Има да ама со надомест како за нова карта. Name Change Fee* VIA WIZZAIR.COM Per flight per passenger €45.00
imav drugarka koga idese vo skopje letase so wizzair mn bilo poeftino no sega gi pokachile cenite nesto i si doplakash za bagazhot i hranata i nemalo bas mesta na sedishtata ubavo da sednesh
На почетната страна на Wizzair пишува од Скопје до Милано за 899 денари а кога ќе одам во пребари и пишам некоја рандом дата колку да проверам цените се движат од илјада и нешто до пет илјади.Како да ја најдам баш таа понуда од 899 денари?
Точно така и спремен сум јас да ја платам птомената на името т.е на патникот.Ако има некој заинтересиран ЛП
Здраво, При превземањето на картите (pdf) забележав дека во горниот лев агол каде што стои името и презимето веднаш под него стои нели и бројот на пасош и кога истекува истиот, меѓутоа на PDF file за чекираната карта што ми е за назад овие податоци не се појавуваат ( само стои име и презиме).Дали имал некој ваков случај и дали истиот би претставувал проблем? Благодарам.
Здраво, ќе може ли да ми кажете дали смеам да носам апчиња за патување до Братислава со Визер? Исто така ми кажаа дека козметика не смеело да се носи па и за тоа некој ако знае да ме информира?
Летам со Визз за Германија и не би ти препорачала али сепак најефтини ми се. Кај се видело за неполни 600 денари да отидеш у Германија. Али како и да е, ми зедоа ножички за веѓи и тоа оние шо се виткаат, ми зедоа тегла со мармалад шо ми беше последната за татко ми ја чував, ми зедоа последниов пат градник од торбата зашо имал специфична жица у него шо не била дозволена ( постојат и дозволени жици ?! ) Нон стоп викаат тоалетот е забранет додека не поминат турбуленциите, а турбуленциите им траат уште од самото полетување до самото слетување ( шо значи тоалетот е НЕ ФУНКЦИОНАЛЕН ).. А за резервација на картите, може да се праша во некое фото студио или овие сервиси за компјутери, зашо ја уште од првиот пат кога летав неколку пати ми резервираа карти фото студија а сеа за у ноември шо ми е картата ми ја резервираа во тоа сервисот за компјутери. Така да, ако одлучиш да леташ во Визз, прво обезбеди си каде ке мочкаш а потоа се друго . Со среќа !
Дали може да се носи преса за коса во ранец? Пудрата за лице треба да ја спакувам во прозирно пластично шишенце затворено во пластична кеса, а што со другите шминки-сенки, бронзери итн. како треба тие да бидат запакувани?
Може помош малку? Купив вчера карти за еден месец од сега.Вчера ги чекирав во еден правец,не ми даваше повратните да ги чекирам(ми пишуваше во рок од еден ден). Денес пробувам да се пријавам од веб,постои опција за да се пријавам,а не ми дозволува,ми пишува погрешна националност!!!! Истите податоци се,не ми е јасно зошто не можам. Сте имале слично искуство?
Имам едно прашање доколку некој би можел да помогне би ви била благодарна. Патувам прв пат со авион на wizz air и при check in ги запишав податоците од бугарскиот пасош, но потоа разбрав дека при излез од МКД бараат да користиш македонки пасош. Моето прашање е дали кој патувал со бг пасош и како се одвивала процедурата, инаку патувам во 1 правец. Однапред ви сум благодарна на одговорите. Се плашам да не ми направат некакви проблеми, не знам дали да менувам податоци на check in, не знам што да правам.
@Elissa Точно, но кога мозокот почнува со лоши сценарија оди запри го . Веројатно ми требаше малку reassurance, некој да што поминал низ тоа да ми речи дека е во ред. Ти благодарам за тоа.
Девојки, имам летано до сега два-три пати со Визер и се имам чекирано онлајн. Последниов пат, за лет во петок задутре, онлајн чекин опција ми даде само за враќање и ја одбрав таа опција, а за одење натаму ми даде само чекин на аеродром. Е сега за враќање си ги испринтав картите и се тоа, ама за идење што да правам? Значи буквално никаков документ немам дека картите ми се купени, едино маилот што ми стигна.
Податоците ти се во систем. Со мејлот и со пасошот на шалтер ќе добиеш карта. За секој случај обиди се повторно. Ист случај беше и кај нас за лет во петок. Првен не ја принташе, ама пред некој ден беше возможно да се изврши онлајн чек ин. Предходниот пат, исто само со рачен багаж, не дозволи онлајн чек ин, на шалтер ја добивме картата.