Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Wizzair

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Goldeneye, 11 јануари 2013.

  1. Aurora555

    Aurora555 Активен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2017
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Никогаш немам купувано сама карта на интернет ќе сака некој да ме упати чекор по чекор како да ги купам картите страв ми е да не згрешам нешто
    Дали имињата се пишуваат на кирилица или латиница?
    Кога се принтаат картите?
    Кога и како се прави Check-in?
     
    На ceca-1 и Milenalena им се допаѓа ова.
  2. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.797
    И мене ме интересира истата информација, плус и за постапката за зачленување и добивање на членска картичка со попусти од нив.
     
  3. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.395
    Допаѓања:
    42.130
    Пол:
    Женски
    Сега уствари картата не можеш да ја испринташ оти веќе онлајн од кај нас не се пријавува и многу е педерски оти гледам дека на аеродром се наплаќа 9 евра, кога веќе немаш опција за онлајн стави бесплатно на аеродром.
    За попуст @danichap додаваш при резервација, членството мислам дека е 19,99 евра и трае година или две за сите карти кои ќе ги купиш. Јас купив карта за натаму и по доста солидна цела, сега за назад ги гледам со се багаж ми излегува едно чудо пари, ама гледам постојано варира цената и сега кога е поблизу до датумот ја намалиле, јас за натаму купив две недели пред датум и беше многу ефтина, така да ќе почекам уште некој ден за назад.
    Дали уште никој нема инфо за чекирањето? Дали треба да изберам при резервација дека ќе се чекирам на аеродромот?
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Aurora555

    Aurora555 Активен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2017
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Значи Check-in аеродром и тогаш картата ја даваат?
    Бидејќи има опција за Online Check-in кога ги купувам картите сега не знам каков да изберам
     
  5. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.437
    Допаѓања:
    96.493
    @1209 јас успеав да направам он лајн чек ин... Не знам зошто тебе не ти дава опција...

    @Aurora555 , направи си он лајн чек ин и испринтај ги картите. Бесплатно е и попрактично...
     
    На Aurora555 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.300
    Допаѓања:
    4.480
    Пол:
    Женски
    од кога вака @1209 ? знам дека на определени аеродроми нема чекирање онлајн или за определени градови во определен период ама од секогаш било бесплатно чекирањето на аеродром ако нема опција за онлајн (ако има опција а не се чекираш онлајн и ако се чекираш на аеродром од секогаш се наплаќало)..барем од Скопје беше така, за од странство незнам, можеби има измени сега

    а @danichap незнам точно како оди постапката за зачленување бидејќи и мене друг првиот пат ми го купи членството, само знам дека има повеќе опции...за попуст на двајца беше 2000ден (тој на кој се води членството и плус уште еден со тоа што тој на кого се води членството мора да патува за да се искористи попустот) и друга опција беше за 5 души истовремено тоа беше поскапо..сигурно има информации на сајтот на Wizz
     
    На 1209, Aurora555 и danichap им се допаѓа ова.
  7. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    48.013
    Пол:
    Женски
    Ако до датумот на патување има повеќе од 30 дена,не може да се чекирате.30 дена пред летот може да се чекирате он лајн.

    Ако патувате често се купува членство кое е 20 евра за вас и уште еден патник,а за повеќе патници е групно членство,чини околу 50 евра и исто така мора еден од патниците да сте вие.Попустот трае една година од датумот на купување и на секоја купена карта се пресметува минус 10 евра.

    Имињата се пишуваат на латиница,картите се принтаат откако ќе се чекирате.

    Друга опција е pass wallet,апликација на мобилен телефон,се симнуваат картите и не треба принтање.На нашиов аеродром мислам дека се уште не постои можност на овој начин да се покажат картите,но на другите поголеми низ Европа,да.
     
    На Tajnaotrovna, Dust, 1209 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.395
    Допаѓања:
    42.130
    Пол:
    Женски
    Аа знаете дека ова има логика. Гледам ми пишува можете да се пријавите за еден ден, значи 30 дена од утре почнуваат и ќе можам да се чекирам значи супер, сепак има измени кога патував за Минхен се чекирав 2 месеци порано, само што ја купив картата. Како и да е фала ви ќе пробам утре па ќе ви кажам дали сум успеала.
     
  9. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.300
    Допаѓања:
    4.480
    Пол:
    Женски
    па јас реков не е фер го поефтинале членството многу убаво се сеќавам дека платив 2000 денари ама пак картите доаѓаа поефтино од редовно и го купив зошто да не...па сега се разрошкав низ нашава страна на Wizz, пишува за 2ца е 29,99 евра годишно а за групно (но најмногу 5 сопатници) било 59,99 евра

    @danichap https://wizzair.com/mk-mk/information-and-services/wizz-services/wizz-discount-club#/
    ако можеш да го отвориш линкот имаш секакви информации во врска со членството
     
    На ph.orhideja и danichap им се допаѓа ова.
  10. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    48.013
    Пол:
    Женски
    Јас мината година купив групно членство,50 евра,се уште ми важи,а сега видов на линкот дека е поскапо.Но,во секој случај е исплатливо да се купи доколку почесто патувате.
     
  11. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.002
    Допаѓања:
    51.828
    Пол:
    Женски
    Вчера другарка ми кажа дека не може онлајн да се чекира карта кон Германија, затоа што ставиле некоја забрана, јас таму патував и имав проблем. Значи за други држави би требало да може, затоа ја немало Македонија на листата.
    Мене ништо не ми наплатија за чекирање на аеродром.
     
    На Adi888, Tajnaotrovna и 1209 им се допаѓа ова.
  12. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.733
    Допаѓања:
    172.793
    Пол:
    Женски
    За чекирање на аеродром НЕ се наплаќа ако немате опција да чекирате онлајн. Не доплаќајте опција аеродром ако немате чек ин опција..
    За Германија секако нема да добиете бординг пас, тоа на аеродром..
    За Англија мислам исто е, прво визата да ја видат после бординг пасот..

    Годишното членство за двајца е 1999 денари, групното 3999. Важи 1год

    Друго се е погоре објаснето..


    Плус приметив последниот пат дека многу лошо го пресметуваат курсот :@ почнаа по нерви да ми лазат..
    Крадат бетер од политичари
     
    На Tajnaotrovna, crimson и 1209 им се допаѓа ова.
  13. krofnicka27

    krofnicka27 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2016
    Пораки:
    823
    Допаѓања:
    12.614
    Пол:
    Женски
    Од кога ова не може онлајн да се чекира кон Германија? :| И како оди чекирањето на аеродром?
     
  14. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.186
    Допаѓања:
    23.208
    Пол:
    Женски
    Хелоу најпрвен.
    Пошто првпат патувам со авион имам нејасни прашања, штотуку праев чек ин онлајн и кога дојде на ред да ја спуштам картата во пдф фајл ми го вади ова.

    THIS IS NOT A BOARDING CARD!
    NON EU / EEA PASSENGERS MUST PROCEED TO CHECK-IN FOR
    DOCUMENT CHECK AND VISA VERIFICATION.

    Не знам зошто ова го вади а праев чекор по чекор се како што бараше то и го пишев и го праев :worried:
    и друго прашање, Колкава треба да е кабинската торба? И дали ќе има проблем ако носам и чанта со лаптоп?
     
  15. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.437
    Допаѓања:
    96.493
    Ади, он лајн чек ин се прави 30 дена пред патувањето, порано не може. Кога ти е летот?

    Димензиите на кабинската торба се 42X32X25
     
  16. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.186
    Допаѓања:
    23.208
    Пол:
    Женски
    на 28 јуни летам за Хамбург.
     
  17. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.002
    Допаѓања:
    51.828
    Пол:
    Женски
    Не знам од кога е, јас пред две недели патував :)
    Не е ништо посебно, принташ листот со информации, битно е да го имаш бројчето, и со пасош ти прават check in на самиот аеродром.
    Ќе мораш на аеродром :)
     
    На Tajnaotrovna, Adi888 и krofnicka27 им се допаѓа ова.
  18. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.186
    Допаѓања:
    23.208
    Пол:
    Женски
    Извини уште некое прашање сега да те прашам :lol:
    Куфер, кабинска торба, и чанта со лаптоп? Дали ќе имам проблем со чантата за лаптопот или не?
     
  19. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.002
    Допаѓања:
    51.828
    Пол:
    Женски
    Го имаш тој пакетот wizz go?
    Не можеш сите три, или кабинска торба, или чанта.
    Големата кабинска торба е 56х45х25cm
     
  20. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.186
    Допаѓања:
    23.208
    Пол:
    Женски
    Да тој пакет го имам, со чекирање онлајн плус.
    Значи лаптопот ќе треба да го ставам во кабинската? за да не носам чанта, така испаѓа.