Дали и како можам да го сменам бројот на пасош на wizzair acaunt? Бидејќи си резервирам карта од мој акаунт, таму ми стои бројот од стариот пасош со датум на важење, сега треба да летам со нов пасош но бидејќи од овој аеродром нема онлајн чекирање значи дека ми стои бројот. Некој да има познавање за ова ?
Во вашиот профил има опција за промена на бр.на пасош. Порано беше вака, ама мислам уште е исто.. Повеќе од 10 саати да ти е чекањето, двата лета да ти се со туркиш а не со друга компанија од стар а.групацијата и мора да немаш друга алтернатива (пократко чекање) .. Одиш на хотел дескот, бараш .. ако имаат слободни соби, ќе ти дадат. Ако не ништо..Ама најчесто даваат, тоа спаѓа во perks на туркиш.. Добиваш и бесплатен превоз од/до аеродром Обавезно даваат само на forced layover.
Купив карти за Милано, па би сакала да споделите информации дали некој патувал од Милано до Лугано и Комо, дали има дневни тури,и дали е потребно однапред да се направи резервација и која е цената??
Има дневни тури, 80-100 евра се по човек со водич и превоз. Потребно е онлајн да се купи турата. Баш ние бевме пред 1 недела.. Можеш и со воз од Милано до Лугано или до Комо, па од Комо превоз до Лугано. Лугано е преубав град, ако можете и една вечер да преспиете не е лошо. На Комо изберете крстарење, од Белаџио до Комо, 2 саати е и Комо е последна станица. Има преубави селца попатно
Кај мене има опција за промена на име и презиме, дата на раѓање, пол, националност и контакт... за бр.на пасош немаа
Прочитав за случајот на @Jason123 кај еден пријател на фејсбук. Нивното безобразие ме остави со подзината уста. Јака ви душа на вас патниците... Очигледно ваквото одложување летови си станува честа појава со Wizzair. Пред една недела, на другарка исто летот и го откажаа од Милано. Дури по два дена ги однеле со комбе до Венето (читај: четири часа пат + 45мин. пауза) па оттаму со авион до Скопје. Жива среќа сите трошоци биле покриени од компанијата. Не мудрувајте многу, во такви моменти патниците се беспомошни. Не верувам дека не сториле сѐ во нивна моќ и обид за да си стигнат дома навреме. Никој не сака да кисне три дена на аеродром без никакво решение. Да го демолираат аеродромот? @Jason123, бидејќи ова ви се случува во Европа, вие сте заштитени по Европска директива за воздушен сообраќај. Слободно можете да ја тужите авиокомпанијата. Си има агенции кои го бркаат тоа место вас, секако со провизија. Да сум на твое место ич нема да му ја мислам. Поздрав и се надевам дека ќе ни пишеш за исходот.
Дaли ви се случилo дa изберете лет, внесете пoдaтoци oд кaртицa, прифaтите "прaвилa и прoписи" и дa не мoжете дa кликнете нa плaти и букирaј. @Dust , билo кoј?
Имам резервација за на 18.07 која ми е направена од мој профил со стар број на пасош, сега новиот треба да го земам на 17.07. Кога ке го земам новиот пасош и ќе го променам бр. на пасош, дали ќе се смени и на самата резервација и ќе можам да летам без проблеми или не (па да морам да ја променам резервацијата)
На резервација се става бројот на пасош? Јас мислам не, на чек ин се става... Јас знам последниот пат пред да летам си резервирав карти пред да го извадам пасошот. За резервација не ти бара пасош.