Можеш и торба да носиш. Јас така патував. Цигари само една штека. Зип кесички има во ДМ. Доволно ти е една кесичка. Сенки и обичен кармин можеш и во ташната да носиш. Исто и камена пудра, руменило, бронзер. Во рачниот багаж можеш да носиш мастики, лижавчиња, бонбони, чоколади. Грицки не е дозволено. На аеродром да бидеш 2 часа пред летот. На пасошка контрола во ЕУ ќе ве проверуваат ако сте со МК пасоши.
За децата можеш да носисш грицки и течности, во нивниот рачен багаж. И чим сте регистрирани не верувам дека шак ќе ви бараат.
За децата можеш да носисш грицки и течности, во нивниот рачен багаж. И чим сте регистрирани не верувам дека пак ќе ви бараат.
Во врска со ЕЕС системот, братучетка ми е регистрирана во ситемот и сега за во Грција пак била на скенерот , само пократка е процедурата.
Купив карта од wizz најефтината опција само со ранче. Дали можам да си носам и ташна преку рамо со телефон, новчаник и сл? Или ќе ми бараат и тоа да влезе во ранецот?
мене никогаш не ми правеле проблем за посебна ташна за документи. во најамала рака ќе ти кажат да ја ставиш ташната во ранче.
Здраво Ако има некој поупатен да ме просветли Дали за Велигденскиве празници Визз ќе пуштат екстра попуст некој или овој што го тераат вака чат пат тоа е тоа? Дали за малолетни деца си букирате места за децата до вас или системот автоматски го регистрира како малолетно и го седнува седиште до родител? ( може е смешно, ама некаде ко да го слушнав ова) И дали знаете на вработени во визз дали им следи попуст и колку?
Дали знаете каде можам да најдам мали куферчиња колку димензиите на carry on багажот, а да не се прескапи? Исто и веб страна може да ми испратите.
Не, ќе ти го фрлат ако носиш. Или треба да најдеш помало пакување, или стик наместо дезодоранс во спреј, или да си купиш после безбедносната проверка.
Доколку изгледа дека ранецот е преполн дали го проверуваат? Во четврток летаме сите заедно и сега ранецот на бебето изгледа дека е премногу полн па ми е страв да не го отвараат. Не за друго туку дека имам ставено се во вакум вреќи и ќе губам време а и плус 6 години дете имам и 7 месечно бебе, па ми е страв од малтретирање. И дали сте доеле во авион? И дали би имала проблем доколку плаче цел лет? Искрено син ми е голем плачко и многу ми е страв. И дали можам вигантол капки, памперс, влажни кашички плус во мало ранче да си носам или мора да ставам се во ранецот? Ние сме само со ранци без куфери.
Се е океј според мене освен плачењето, стварно пречи. Најди нешто играчки или на таблет/телефон занимавање да го оттргне вниманието.
Ма све правам ама џабе е верувајте. Ќерка ми се залажуваше со цицање, но син ми ако не е гладен не отвара уста. Планирам и играчки да носам и се но стварно не знам. Не е до мене. Такво си е.
Не се секирај. Ќе си го доиш и многу спијат во авионот од бел звук. Најверојатно ќе ти преспие цел лет. За вакви коментари ко горе ич да не ти дреме. Секој пат има бебе што плаче и големо чудо. Да плаче само едно арно ќе е. Опуштена ти и оно ќе се опушти. Земи само толку ранци колку што ве има на број. Ако сте четворица, само 4 парчиња багаж, за повеќе може да ви направат проблем.
А на кои шалтери одите? Јас и ќерка ми сме со ЕУ пасош, а син ми и маж ми со МКД и плус дозвола за престој.
Јас за во Германија со МКД пасош и дозвола за престој, одам на шалтер за ЕУ пасоши, не ми направиле проблем.