Со WizzAir не сум патувала.Ама затоа со туркиш имам лошо искуство.Вработените со исклчок на некои се однесуваат бетер од гомно.На секое патување купувам нов куфер.Бетер од партал го прават.И имам пријавено уште година дена чекам да ми исплатат.
Сите тргаме со броени пари, ама мене ми е сулудо да тргнеш без “резерва“ за “не дај Боже“. Во Грција не одам со авион, па сепак носам за не дај Боже пари. Не знам која е таа храброст за Париз со до последно евро броени пари да тргнеш, мене ми е страв.
@LivingGlam мене така да ми направат цел аеродром би го кренала на нозе, зошто не се дозна за ова? Овие 150 луѓе безгласни биле таму? Знамз а случаи со одложен лет па WizzAir им платиле хотел на патниците. Треба да си ги бараат правата, нормално дека не треба +3 дена на свој трошок да останат.
Ама Камелија, и да не ти се броени, колку ќе имаш плус? Сигурно не 500 евра? Ако те остави 3+ дена во Париз, ќе имаш да се покриеш? Ако сте двајца или семејство, колку се очекува да имате плус? Минимум 1000? Нормално е да се очекува и да се бара од компанијата да обезбеди хотел и оброци.
Тоа не го дискутирам дека компанијата е ДОЛЖНА да обезбеди смештај и храна за патниците, и тоа им следува. а зошто овие ќутеле и не се бунеле не знам. Ама без 200-300 евра плус не се трга никаде, барем јас не тргам. Мислам дека толку ми се доволни да преноќам, се прехранам, додека не смислам чаре (компанија ли, сервис на кола ли, пари од Мк да ми пратат ли.... некако без таа резерва ми е шубе)
Па подобро да не тргнат Ливинг, ако немаат 150е да носат за секој случај. До Охрид да одиш па мораш резерва да имаш дали кеш или картичка. ИАКО пак ќе кажам, нашле овци (што не си ги знаат правата) па ги потшишале! Па еве бидејќи очигледно никој нема прочитано, на тацна скриншот. И памет за следен пат..
Па мислам дека баш тоа го дискутираше Џејсон во мислењето - дека компанијата е должна да се погриѓи за патниците а не се погрижила. И на тоа следуваше коментар во смисла така им треба, малку им е кога тргнале без резерва. Јас тоа го дискутирав. И не верувам дека така си седеле, ќутеле и не се бунеле. Едит: Даст, прочитај пак под точка 1. Не го направиле тоа. Тука беше критиката за авиокомпанијата. Кој е проблемот?
Откако видов дека во авионите на Визер сите вадат сендвичи и јадат,носам со себе Сникерс и Баунти,па кога ќе ми посакаат децата,им вадам купени од Скопје и јадат.Сокче и вода ќе купиш,нема со саати да седиме жедни за да ги заштедиме 3 евра. Сите одиме со броени пари,само еднаш ми се случило до евро се да потрошиме,но сум имала на ум дека ако ми се случи нешто неочекувано имам кому да се јавам и да ми пушти на картичка. @Jason123 како ви се заврши на крајот патешествието?Кога и како стигнавте назад?
Нема проблем Ливинг.. Патниците се криви што 150 души не им демолирале се што постои додека не си ги остварат правата. 150 души ееејјј.. 150 безгласни букви затоа што веројатно врска немале што им следува..
Не можеш да знаеш како реагирале и како компанијата одговорила / не одговорила. Во секој случај, малку им е е многу бездушен коментар, дури и за тие што не прочитале terms and conditions пред да тргнат.
За одложување од еден ден ми платија 80 еур. Прифатив од прва, можев и да се објаснувам, барам повеќе итн., но веќе беше по свадба тапани па не ми беше важно. Во принцип треба да се имаат сметките од хотел и трошоците за храна и превоз. Јас немав ни тоа.
Сепак нема оправдување за откажување на лет половина час пред да полета и букиран 3 месеци однапред без никакво образложение и оставање на патници сами на себе без никаква помош. Тука се прекршени правата на патниците. WizzAir не ги лета бесплатно патниците, ниту патниците им ги диктираат цените. Тие сами си ги даваат. И никаде не пишува дека може да откажe лет кога сака.
Ама оти никаде не се слушна за тоа? Оти не се рагираше до било кој портал да објави? Зошто за ова се дознава преку анонимен лик на форум? И истиот тој анонимен лик е прашан што се случи потоа, ама го игнорира прашањето, само повторува дека компанијата не требало така да постапи.
Е од вакви си патиме... http://www.plusinfo.mk/vest/119288/...--skopje-otkazan-patnicite-sami-se-snaogjale- Пишуваш негативно искуство за добро на другите, да знаат што може да се случи, не е редовно за среќа ама ете се случува, и те напаѓаат ко небаре у око си им брцнал. Стујардеси ли сте им што сте.. Која ми е потребата да лажам, и тоа на анонимен форум... И што корист од тоа.. Мене никогаш не би ми отишол паметот натака да помислам дека некој би лажел за вакво нешто, ама ете секакви луѓенца имало.. И немам пишано како стигнав дома.? Озбилни сте?? Да не треба трансакциска да пишам за како и каде се трошело пари..
@Jason123 не реков дека лажеш, туку 150 луѓе, сте моежеле цел Wizz Air на нозе да го кренете. А тоа што прашавме што се случило понатаму, можеш да го сфатиш како грижа за луѓето што останале во Парис. Никој фактури не ти побара.
Реакциите беа индивидуални и не сметам дека за тоа има потреба да пишувам, кој како реагирал и што направил. Ни дадоа некакви флаери за обесштетување или слично, па да видиме што ќе испадне. Акцент ставив на негативното искуство, зашто тоа е и единствено битно во приказнава, и ако може да извлечеме некаква поука. Инаку сега кога пишав на Гугл да најдам `потврда` за мојава приказна, ми искочија уште толку вакви случаи, за кои ете јас немав чуено зашто немав патувано. http://24vesti.mk/makedonski-patnici-zaglaveni-vo-barselona-„vizer“-ne-refundira-troshoci-za- nokjevanje И надвор од темата, не ви е убаво тоа постојано напаѓање, негативност и недоверливост ( за вас). Никој никому овде не му е центар на светот.
Мене Туркиш не ми рефундираа, 200 евра плус заради нив дадов. И сега? Јас знам кога беше маглата во Скопје, со автобуси во Софија ги носеа, им плаќаа смештај во хотел и летаа наредниот ден. Да сте реагирале како група, а не индивидуално, може и ќе сте добиле нешто. Фала ти на веста од 2015 година, за неа имаш разврска за случајот? Чуваш фискални и ги приложиш па враќаат, и оштета ти дадат отпосле.
И сега што сакаш да кажеш? Дека треба да се молчи и никој да не дознае за ова? Да го избришам постот ако толку ти смета.. Не ти ја разбирам негативноста, али усвари не ми е ни битно. Си кажав јас што имав, поздрав на сите и пазете со кого летате.
Јас на сите кажувам дека се Туркиш се срање и џабе наплаќаат толку кога звработените им се некултурни. Фала на споделената приказна, убаво е да се слушнат негативни искуства, смешно е што одма настапи со некој пасивно агресивен став да не те чепкаме пошо си нервозен и ништо да не те прашуваме. Имаш права, барај си ги. Јас секогаш си ги барам, за се.
Прашањето не е за овде ама морам да прашам. Какви услови треба да исполнуваш за Туркиш да ти обезбеди платено сместување. Сум чекала и повеке од 12 часа.Некогаш ме сместувале во хотел некогаш не. Не зборам за задоцнети летови.Некогаш картата ми е таква да морам долго да чекам.