Исто се приклучувам на желбата. Малку е што бебе нешто го мачи и вознемирува, мајка се препотува да го смири и уште 199 нешта има во глава што мора да ги држи под контрола, па и за специјални снегулки што не можат да стават слушалки во уши и да се заврта треба да се замара. Па за бебе од 7м таблет и телефон да му дале. Ко тие два часа на спа да се, а не со уште 200 други да се гужваат. Како да биде.
Моментално го мачат жлебините и понекогаш мешето. И сега стварно ми е страв дека ќе плаче бидејќи во кола ми плаче. Имам и такво за бели ѕвуци апаратче и играчки, тропки уште што не ама такво си е детето значи плачко. Големата на пример има цртани пуштено на телевизор гледа, ама малото не го интересира тоа. И плус не знам бидејќи од еден телефон ќе ги чекирам дали треба на сите посебно да ги скенирам или не?
Кај нас ќерка ми во 90% од летовите спие. И тоа заспива на полетување, се буди пред слетување и плеска со раце мислејќи дека нејзе и ракоплескаат оти била мирна . На бебе не поддржувам да се дава екран во никој случај. Во кола не го држиш ти, седи во седиште. Во авион е во тебе, може нема да плаче. Седум месеци, не ми ни текнува со што си играше малата тогаш, веројатно со ништо. Во раце штафета и ќе гледа по луѓе.
А имаш и ранци со потврдени димензии баш за WizzAir испод седиште. https://www.temu.com/mk/ранец-за-ла...&refer_page_id=10009_1776226414204_c3et11b7qk
А зошто да ги вадиш? Го ставаш под седиштето пред тебе со тркалата излезени пред тебе во нозе. А некад дозволуваст и горе да го стаиш у преградите. Иначе ранецот има многу прегради дури и една посебна за чевли.
Како се одвива регистрацијата од ЕЕС на европските аеродроми? Дали има многу чекање? Освен скенирање на пасшошот, слика и отпечатоци, што друго е потребно?
Само тоа. На некои после пак одис на пасошка, скрнираат и толку. Може и оние стандардни прашања да те прашаат: дали имаш смештај, дали си преку агенција, колку пари имаш со себе. Гужвата е во зависност од тоа колку ќе слетатњ во исто време шо се ван еу државјани.
Едно прашање Имаме резервирано лет со Визз од пред некој месец за 2 недели од сега. Исто за тој термин резервирано и платено сместување за кое нема рефундација. Пред некој ден од визз ми го поместија летот за ден подоцна. Имам право да барам оштета, рефундација или како и да е за таа една вечер што ја плаќам а не ја користам заради смената на терминот на летот?
Визер би требало да ти даде опции со оглед на тоа што летот го поместуваст за друг ден, значи или да си резервирате нов лет или да ви рефундираат. Мене така ми се случи со Италија скоро, иако летот беше во истиот ден, ама со повеќечасовна разлика. Значи директно си влегуваш во профилот и ги гледаш опциите. Рефундација за смештај мислам не, тие ти даваат опција само за летот.
Опцијата е прифаќаш или не Ако не прифатиш, пари за авио билети вајда ќе вратат а сместувањето секако ќе пропадне ако е така. Многу глупаво, месеци однапред резервирано, комбинираш денови на работа и на крај ти го менуваат терминот
Не знам дали може рефундација ама обавезно извести ги во сместувањето дека нема да го користите првиот ден, за во случај да не ја откажат тие резервацијата со причина непојавени навремено. Најдобро директно со нив да прашаш дали би имале некаков попуст или бар парите од тој ден што пропаѓаат да се искористат на друг начин. Во оброк, клима или не знам што нуди и на што би можеле да се пренаменат евентуално на добра волја на газдите.
Фала ти многу Со сместувањето средив да го користиме последниот ден цел, летот сега за сега е доцна вечер а јас сум со мало дете па ми одговара, ама мислев со визз да не следува нешто