1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Wizzair

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Goldeneye, 11 јануари 2013.

  1. dead.flower23

    dead.flower23 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2019
    Пораки:
    572
    Допаѓања:
    2.208
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки прашање крајов на месецов планирам патување со маж ми и 2 годишно дете дали сега кога ќе ги купан картите да платам плус за седиме сите заедно или автоматски ќе не следнат заедно ради детето ? Значи дали да доплатам плус околу 50 евра за да одберам седиште плус или автоматски дека имаме исто презиме и дете мало ќе сме заедно
     
  2. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.819
    Допаѓања:
    9.832
    Пол:
    Женски
    Истото презиме нема врска. Во принцип еден родител би ставиле со детето. Било кој.
    Ова ако нема некоја измена. Последните месеци немам резервирано.
     
    На Alex.T и dead.flower23 им се допаѓа ова.
  3. krofnicka27

    krofnicka27 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2016
    Пораки:
    864
    Допаѓања:
    12.757
    Пол:
    Женски
    Да, детето секако ќе биде со еден од родителите, ама за да седите заедно и со сопругот ќе мора да си резервирате и платите седишта едно до друго.
    Ова е како што знам јас
     
    На dead.flower23 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Jana Sandevska

    Jana Sandevska Активен член

    Се зачлени на:
    10 март 2026
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    105
    Пол:
    Женски

    Не треба да доплаќате 50 евра за карта, слободно купете ги така. Тебе и детето сигурно ќе ве стават заедно затоа што е мало, а за маж ти немај гајле, ќе се снајдете во авион.
    Штом ќе полета авионот, ако има некое слободно место до вас маж ти може веднаш да се премести. Дури и да е полн авионот, секогаш можете да го прашате тој што седи до вас да се замени со маж ти, луѓето секогаш имаат разбирање за семејства со мали деца и се преместуваат без проблем. Плус, ако е празен авионот можете сами да си се преместите не е проблем.
    Порано авиокомпаниите ги спојуваа сите тројца одеднаш, а сега намерно го разделуваат мажот само за да ви земат пари. Не фрлајте пари без врска, сигурно ќе се снајдете таму.
     
    На dead.flower23 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.747
    Допаѓања:
    6.574
    Морав да искоментирам зошто ова многу ми смета. Зошто луѓето да имаат разбирање за некој што не сака да плати? Пред еден месец патуваме со мм и зошто тој е висок секогаш купуваме седишта кои имаат повеќе простор и јас обично седам во средина а тој на крај зошто е покомотно. Ни се погоди жена која имала анксиозност и неможела да седи до прозорот па правеше сцена како ние сме требале да и дозволиме да седи на крајот. Еве објасни ми зошто јас која веќе платила за да седи до сопругот треба да има разбирање за неа? Сосема друга ситуација ама ако сакаш да седиш некаде или до некој па плати си бе брат. Драмите за место а не сакате да плаќате. Или плаќајте или прифатете што ви е дадено.
    И да, јас би си платила затоа што детето е две години и може да му треба дополнителна занимација. Па маж ми би ми бил од корист доколку е до мене.
     
    На christinnn, ocicka2014, Lollipop_123 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Jana Sandevska

    Jana Sandevska Активен член

    Се зачлени на:
    10 март 2026
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    105
    Пол:
    Женски

    Мешаш сосема различни работи. Јас зборувам за најобично, културно прашување за замена на стандардни седишта со иста вредност, или преместување на слободно место ако авионот е празен. Никој не рече дека мажот треба да седне на нечие скапо платено место со дополнителен простор за нозе или да прави сцени. Најобично прашување „дали сакате да се замениме“ не е драма, а тој што платил или едноставно не сака да се премести, секогаш има право да каже „не“ и готово, тука завршува сè. А за тоа дали мажот ќе ѝ помага околу детето тоа е веќе избор на мајката што праша дали да плати или не, јас само ѝ кажав какви се опциите во авион.
     
    На Alex.T и dead.flower23 им се допаѓа ова.
  7. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.747
    Допаѓања:
    6.574
    Не мешам работи, ако некој прашува дали ќе ги стават заедно, значи му е важно да седат заедно. Во Визар не ни пишува кој платил а кој не платил. Така да неможеш да знаеш дали некој платил или не. Ти и кажуваш да игра на картата солидарност, разбирање, сожалување... Јас кажувам дека луѓето го искористуваат ова само и само за да заштедат 50еур. Кои сигурно ги има кога веќе тргнала на патување.
     
    На krofnicka27 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Jana Sandevska

    Jana Sandevska Активен член

    Се зачлени на:
    10 март 2026
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    105
    Пол:
    Женски

    Токму затоа што на Wizz Air не пишува кој платил, а кој добил седиште со автоматско распределување, затоа се прашува културно. Ако патникот платил и си го сака тоа место, едноставно ќе каже „не, извинете, си го платив местото“ и готово, никој со сила нема да го крене. Патувањето со двегодишно дете не е барање „сожалување“, туку реална ситуација каде што луѓето честопати самите со задоволство се преместуваат за да не седат до мало дете кое можеби ќе плаче или ќе немирствува цел лет. На крајот на краиштата, секој има право да си ги троши парите како што сака, некој сака да даде 50 евра за седиште, а некој тие 50 евра ќе ги потроши за играчки или ручек на самото патување. Нема потреба од глумење елита за 50 евра
     
  9. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.747
    Допаѓања:
    6.574
    Не, реалната ситуација е дека за глупави 50еур мајката ризикува 1) никој да не и отстапи место и 2) да и седи детето до некој манијак без надзор. Наместо да си го зачува мирот одбира тие 50еур да ги потроши на нешто друго освен за својата безбедност. Случајот не е глумење на елита, туку види ме како се снајдов.
     
    На ocicka2014, BraBru, krofnicka27 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Witchy-style

    Witchy-style Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    919
    Допаѓања:
    6.110
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека никој не е должен да се премести од кај што е сместен, а со самото прашање вие уствари му правите непријатно на некого да ви каже дека не сака да се премести, и да ризикува да биде осудуван од сите околу него и да биде објавуван по портали. Ако ви е толку битно да седите до некого или на специфично седиште, платете си. Мене некој да ми дојде така , не би се преместила, ниту пак би барала некој да се премести заради мене.
     
    На kolovoz, Amellie13, sanja.burgundy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Witchy-style

    Witchy-style Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    919
    Допаѓања:
    6.110
    Пол:
    Женски
    Балканска работа е да не доаѓаш на време, да не резервираш на време, да не доплаќаш и да не чекаш ред, туку да се снајдеш, некој да ти се сожали или да се пикнеш меѓу ред. Се да се земе, никаков обзир да се нема. Менталитети на жртви насекаде, тоа е.
     
    На Amellie, MarigoldA, Medea. и 5 други им се допаѓа ова.
  12. krofnicka27

    krofnicka27 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2016
    Пораки:
    864
    Допаѓања:
    12.757
    Пол:
    Женски
    Е баш од тие причини летови од Скопје и за Скопје никогаш не се навреме. Секогаш некоја мора да се натега, Балканска работа... Баш на последниот лет ми се погоди ситуацијава, пред мене мајка со детенце а таткото некаде скроз позади. Детето почна да плаче, не можело да седи без таткото и морало двајцата да се со него. Дури и се расправаа со патници кои, нормално, не сакаа да се преместат. Очигледно 1000 и нешто денари им се побитни од детето или мислеа дека некој друг ќе се жртвува за нив.
    Никој не е должен да ви се сожалува ако детето плаче, затоа не слушајте вакви совети и не се доведувајте во непријатни ситуации за 30 евра.
     
    На awkey, kolovoz, christinnn и 3 други им се допаѓа ова.
  13. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    1.083
    Јас се имам преместено еднаш, и еднаш одбив да се преместам. Овие циркузи се дешаваат само на летови од Македонија, Србија, Бугарија и Косово, па веројатно и Албанија. Кај нас е излезено од контрола, никој не седи на свое место, односно малцинствата како албанците и ромите си прават што сакаат.

    Ем се гастарбејтери по светов со поголема плата од мојата, ем јас што сум платил треба да станувам - како па да не. Ни дете ни ништо не ме интересира, еден куп летови сум имал помеѓу две дестинации во западна/северна Европа, па ниту едно дете не цмиздрело, плачело и да има тантруми толку јако како нашиве овдека. Разбирам некое дете да има тегоби, па да го боли ушето, мешето, и да заплаче, ама нашиве тука деца рикаат како пред колење, и тоа им е дозволено само и само од родителите. Не гледам како Томас од 1.5 година, треба да се треска од земја како Шпетим од 1.5 година.
     
    На awkey, kolovoz, christinnn и 4 други им се допаѓа ова.
  14. dead.flower23

    dead.flower23 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2019
    Пораки:
    572
    Допаѓања:
    2.208
    Пол:
    Женски
    Не барам никој да се премести само прашав дали дека сме со дете би не ставиле заедно или ќе не двојат. Искрено прв пат ми е во авион малце сум изгубена колку треба порано да пристигна и какви се процедурите...:sweat::sweat: одиме за Барселона
     
    На Alex.T, krofnicka27 и Witchy-style им се допаѓа ова.
  15. Witchy-style

    Witchy-style Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    919
    Допаѓања:
    6.110
    Пол:
    Женски
    За прв лет најдобро да си платите за да бидете заедно, ем на вас ќе ви биде помирно, ем не знаете детето како ќе реагира првпат во авион
     
    На kolovoz му/ѝ се допаѓа ова.
  16. krofnicka27

    krofnicka27 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2016
    Пораки:
    864
    Допаѓања:
    12.757
    Пол:
    Женски
    Претходните мислења во никој случај не беа против тебе, претпоставив дека првпат ќе летате со дете или воопшто и затоа ме изнервира советот што ти го даде членката бидејќи не е од помош туку може само полошо да ти направи ако одлучиш да ја послушаш..
    Не е ништо страшно, 2 саати пред лет е доволно да сте таму.. Се надевам се ќе помине добро, убав помин :sun:
     
    На Amellie и dead.flower23 им се допаѓа ова.
  17. Nela678

    Nela678 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2022
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    187
    Пол:
    Женски
    Wizzair е автобус што лета.
    Едино што сеуште летам со нив е дека се најевтини, инаку се друго е катастрофа. Не ги обвинувам ни вработените до душа, којзнае какви плати земаат и тие. Каснат летови, губат багажи, треба да се правдаш што носиш мала ташна со тебе на рамо за да го ставиш телефонот и пасошот. Никаде ми немат правено проблем за ташна освен кај овие. Еднаш ме тераа да плаќам за нормална ташна плус пари, демек многу место зафаќало. Не знам дали земаат некој процент од тоа или така им е кажано. :?:
    Инаку overall scam company! (n)
     
    На Witchy-style му/ѝ се допаѓа ова.
  18. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    1.083
    Генерално цените се ниски, па и оттаму скриените дополнителни трошоци. Ретки се случаите кога ВизЕр има поскапи билети од ЕрСрбија, Аустриан или Туркиш. Губењето багажи е до аеродромот, не до авиокомпанијата.

    Не ги бранам, само кажувам како реално стои ситуацијата. За 30/50 евра се лета, не знам дали треба да очекувате премиум услуга.
     
    На Alex.T му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.683
    Допаѓања:
    265.491
    Пол:
    Женски
    Од 2-14год се деца според визз ер и седиштата автоматски се до родителот, едниот. За тоа не се доплаќа. Другиот сигурно ќе седи на друго место ако не го избере и со тоа плати седиштето.
     
    На Alex.T му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.367
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    Како некој кој често лета, многу пати сум била со нив и до сега немам некое негативно искуство кое би го издвоила. За малечка ташна преку рамо никогаш не ми направиле проблем до сега. За каснење имало некаде по половина час па и час макс. ама тоа и не е страшно, се случувало и со други авиокомпании. Еднаш само ми се случи да доцни 3 часа ама бев некаде на шетање и навремено стигна порака па баш супер ми дојде плус време за уживање :) Реално, визер се супер ако шеташ а не си обврзан со датуми оти реално навистина ефтини летови се наоѓаат.
     
    На Alex.T, krofnicka27 и Bozica1980 им се допаѓа ова.