Навистина не е важно дали е картата во еден правец или повратна. Секако дека ќе ти ја проверат неколку пати, меѓутоа на пасошка контрола им е потребен само пасошот, ништо повеќе. Евентуално ќе те прашаат каде одиш, до каде ќе леташ и слично
Мене последниот пат кога летав ме прашаа за повратен билет, ми бараа и резервации од хотел, и буквално се што имам во врска со мојот престој. Пари не ми барале никогаш, ама има примери на кои им барале.
Нa влез вo држaвaтa мoже дa те прaшaaт кaде и зoштo oдиш. Јaс oбичнo пoкaжувaм вaучер oд хoтелoт (штo мислaм декa гo немaш) или кoпијa oд пaсoш oд дoмaќините кaј кoи oдaм. Едит. Инaче прaвилo е декa требa дa имaш пaри. Реткo прaшувaaт, нo имa нештo oд ден кoлку ти требa. Незнaм дaли мoже дa кaжеш ИМАМ тoлку и тoлку, a aкo ти пoбaрa дa пoкaжеш (мене не ми се случилo) дa пoкaжеш кaртицa. @Dust
Мене ми се има случено да ме прашаат колку пари носам, ама не ми побараа да прикажам. Последниот пат (со карта во еден правец), на пасошка контрола, ме прашаа каде летам, дали ми е тоа крајна дестинација и на кој Gate ми е летот А оној пат со пиперките, не ми направија никаков проблем, само на скенер кај што ги видоа, ми се смееја )
Мене ме имаат прасувано и од нашиов Аеродром каде одам колку пари носам,и таму кога ке слетам,конкретно Шведска последен пат ме прашуваа кај ќе одам ,повратна карта дали имам па ми ја бараа да ја видат каде живеат луѓето кај кој ќе одам .....
Последен пат летавме за Италија па од Италија за Софија. Не не прашаа да покажеме пари, ама карти и резервации за хотел одма побараа. Кога летав сама претходно, пари ми имаат барано да покажам, заедно со резервации и повратна карта. Слободно можат 50евра од ден да ти побараат и да те вратат ако не покажеш. Во Италија вратија еден дечко, не знаеше италијански ни англиски, пари не носеше, повратна немаше, хотелска резервација немаше. Со двајца цајкани под рака беше испратен од карши во едно собиче 2на2 Ова го имам видено и на друг аеродром, не ми е прв пат @queen007 А може и ништо да не ти побараат. Ама како бе одите без ниедно евро, макар и кај тетка да одам, како без ич пари ве праќаат
Без разлика сали со авион или автобус, кога влегуваш во ЕУ малку построги се. Знам лани во Хрватска кога одев, еден по еден сите не симнаа од автобусот. Сите ги прашуваа за пари и за резервации. Мене ништо не ме прашаа, само каде одам и ми посакаа пријатен престој, ама сите други убаво ги испрашаа.
Vi blagodaram mnogu inace i da kaj tetka idam zatoa, potocno Belgija. Se nadevam nema da ima problemi.
Баш Белгија се строги, Холандија исто така. се пазат од МК многу, поради балканската рута на бегалците и можноста некој да се снашол за пасош со оглед на последните дешавки во МК со фалсификати ЛК и пасоши за гласање итн итн..А и нивните терористички напади.. Па за сите со МК пасош важи истата "строгост" .. старо, младо, машко, женско.. Кога слетавме на оној аеродромот Шарлероа (да ми рече човек ќе те утепам, изговори го правилно, нема да успеам) имаше многу намќори на пасошка контрола На два различни скенери ни ги скенираа пасошите, па откако се беше ОК ме прашаа зошто имам германска работна виза, дали сум работела таму, колку време, дали живеам во МК, со кого, зошто одам за Брисел, колку ќе останам, пари побара, резервации и ме праша кој ќе ме чека на аеродром, а јас кажав дека имам резервиран превоз, па ми побара резервација и од тоа Земи барем 100 евра со тебе, нека ти дадат твоите картичка макар и без пари на неа, па покажи ја
Без пари никаде не се оди. Мораш да имаш во тебе нешто, да ти се најдат. Не мораш да ги трошиш, ама имај ги.
Сакам да прашам,доколку на аеродром проценат дека малиот кабински багаж ( тој што е бесплатен) е поголем од одредените димензии, колку се доплаќа ? @Dust или некој друг поупатен ?
Пак јас Дали е можно при наплата ога го внесувам бројот на картиката да ми пишува неважечки број доколку немам доволно пари ? Мастер кард е картичката и тој е бројот но сепак пишува неважечки
Со flixbus има превоз до Лугано, од 16евра повратна најевтино, можеш да одиш и да се вратиш истиот ден, се патува околу саат, саатипол. До Комо имаш воз за 10евра повратна, околу 45мин пат. Ако треба да се бира меѓу двете, јас сум повеќе за Лугано
Здраво.. имам прашање при резервација на карта ќе треба да го испринтам билетот или таму на аеродромот кога ќе треба да патувам ќе ми го дадат? како оди постапката ако може некој да ми објасни? и уште едно прашање сакам да резервирам багаж со димензии 42х32х25 тој што е бесплатен.. е сега исто пишува и 10 кг.. дали тоа значи освен точни димензии на торбата ќе треб и да го мерам багажот или доволно е тоа торбата да е со тие димензии? позз