јас се враќав од шпанија ама искрено не верувам за тоа 40 лименки..тоа е премногу....сепак ти можеш да носиш што сакаш работата е дали ќе приметат или не..и мислам дека повеќе е од компанијата со која леташ колку дозволува отколку од државата
Дали има разлика во цената на авиобилетите доколку се резервирани од апликацијата на Визз, а не директно од компјутер? Денес прв пат ја симнав и користев нивната апликација и гледав билети за Барселона. На аплилацијата за одредени дати повратна за двајца ми дава цена нешто повеќе од 2800, а на компјутер ми дава повратни за двајца за истите тие дати нешто повеќе од 4000 денари. Дали јас нешто имам згрешено на апликацијава, можеби не гледам нешто? Или навистина има разлика во цената?
За wizzair ти кажувам и со нив ке одам за Братислава. А за приметување не е толку едноставно бидејќи има скенер и работата е дали свесно ке те пуштат или не. Со автобус јас имам шверцувано алкохол од Турција до Македонија и преку две граници баш среќа е муабетот дали со куче ке влезат да ве проверат или само печати ќе мавне во пасошот и листот за Грција.
секако дека поминува на скенер ама и рачниот поминува па ако никој не се пули во скенерот може и да се помине..јас од Шпанија ко се враќав толку незаинтересирани и цариници и работници на аеродром не сум видела, ни се опулија во рачниот багаж ни во скенерот ни мрднаја ни ништо..јас можев да носам што сакам...сепак не би ризикувала...само 1 литар носи па ако го фрлат нека го фрлат... Сега читав ТАВ дека дозволува до 5 литри алкохол во чекиран багаж ама ако Виз дозволува помалку тоа важи, ама пак за нив неможам да најдам
Дали кабинскиот багаж го мерат до сантиметар да одговара на димензиите или само треба да ти влезе во корпа како на видеово?
И јас тоа се мислев првиот пат, стравував дека мора да биде точно до сaнтиметар. До сега, никој не ми го ни погледнал ранецот дали ми влегува во тој розевиот квадрат, само веднаш на шалтер ми лепеле small. Така да, мислам дека не се замараат многу, мојот ранец е точен по димензии, а сум видела луѓе со многу поголеми на кои им лепат small.
по моето искуство ако е ранец не прават проблеми, дури и да ти го стават во рамката пошто е ранец можеш да го прилагодиш...е сега јас кога се вракав од странство за навака во неколку прилики тие што носеа мали куферчина ги тераа да ги стават во рамката ама и да не влегуваа целосно не им правеа проблем само да не се многу поголеми
^Не, не може ташна голема. Ако земеш голема кабинска торба само неа ја носиш, без ќеси, додатни ташни и сл. Се' во неа треба да биде.
Се извинувам на гњаважа, само уште ова Дали е дозволено да земеш палто со тебе или тоа е само за приоритетни патници?
Утре патувам од Скопје до Меминген , картата не ми е чекирана и незнам дали треба да ја чекирам од дома, лани лето кога одев не ја чекирав туку само со пасош отидов на шалтер. Искуство?
Јас патував во февруари и носев, а лани летото не носев. Нема зошто да не можеш да носиш палто ако пример патуваш за Германија или некаде каде е поладно. Нема смисла. Од дома да ја чекираш е бесплатно, јас секогаш така правам. Од дома ја чекирам и за враќање. Пишува дека се наплаќа ако ја чекираш на аеродром, па не сум ризикувала, туку си ја чекирам пред да одам.
Izvini malce za glupavovo prasanje sto sledi, no sepak ke prasham: poradi toa sto ke patuvam vo par, planot e da nosime samo racen besplaten bagaz potocno ranec. Bidejki stanuva zbor za samo 3 nokjevanja, planot ni e edniot ranec da go napolnime so hrana, normalno so suva i fabricki spakuvana (ne ajvari i takvi cuda). Pa prasanjeto mi e, dali smeam da napolnam cel ranec so hrana ili dozvoleni se samo nekoj razumni kolicini kolku sto moze da se izedat za vreme na letot. Znaci ne planiram da jadam vo avion, se ova mi e za otkako ke sletame, bidejki stanuva zbor za eden od top 5 najskapi gradovi vo evropa. Prasuvam poradi strav da ne mi ja konfiskuvaat i frlat cela hrana na aerodromot nash i da odam so prazen ranec, namesto da go iskoristam za drugi raboti. Fala
Мислам дека не смее, посебно ако одите во ЕУ земја, носење на храна преку граница во поголеми количини е престап, и мислам дека нема да ви дозволат ништо да носите, освен како што кажа, разумни количини колку што може двајца да изедат за време на летот. Друго е да имаш багаж, мислам дека може да поминеш, ама вака во ранец не.
Мислам дека е така како што вели членот над мене. Во чекираниот багаж кој оди долу, можеш да ставиш таква храна, но не верувам дека ќе смееш горе во авионот со тебе. Во рачниот багаж само храна која би можел да ја јадеш за време на летот, кроасан, грицки, сендвич,... А може да прашам каде ќе патуваш?
Fala vi za informaciite. Najdov deka atlantis agencijata raboti so wizzair letovi (imaat kontakt od licnost sto se bavi samo so letovi) , pa poradi toa sto samiot wizzair gi naplakja javuvanjata, ke gi iskontaktiram vo ponedelnik i ke pisam sto mi kazale vo vrska so ova. Inaku patuvam do Kopenhagen, i bidejki mi e prv let imam milion prasanja xD