пу пу јзк - првпат ќе патувам со кабиски багаж во другиот багаж дозволуваа вина ракии итн.. треба да носам поклони за тоа прашував. Данкешун
Имам прашање денес направив чек-ин и потоа картата кога ја слегнав ми излезе оваква не како и обично дали некој знае нешто околу ова и што треба да правам??
nemam nisto stignano na meil, kartata e platena oste koa rezervirav deneska samo check in napraviv i ova mi izleze
треба на меил да имаш видео туториал од WizzAIR како да се чекираш и картата да си ја испринташ провери во претходните меилови .
Знам дека за кабинскиот багаж димензиите се битни, за чекираниот конкретно оној од 23кг дали е ограничен со димензии? Јас носам торба таква специјална за патување многу е масивна ама ми тежи 16кг уште нешто да додадам до 20 макс ќе е, ама ме загрижува што е така поголема да не имам проблем. Уствари не знам, може да речам дека е малку поголема од голем куфер.
Ајвари само ставајте во куфер. Не ги земајте со вас зашто на ренген ќе ви ги земат секако. Незз дали прави разлика стаклена или пластична тегла
Wizz Air - Авиокомпанија што на Македонија ѝ ги отвори вратите кон светот. Со цени идеални за македонскиот стандард, успеа во светот да однесе многу Македонци кои до пред неколку години сметаа дека патувањето со авион е привилегија на богатите. Минатата недела прв пат патував со Wizz Air која се пофали со надмината бројка од 20 милиони патници. И летот со неа многу малку се разликува од тој на високобуџетните компании од безбедносен аспект. Но тоа е розовата страна на Wizz Air приказната. Има и една друга, мрачна страна за која ретко кој е информиран. Прво, евтините билети се маркетинг трик. Компанијата заработува на багажот. Има големи рестрикции во однос на тоа колку товар е дозволен со картата, а колку треба да се доплати. А доплатата е прилично висока, ако патувате на подолго време и ви треба повеќе багаж, бидете подготвени да платите мин 50 евра повеќе. И секој дополнителен килограм ве чини 20 евра плус. Другите компании не праваат рестрикции на багажот и за него не се доплаќа. Второ, Wizz air нема бесплатни услуги. Во авионот не смеете да внесите течност и ако патувате неколку часa бидете спремни дeка пола литар вода чини 3 евра, а еден мал сендвич 5 евра. Другите компании ги услужуваат патниците со храна и течности бесплатно (вклучени во картата). Трето, седиштата се тесни, просторот внатре е мал и некомотен, а бидете подготвени и да тргнете/стигнете со поголемо задоцнување. Често има одложувања на летовите. Но, пред два дена се случи нешто без преседан. Ние како држава на задникот на светот немаме директна линија до главниот аеродром во Париз - Шарл де Гол. WizzAir нуди директна линија од Скопје до Буве - локално аеродромче на 120 км од Париз. Поради достапноста на овој лет, резервиравме повратни карти и стигнавме до Париз речиси навреме и без никакви проблеми. Летот за назад кон Скопје требаше да биде во петокот во 20 часот. На аеродромот во Буве на чекингот пишуваше дека летот ќе доцни 20 минути, за половина час подоцна да ни беде соопштено дека летот е откажан. Оттука настанува вистинско патешествие на 150 патници кои заглавја на аеродромот во Буве. Aеродромските сервисери се изедоа од било каква одговорност. Не се појави ниту еден официјален претставник од WizzAir да понуди решение, ни беше речено да се снаоѓаме сами. Се обидовме да најдеме најбрз нареден лет до Скопје со WizzAir, но немаше ниту едно слободно место за наредните неколку дена. Дури и со други компании за следниот ден едвај можеше да се најде слободно место и тоа само преку аеродромот Шарл Де гол. Стари жени што едвај стоеја на нозе и не зборуваа ни англиски ни француски, мали деца гладни и жедни со расплакани и загрижени мајки останаа буквално на улица сред ноќ откако на аеродромот во 23 часот му заврши работното време. Ниту една друга авиокомпанија не им го прави ова на своите патници. Се случува летови да бидат одложувани или откажувани, но секогаш имало официјално соопштение зошто тоа се случило, на патниците им бил букиран следниот најбрз лет, биле преземани со автобуси од аеродром и сместувани во хотели во близина до наредниот лет на трошок на авиокомпанијата. Wizz Air во петокот остави 150 луѓе под отворено небо сред Франција, без превоз, храна и вода, многумина и без пари, буквално како бездомници. И 3 дена после настанот компанијата што секоја прилика ја користи да се испофали со 20-те милиони патници, сега ја нема никаде. Сè уште нема официјално соопштение зошто летот е откажан и дали компанијата ќе ги обесштети патниците за пропаднатиот лет, преживеаниот стрес и дополнителните непредвидени трошоци во Франција. Tие што повеќе се информирани велат дека Wizz Air како нискобуџетна компанија се заштитила со разни законски клаузули од одговорност за вакви случки. Но правата на патниците се универзални. Ако некоја компанија им го прави ова на своите патници, тогаш таа не ни може да се регистрира како авиокомпанија. Значи одговорност мора да има. Но преживеаниот стрес е ненадоместив. Затоа вреди да се размисли дали ќе се затрчаме по "евтината" карта на Wizz Air или ќе платиме 100 евра повеќе за да се заштитиме од вакви стресови, дополнителни трошоци и да нè третираат како луѓе, а не како животни за свои пари.
@Jason123 Пола литар вода чини 2 евра, а не 3, ама секогаш можеш да купиш од фришоп или од кафичите после контролата за помалку пари. Сендвичите се 4 евра а не 5, ама секогаш можеш да внесеш сендвич или 7дејс кроасан, никој не ти прави проблем. Седиштата не се ништо потесни од оние на Аустриан, аман луѓе, мислите некој намерно ќе стесни Ербас А320 само за патниците на Визз да им е потесно? Тоа што не си ги знаете правата и обврските како патници, довело до тоа да заглавите на аеродром. Никој не чита трмс енд кондишнс офкорс, што ќе ви се.. Без пари ни во тоалет да не тргнете а не во странство. Малку е на тие глави што останале без пари И мене ми каснеле летови и тоа не само со Визз и мене ме имаат оставено на аеродром да преноќам и тоа не со визз, ама кога им за'ржев ми надоместија се, плус летото. И во Визз има надоместок (имам добиено, не зборам од памет), прочитајте си ги условите за патување пред да кликнете плати Уште стојам на моето мислење дека да не беше Визз, пола од Македонците немаше подалеку од соседството да мрднат. Па за 25 евра повратна карта со членство, дури и цел куфер за 50 евра да чекирам, пак е поевтино од 250-300 евра на друга компанија... па и сок и сендвич да купам дури
Се е во ред со твоето мислење, во право си, ама за вакви коментари немам зборови. :| Како тоаКако тоа тргнале со планирани пари за толку дена а немаат за уште барем три дена да платат престој и храна, плус да си купат нова карта? Малку им е на тие глави што останале без пари, нека ги учат подолго на лекцијата. :party:
Не знам Ливинг дали е до мене или не, ама да се кренам да одам 2-3000км од дома со броени пари до евро, никогаш не ми се случило. До тоалет да одиш, па пари да си носиш а не на толку долг пат. Во Берлин пола евро за WC, во Брисел на некои места исто толку.. А од кај знаеш на пат што се може да ти се случи? Ретко кој од нашите патници вади патничко осигурување, што ако ги касне куче, ако качат температура, ако некоја непредвидена ситница им собере 50-150 евра? Нова карта секако нема да купат( евентуално ќе им ја надоместат), има закон што важи за сите авио компании. Судот на правдата на ЕУ ги има јасно поставено правилата и обврските, со оглед на тоа што Визз е унгарска и летот е од територија на ЕУ, нема теоретски шанси да ги избегне обврските. Малку им е, да..што не си ги прочитале правата и обврските. Патем, станува збор за (копи во гугл) Regulation (EC) No 261/2004
Јас пак не го сфаќам моментот со патничкото осигурување. Обавезно патничко, па макар и на еден ден да излегувам од државата. Барем тоа е евтино. И знам за случаи кога летот бил откажан или пренасочен, па од WizzAir се снашле и ги однеле до каде што треба. Од друга страна, сум имала лоши моменти со Туркиш, па вработениот во Истамбул како гомно се понашаше, циган. Да додадам уште, и до нашата култура влијае пријатноста на летот. Се понашаме како во гратски автобус на ЈСП, една се испокара со дечкото пред мене, демек сакал прв да се качи во авионот, и оп, цуп, еве ја, малиот рачен си го качи горе, за мојот голем нема место. Извини ама јасно пишува, мал рачен под седиште. Еден цел пат над глава ми стоеше и ми читаше од книгата, една баба си ја беше седнала внуката на мое место. Ај, ми падна онака, да не се расправам пред девојчето, 5 годинки имаше ја пуштив да седи до прозор. После 10 пати ме станаа за малата да мочка, сокче да си купи, да се прошета.
100-200 eвра сигурно секој носи плус од планираното. Ама зборуваме за луѓе што остануваат 3 дена плус во Париз, па се очекува од нив да имаат за хотел и храна. Ако немаат, си заслужуваат и малку им е тоа што го претргале? Што знам, мене ми е жал и на крај памет не би ми паднал таков коментар. И да, до тебе е. Повеќето луѓе од кај нас за жал тргнуваат со броени пари. Имаат буџет, им стигнува за тоа што го планирале. Секој непланиран трошок е товар, и тоа е реалноста.