даде само конфирмација... Никад порано не ми се појавило нешто такво, некој исто до таму ако лета деновиве да ми каже дали и кај нив е истата опција ?
Да ве прашам, ако летот е откажан ради Х причини (како маглата вчера) а морам итно да отидам некаде. Дали даваат можност за карта во наредниот лет? Или сепак пропаѓа летот и морам да бирам друг термин. Не зборам за враќање на парите туку за термин за лет кога ептен е итно.
Има страни кај што се аплицира. Јас во 2019та добив 300€ надоместок за 2 карти (по 150 од карта). Каснеше летот од Рим за Скопје 6 часа.