Фала многу , се изнасмеав ама ми го направи денот да знаеш. Хаха бев малку засекирана да менувам комбинација.
Ве замолувам за инфо., утре летам. Имам мал рачен багаж, во мала кеса за пакување спакував неколку шишенца кои ми се потребни како шампонче, мала паста, мало сапунче, дезодорансче. Е сега ме интересира дали шминките можам да си ги носам во посебен несесер или мора во истата таа кеса?
Фала многу, имам спремено минијатурен дезодоранс и лак за коса, таман да ги оставам да не факјаат за џабе место
Феминки, ако сакам да отидам на неколку дена до Малта, слушнав мора да дадеш адреса каде ќе престојуваш или да носиш со тебе над 2000е. Има врска тоа?
Никаде не пишува такво нешто. Обично бараат на секој аеродром да покажеш пари, за недела дена 500 евра ќе ти завршат работа А како ќе одиш без резервација за сместување? Ако резервираш ќе ја приложиш испринтана резервацијата и готово.. Патем, дури и со резервација пари треба да покажеш..
Мене последниот пат пари не ми бараа, ама ми се напна тој на аеродромот (најверојатно затоа што гланц нов ми беше пасошот), кога се враќаш, покажи ми ја картата повратна, што друго можеп да ми покажеш, па имаш ли уште нешто, уште нешто... А јас се испечатила, па почнав да вадам, повратна карта за авионот, карти за воз Барселона-Зарагоза, карта за учество на конференцијата... А тој се смешка само и "Quero ver"... Ај мрш таму "Quero ver". Инаку и лани на одмор кога бев, во Хрватска, на граница сите еден по еден од автобусот и ги смараа сите, кај ќе одиш, кај ќе бидеш сместен, колку ќе останеш, колку пари носиш, ааа не, на картица не се важи, само кеш... Мене пак ништо не ме смараа, ама можеби затоа што одев на малку поскапа дестинација, па само ми посака пријатен престој... Затоа е убаво во ЕУ да сме, барем граници отворени, без проблем си одиш кај сакаш. Пари уште никогаш и никаде не ми барале, а знам дека бараат...
Луѓе стварно не работи копчето за чекирање онлајн. Јас сега пробувам и кликам 100 пати не бива? Чекираше некој карта скоро време? Иначе за пари кога е муабетот и мене никогаш не ми барале да покажам, што знам може така се погодило. А и да ти бараат и ако им покажеш малку пари што демек ќе те вратат?
И јас не можев кога патував пред некоја недела, мислев до мене е нешто. Зависи каде, негде рутински ги испрашуваат сите. Колку пари, кај идеш, кај си сместена, колку итн. За пари мислам дека ако им кажеш дека имаш на картичка не прават проблем. Ама да, знам за ситуации кај што враќале луѓе, бидејќи им биле сомнителни
Не јас не се секирам за парите оти ако ми дадат виза се подразбира дека сум имала пари па мислам дека затоа не би ми правеле проблем. И како се чекираше, на аеродромот? А за назад како да ја чекирам? Што не пишат на странава бог да чува, да се мисли човек што да прави.
На аеродром. За враќање немав проблем, ама од нашиов аеродром изгледа не може онлајн. Баш проверив на страната, има 5-6 набројани од кај не може, Скопје го нема меѓу нив
И колку ти наплатија @crimson? Да знам да планирам. Може им е привремен проблем. А за назад ќе чекирам од таму ама треба да барам место каде да испечатам. А и на аеродромот може ќе бараат повратна карта да им покажам...лудница.
Нем ми наплатија. Ако нема опција за чекирање онлајн, не наплаќаат на аеродром за чекирање. Кај патуваш?
Уште не знам, треба да видам дали ќе ми дадат виза за Британија, Лондон. Понеделник треба да стигне пасошот па јас предвреме сакав да си видам. Не сум сигурна дали ќе ми дадат и малку паничам, ама сепак да си се распрашам за ова.
Нема тема за Ryanair па да прашам тука Има некој патувано скоро со нив? Само 1 прашање би сакала да и/му поставам.. Однапред благодарам
Луѓе, ај некој нека ми објасни што е разликата меѓу ова првово од 1499 и второто..Јас како што разбрав првово е без багаж..или? Јас ќе имам еден куфер и плус уште една рачна торба за несесер и такви глупости..Значи од второво да резервирам ? И може онлајн да се чекира?
Првото ти е само со речен багаж, второто со рачен багаж и чекиран куфер максимум 23кг, третото рачен багаж, персонална мала чанта и чекиран багаж до 32кг.
Кликни на тоа каде што пишува basic и ќе ти отвори која е разликата меѓу понудите basic/wizz go/wizz plus.