Ме интересира до колку кг треба да е големиот кабински багаж? И што е дозволено да се носи? Дали смее да се носи храна? Тоа што пишува за течности до 100 мл, дали се однесува пр.само баш за течни супстанции?дали ако носам пудра кармин и сл. работи, дали и тие се вбројуваат во тие 100мл или не? Ако може малку повеќе информации зошто првпат ќе патувам со авион и не ми се јасни баш работите..
Храна никако,мислам дека не смее повеке од 100 мл да се носи, во тоа спаѓа се, без разлика дали е крема, пудра, паста или парфем.На враќање купивме една маст, беше малку повеке од тоа што е назначено и ни ја земаа. Исто така метални работи не смее ножеви, алатки, се зимаат.Багажот треба да биде најмногу 32 килограми мислам и ако кабинската торба има димензија 42х32х25 см или е помала може да се внесе во авионот бесплатно, а ако кабинскиот багаж е поголем од димензиите на мала кабинска торба, но не надминува 56x45x25 см, може да се внесе во авионот по плаќање на соодветна такса. Мора да го собира во горните прегради. Треба да можете да го ставите во горните прегради без помош од друго лице. Течноста е во сад со максимален волумен од 100 ml Сите садови со течност што го исполнуваат максималниот волумен од 100 ml можат удобно да се сместат во провидна пластична кеса од 1 литар, што може повторно да се затвори, со димензии 20cmx20cm. Пластичната кеса треба да се прикаже одделно кај безбедносната контрол
Мене ме интересира дали е дозволено во рачен багаж да носам преса за коса?И дали негде низ скопјево продаваат торби со димензиите за рачниот багаж?
Ne se zamaraj do tolku so torbite pa specijalna da baras gledaj da ne e pogolema od tie dimenzi jas patuvam so malce pogolema i ne mi pravat problem osven kaj nas makedoncive ama se karam odma ako e kufer nemozis da go podstegnis a torbica mozis ima na aerodromi sega napraveno specijalno za dimenzite na torbite i mal racen bagas kako canta so e mozis da nosis a pegla ne vredi da nosis ko od tamu ke si kupis poubava
Кoи пoдaaтoци се пoтребни зa електрoнскo резервирaње пoврaтен билет? И дaли е пoтребнa фoтoгрaфијa oд пaсoшoт???
При резервaцијa нa кaртa Дaли требa мaтичен бр или бр нa пaсoш фoтoгрaфијa дaли требa кoгa ќе резервирaм електрoнскa кaртa
Здраво јас имам резервирано 2 карти за Барселона од Скопје за поаѓање 7ми а враќање 14ти Октомври. Ми излегоја проблеми на факултет и неможам да одам на патувањето па затоа ако има некој заинтересиран за картите нека пиши лп. Фала однапред
Добро што е со Визер по ѓаволите?! Веќе саат се обидувам да резервирам карти, стигам до пред плаќање и ми го дава ова. Се нервирам. ГРЕШКА [1420astExpirationDate] Настана грешка. Обидете се повторно. Доколку грешката се повтори, контактирајте со авиокомпанијата. [1420astExpirationDate] Настана грешка. Обидете се повторно. Доколку грешката се повтори, контактирајте со авиокомпанијата.
Луѓе колку е отприлика повратна карта со Wizzair до некој град во Италија? Чисто информативно ме интересира.
Зависи каде и кој датум. Буквално невозможно е да се каже отприлика цена без тие информации. Можам само да кажам дека до Венеција е најефтино, можеш да начекаш и повратна за 1500 ден.
Ова не се автобуски карти па да ги препродаваш. Ако не патуваш ти пропаѓаат и картите и парите - end of story.
Мислам дека грешиш. Има опција за промена на името и документот на патникот, но со одреден надомесот од 500 денари.