Не е правилп, но може да те прашаат. Ако одиш на неколку дена на шетање, логично е да имаш барем 40-50 евра по ден во тебе.
За било каде може да прашаат, ама релативно ретко го прават тоа. Да покажам никогаш не ми побарале, ама се случило да прашаат еднаш-два пати.
Здраво. Имам купено карта без да одберам седиште со доплата. Е сега картата треба да ја чекирам ден претходно така ли без да платам или како оди тоа, порано не може? Исто и за назад за враќање бидејќи ми е повратна, ден пред тргнување назад?
Би нашла ли поефтини карти до германија? Дортмунд или околина, за мај месец. За двајца и бебе 2000ден излегува. Лани овој период бевме за 200е
Јас на Skyscanner секогаш разгледувам опции, зависи кога одите и колку дена. Провери опции таму, од повеќе компании дава опции Во моментот наевтино ми дава од 14.05-16.05 , 264 евра ама се малку денови вака.
48 часа пред летот може да ја чекираш по случаен избор седиште т.е без да платиш. Најчесто ти стигнува меил
Женички,да прашам Јас горе во ранчето можам да си носам некоја блуска,фармерки? Само течности не смеам така? За друго нема да прават проблем? И како ве собира бре,два пари фармерки и една блуска и куферот ми е како балон
Можеш. Јас го наполнив ранецот со маички, хеланки, долна облека и чорапи. Течности не е дозволено да носиш. Во куферот ми беше останатиот дел од облеката, плус козметиката. Ти ако сакаш можеш и козметика да носиш, ама треба да ти биде ставена во зип кесички, и максимум да имаш 1 литар. Ранецот ми беше фул до максимум. А за назад и куферот. Едвај го симнав по скали кога излегов од дома
Со Wizz priority не смеам само течности така? Апчиња такви работи дозволуваат? Има нешто друго што не смеам да носам?
Да надополнам, доколку носиш течности во рачниот багаж, секое поединечно пакување не смее да биде поголемо од 100 ml. Течностите треба да бидат сместени во проѕирна кеса или пак може во проѕирен несесер. Има такви специјални несесери за рачен багаж, може да се најдат.
Смееш апчиња. А што не смееш еве https://www.wizzair.com/en-gb/help-...es/baggage/baggage-allowance/restricted-items
Мене во Меминген ми бараа во 2023. И имав многу малку кеш, и ми правеа проблем, ме задржаа на пултот, ќе ми избегаше автобусот за Минхен. Така да, носи си.