Не знам зошто со таков став, кога убав совет дадов. Ако немаш шишенца под 100мл или немаш купено од ДМ со соодветна милилитража, тогаш можеш од првиот маркет во Шпанија, Италија, Германија, Франција, кај и да одиш на одмор, да си ги купиш по истата цена, дури и поевтини. Ова повеќе беше за луѓе што мислат дека ќе им пројде шампон од 200мл, парфем од 150мл и слично. Или паста за заби да мкнам од Македонија, освен ако е некоја ептен спефицична, нема поента.
Шо знам, не идевме по маркети у Италија. Дури и водата од чешма ја пиев. Нишо не земав, си носев све, не ми требаше. Таму забораив на маркет дека постои, само шетање и седнување у локали. Има мини пасти у дм, баш се практични. Може 2-3 да се земат ако сметаат дека е недоволна количината, бар не зафаќаат место.
Не мора да одиш, но сакам да кажам за некој што не може да се снајде во моментот, или заборавил. Не е ништо страшно да си купиш нешто, иако си го имал дома.
Дечки, а дали би ми правеле проблем ако носам лекови за смирување во рачен багаж или во ташничката? Јас мислам не би требало, ама сепак да си прашам.
За лекови не прават проблеми, ако не се во огромни количини. Јас пијам хормонална терапија и си ја носев во мене во количини да ми се покриени деновите од летовите. Никој не ми направи проблем од авио компаниите со кои летав и на проверка. За конкретниве не знам и за Виз најконкретно, ама би требало да е исто како со др.