Успеав да се пријавам на нет за летот, но имам прашање, при пријавување наведов број и важење на пасош, дали некаде треба да наведам податоци од виза? Или тоа на контрола ми го проверуваат?
Податоци од виза не ти требаат. Број на летот е W6 7749 не е тоа другото. И штом имаш голем чекиран багаж од визз гоу тогаш димензиите на @Emy867 не се точни. 56х45х26 се ..
Претходните коментари ги прочитав и нешто за муабетот што прашуват кај ќе престојуваш,колку пари дрн дрн. На дечкоми другар замина за Малта на неколку месеци и го прашувале колку пари носиш во тебе?Овој им рекол некоја сума што не е вистина хахах истото и ја би го направила што го интересира него јас колку пари носам во себе,може идам на одмор и по цел ден да се расфрлам со пари или да имам скромен одмор се чудам. Иначе пред некој ден отворив на страната виззер али не најдов поле кај што ќе видам цена за повратна карта ск-малта-скопје како да најдам ако некој знае пишете или лп.фала
Јас не можам да се чекирам преку интернет. Од денес е достапно пријавувањето за појдовниот лет,а сепак не можам. Дали има врска тоа што има повеќе од 30 дена за повратниот лет,односно остануваат уште денови до почетокот на пријавувањето?Можно ли е затоа што бројот на резервацијата е со ист број за двата лета, па така да не ми дозволува да направам он лајн чекирање?
Не секогаш така лесно се поминува Мене 2 пати сама кога бев и еднаш со моите (2 постари лица) ни бараа да покажеме колку пари носиме. Значи ти вика - колку пари носите, може да видам? И мораш кеш да покажеш. Албанка пред мене на аеродром во Хановер ќе ја вратеа за тоа.. Во Брисел пар околу 27-30 год од МК го држеа многу време, имаше пред мене 15тина души, поминаа тие, поминав и јас а парот остана. Им бараа да покажат 38евра од ден ако се сместени кај приватно лице и 50 ако се во хотел. Тие беа во хостел колку што разбрав и носеа околу 250 евра за 1 недела.. не знам дали ги пуштија. Инаку случкава е од средина на месец мај
Па парфем не е под притисок. Спреј антиперспиранти, лакови, пени за коса, сув шампон, тоа е под притисок.
Дечки треба да резервирам карти за средина на Јули, беа 200 евра сега се 150. Прашањето ми е да купувам одма или мислите има шанси да падне цената уште малце? Од друга страна викам ако пак ги качат на 200 не се малце 100 евра за две карти...
Праку граница без никаква потврда или документ, една личност можеш да изнесе 2000 евра, ни цент повеќе. За суми од 2000 до 10000 евра треба да го пријавиш износот и ти треба потврда од овластена банка или менувачница. Во Македонија слободно можеш да внесеш до 10000, а поголема сума мора да ја пријавиш на царина. Ова е според закон, ти можеш да се обидеш да го направиш ова и нелегално, но ќе ги сносиш последиците. На граница смеат да ти направат претрес, автоматски смеат и да проверат колку пари носиш со себе.
Во кабински несмееш течност повеќе од 30 мл. Мислам дека и храна несмееш, освен во оригинално пакување, некој колачи може да пројдат, ајвар мислам не. За ова само чекиран багаж.