А какво искуство сакаш? Во ЕУ само на некои аеродроми има друг тип на скенери, во Франкфурт на терминал 1 има од новите скенери и дозволуваат над 100мл, дури и шише со вода од литар ипол не ми го фрлија, рекоа дозволено е.. Во Израел на Бен Гурион уште пред 5 години ни дозволија флаша вино и флаша вода без проблем да си ги носиме во рачен багаж Во МК нема таква опција, ретко и во ЕУ има..
Дали со себе горе во авионот, освен ранецот на мене. Можам да имам една мала торба пример како овие од Лидл помала торба, внатре со грицки ?
Технички гледано не смееш. Мора таа помала торба да ти ја собере во поголемата ако те натераат.. Дури и кај нас во СК имаат правено проблем, не па по Европа... И да, за 2цм на ранецот една жена пред мене доплаќаше последниот пат кога летав.. Дополнително на багажот што го имаш смееш да внесеш ќеса со работи купени од фришоп и таму спакувани во нивните ќеси .. Тоа е по правило...пракса и правило не се поклопуваат секогаш
Тоа што ќе носам по мене шминки во ранецот пудри и слично, рабоќе што се во милилитри, нека останат во ранецот или треба да ги ставам во пластичната корпа за безбедносна проверка ? Кога поминуваш на ренгенот
Да напоменам само ранец и планирав Така мала торбичка или да земам два ранци е подобро? Зошто две карти се, имам и две годишно дете
Треба да ги ставиш во зип кесички. Мислам дека нема да прават проблем и во една да ги ставиш. Не смееш да носиш повеќе од 1 литар.
Колку карти, толку ранци. Што ќе носиш, е твој избор, што ти е попрактично тоа носи. Ранец, ќеса, торбица... Течности (шминки) некои аеродроми те тераат да ги вадиш, на некои не, а често зависи и колку се во гужва. Кај нас во СК и сум ги вадела и не...зависи од нивно расположение Нека ти бидат најгоре при рака. Исто и со електрониката..таа се вади најчесто
Здраво, Прв пат сакам да резервирам карти, и како да одберам само еден куфер од 20кг, ќе патуваме 2ца возрасни со дете ? Второ прашање патуваме ден пред да полни детево 2 години, да го обележам како бебе или дете ?
Одбери таа понуда травел лајт и на крај можеш да додадеш куфер. Штом е под две години можеш како инфант да одбереш.
Ајде нека ме просветли некој летот што е до Basel-Mulhouse-Freiburg, всушност до кој аеродром е, дали треба да одберам нешто? Сакам да одам во декември, на Christmas market, да ги посетам и Колмар и Стразбург и други места во близина. И каде е најдобро да барам сместување, зашто се е прескапо? Дали сте патувале за таа намена, што ќе ми препорачате? Фала
Од тој си е, само имаш два излези да бираш кај сакаш да излезеш Колмар е изгор скап Фрајбург ти e најефтино ама 2 саати имаш до Колмар со воз Стразбур ти е близу ама и таму е скапо сместувсњето Мулхаус ти е најефтино и близу, 20тина мин
Каде и да одиш, на christmas market секаде е прескапо. Или ќе се помириш со цените, или ќе најдеш друга дестинација за жал :/
Претходните години бев Будимпешта, Виена, Берлин, Букурешт. Дајте предлог за некоја нова дестинација со убав Christmas market.
Келн, Прага, Штутгарт, Нирнберг... И сепак можеш желбата да си ја исполниш за Колмар оти и не е толку скапо ако се сместиш кај што ги реков . Фрајбург најефтино ...ама далеку Мулхаус најефтино и блиску ...