да, по правило течностите треба да се во вакви кесички кои што можат да се затворат и отворат и можат да се носат 10 парчиња по 100мл максимум..значи тоа е по правило...јас несакав да ризикувам зошто некои велеа дека не обрнуваат внимание, други дека фрлаат се, и јас си носев само гел за дезинфекција во ваква кесичка.. е сега на аеродром мене лично никој не ми провери ни на одење ни на враќање ама ако несакаш да ризикуваш тогаш оди си по правилата или не носи во рачниот багаж ништо..за куферот нема никаков проблем и за храна и за течности
Јас ќе носам рачен багаж и затоа ми е малку, да не речам шубе, ради храна, бидејќи идам кај роднини па сакав нешто наше традиционално да им однесам, затоа ме интересираше...
https://wizzair.com/mk-MK/useful_information/baggage povelete ovde pisuva see i jas se informirav toa sto me interesirase
Незнам искрено, се зависи од ситуацијата...во мојот случај рачниот багаж не го проверуваа освен на скенер значи не отвараа внатре да видат што има...сега во моментов заради безбедносниве ситуации во светов можеби ќе почнат да се повеќе строги..ако ти се ризикува нешто да ти фрлат носи па пробај... @kjukli мислам има патувано само со рачен багаж па можеби може поинаку да те советува од мене
Баба ми има пројдено со рачен багаж со храна во торбата, во смисол чоколади и кафе. Не и рекле ништо за тоа меѓутоа шишенцето со вода и го одзеле. Јас имам пројдено со шминки, парфем и течности во торбата но не обрнуваа многу внимание баш тој ден и поминав лесно. Зависи навистина како ќе ти се погоди.
Сакам да ве прашам околу цените на картите. Гледам за карти за од еден град до Скопје,цените се многу високи.Возможно ли е да се намалат,со оглед на тоа дека има уште доста време(околу 3 недели)за посакуваниот датум. Знам дека цените се доста променливи и се менуваат од ден во ден,но сега е летна сезона. Имате ли некакво искуство?Да купувам веднаш или да почекам уште малку?
Јас би почекала иако тоа не е гаранција дека ќе се намалат. Ако релацијата е популарна и има доста патници на редовна основа, пред/после викенд, тешко дека ќе се смени цената. Исто финта една, немој да се логираш со твојот акаунт и да проверуваш цени. Така се меморира што бараш и ќе ја држи цената (ова сигурно проверено). Пробај да ја следиш цената и од компјутер на кој претходно не си проверувала. Мене ми се случи да картите кои ги следев за Шпанија не ми симнуваа цена. мм од работа кога провери имаа сосема друга. Чудно, знам!
Не би рекла дека е така, авионскиот превоз се планира сезонски а не на дневна основа па ајде место 2 ке пушат 3 авиони па картата ќе поевтини. Единствено поевтино може да ти излезе ако на пример патуваш до најблискиот град со Визз Ер а потоа патувањето го продолжиш со некое друго превозно средство. Виз Ер е позната по тоа дека за оперирање одбира споредни аеродроми каде давачките се помали, потоа нема кетеринг т.е за таа услуга се доплака, нема категоризирање на седиштата туку сите се исти обични кожни седишта без бизнис класа...... Луксуз на минимум а со тоа и цената е ниска. Се на се, мислам дека ништо нема да се промени за 3 недели, само можеш да останеш без карта во посакуваниот термин. Во авио собраајот не е толку едноставно менувањето цени, до некој драстичен пад може да дојде само со субвенционирање од страна на вадата како што тоа го прави со Виз Ер. Цените за ова лето се веќе формирани и не верувам дека воопшто би имало промени а камо ли некои значителни заради кои вреди да се чека.
Не ми е прв пат да купувам карти преку Визер,запознаена сум со правилата. Но знам и дека цените секојдневно се менуваат,колку е поблиску посакуваниот датум,толку и цената е повисока. Ќе почекам уште некој ден да видам дали ќе има некакви промени,па после ќе купувам. Во секој случај,фала ви на одговорите.
Дали му обрнуваат многу внимание на името на картата ? Пошто името на пасошот е Snezhana а на картата Snezana..
Здраво девојки ми треба итно нешто да ве прашам ве молам да бидете сигурни за да ми одговорите ја утре сабајле патувам со визз аир ама прашав едни пријатели што пред некое време патувале за истата дестинација ми рекоа не смее никакви течности значи воопшто а пред една година патував на друго место и смееше до одредена граница и сега читам на визз аир дека смее до сто милилитри и сега не сум сигурна се јавував и на броеви на визз аир ама не се јавуваат ама не ми е логично да не смее воопшто ништо на пример шминка или треба да земам течност за контактни леќи ве молам пишете дали знаете и дали има разлика од дестинација до дестинација ве молам побрзо одговори затоа што ноќеска патувам и да не заборавам значи ќе имам само оној багаж до 10 кила што не се наплаќа пишете ве молам фала однапред позз
Си пишува на официјалната страна, течности до 100мл. Јас имам друго прашање. Бидејќи и јас носам само малаа кабинска торба (ранец) дали смеам алиштата да ги ставам во вакум ќеса за помалку простор да ми фаќаат? Што вика вашето искуство?
Ако во странство купам шише алкохол и го ставам во куферот што оди долу , дали ќе ме вратат кога ке го поминат куферот на скенер ?
не би требало..велат дека е дозволено по 1 литар алкохол во куферот долу..јас лично носев вино и не ми направија проблем...
Последно што разбрав сега пред 1 саат е тоа дека за Холандија на пример било дозволено до 40 лименки да се изнесат од земјата Јас дека ќе одам за Словачка ми рекоа дека треба да проверам таму кога ќе стигнам бидејќи можно било да има поинаков закон за изнесување алкохол. Ти од каде се враќаше што викаш дека не ти направиле проблем ?