Девојќи јас утре патувам нели на гости за Минхен, со рачен сум, нема да носам шампони и такви ствари течни оти кај другарки ќе одам ќе се гребам, ама пудра и парфем сакам да си носам, парфемот ми е 30мл и пудрата исто толку, пудрата скоро е при крај и да ја фрлат нема да ми е мака, ама парфемот ми е нов, скап и ако ми го фрлат ќе умрам од мака. Дали некој имал вакво искуство?
Здраво за еден месец патувам за малме прв пат со авион и сум само со кабинска торба од 10 кг со картата што е...ама како што гледам за големината на ранецот некако многу мал или не ја мерат колкав е ранецот и не сум за многу за 10 дена ама сепак основните работи...е сега се мислам дали да купам голема кабинска торба..Дали ако купам голема кабинска торба смеам и чанта да носам или само една?и дали смеам да ја вакумирам облеката за повеќе да му собере?
Не би требало. Јас така кога пренесувам скап парфем го ставам во оние ќесенцата што се со патент па истото би ти го препорачала и тебе. А за пудрата нема да направат никаков проблем.
Ако ти е за малце докупи само приорити бординг за 300денари и можеш да земеш плус ташна голема, имаши за тоа димензии на сајтот разгледај можеби ке ти е доволно.А за вакумирање сум вакумирала до сега за во чекоран багаж и не е проблем, а за во ранец незнам дали може.
Имам резервирано карта за Венеција но Basic пакет каде што во цената имам дозволно само мала кабинска тторба, па сакам да прашам дали освен кабинската торба можам да носам и чанта на рамо за лични предмети како пари, пасош...?
Мене ни од СК не ме пуштија со поголем паричник а не па со ташна плус да бев И чипсот ме натераа да го спакувам во ташна, оној pringles.. Едвај собра се
по правило не..само ако имаш Priority boarding pass мислам можеш да носиш плус...и да како што кажаа феминките овде кај нас можеби ќе поминеш ама од таму потешко..кога патував за Шпанија пред некоја година од овде нашиве македончина со по 2 торби и 3 кесина ги пуштаа хаха ама таму нема..на дечко ми го натераа ташничето со пасош што го носеше околу врат да го стави во рачниот багаж
Јас па баш имам искусено дека кај нас повеќе замараат со тие плус ташнички, отколку каде што сум патувала. @despin4e05 ако имаш место да ја бутнеш ташната во ранецот бар дур да се качиш, земи ја, поинаку нема да ти дозволат да ја носиш со себе.
Kaj нас не пуштаа со плус ташна, јас си спакував мала и пред да се качам по скалите ја ставив во торба, после си ја извадив, ако имаш место попаметно е така, за назад не ме замараа за тоа, ми дозволија. Инаку се што имав од по 100мл спакувано во ќесе ми помина, никаде не ми правеа проблем, па дури и да не е во кеса туку во несесер нема да прават. Секаде одма поминавме на пасошка контрола без проблем. За до недела време ако патуваш и ако си кај женски на гости мала рачна торба ти е сосем доволно, има место за се во неа па и малку да ја набуташ не е проблем. Козметика не е зор зошто можеш да позајмиш, а и од секој хотел има за основна хигиена.
Зависи од земја до земја. Пари обично бараат да прикажеш кога ќе те пречекаат на пасошка контрола каде што ќе слеташ. Еве последно најтазе ми е за Хановер ... На скоро сите пред нас им бараа пари да покажат во кеш, по човек .. Нас конкретно не ни побараа, ги дадов пасошите, мојот најгоре. Имам работна виза за Германија (може имаше некакво влијание и тоа, не знам).. Ме праша колку време ќе седиме, кажав 10дена.. Ме праша дали имам повратна карта, реков да.. Стави печати и ни посака пријатен престој. На моите претходиот месец им побарале, овие покажале.. Во Франкфурт лани ми бараа за недела да покажам околу 350 евра...
Пишете нa oвoј меил Ќе нaстaпите мaлку кaкo сте разочарани oд нивниoт oднoс, кaкo мнoгу сте и верувaле нa компанијата, кaкo пo нивнa винa сте прoпуштиле битнa средбa, финансиски сте oштетени сo дoпoлнителни трoшoци....(кaкo дa е крај нa свет) Мене зa неделa денa ми врaтијa пaри, кaкo кредит нa прoфил зa некoгaш дa ги искoристaм...без временскo oгрaничувaње. Кoмуникaцијa нa српски. Некoјa девoјкa Аделинa мa кoнтaктирaше.
Имај околу 200 е со тебе. Ако ти побараат уште или слично кажи остатокот дека ти се на картичка. Податоци обавезно за личноста каде што ќе престојуваш во смисол име и презиме и по можност повратната карта имај си ја испринтано.
Да прашак дали можи цигари да се носат и колку во кабинската торба....?и дали можам влошки да носам во торбата хахахаха.....не ми се смејте на прашањево можи е глупаво ама ете да си прашам!
мене не ми побараа ме прашаа каде одам и колку ке останам тука со Скопје ме прашаа дали имам пари реков да на картица ми се и поминав
Со дечко ми резервиравме лет за Париз,но при чекирање онлајн сум направила грешка при пополнување на податоците за пасошот поточно згрешен ми е бројот на пасошот.Погрешно е испечатен и на превземената онлајн карта.Доколку некој имма слично искуство дали би ме вратиле да не можам да патувам?Многу би ми значело ваше мислење