Нема да има проблем, само мораш да направиш check-in на аеродром. Не треба да надмине 10кг. Испринтај го. Некогаш бараат само пасош, ако има онлајн check-in, ќе мора, ако не, сепак носи го со тебе.
http://www.crnobelo.com/novosti/svet/51734-wizz-air-ja-ukinuva-doplatata-za-racen-bagaz По 29-ти октомври, освен малата патна торба со димензии 42х32х25, ќе може бесплатно да внесете и поголема патна торба со димензии 55х40х23. За летовите по 29-ти октомври 2017-та, цените на билетите во една насока опфаќаат такси, административни и други задолжителни давачки, како и рачен багаж со поголеми димензии, со максимум тежина до 10 kg.
Може ли некој да ми прати слика за да видам колкав е куферот со димензии 56 × 45 × 25 CM (тој што е carry on; ама што се доплаќа). Патувам крај на септември, така да ќе имам работи со долги ракави ама не предебели. Дали ќе ме собере во таков за 1 недела престој?
Купив преку една блиска што работи во Wizzair карти за МКД. Испадна друг проблем и летањето ми е неовозможено. Што можам тука да направам? Која е постапката? Бидна веќе..
Ќе замолам некоја мајка што има патувано со Визер да пише како носела водички, чајчиња и кашички. Знам дека треба да бидат во прозирни кеси и по 100 мл, па зарем 5 шишенца по 100 мл ќе мора да носам. Исто ме интересира дали сте носеле кашички од купечките во тегличка.
Сум носела и немало никаков проблем. Водата била во стандард детска флаша од 250мл, термосот со превриена од 500мл, и храна сум носела...никогаш не рекле ништо.
God bless Google Најпрактични се овие иако може и толкава торбица да најдеш ама овие тркалца барем имаат Дали ќе те собере, зависи што ќе носиш. Мене ме собира секако.. мислам..не мене, облеката
Хахах @Dust ме насмеа Абе побарав на гугл, ама мислев вака нечив куфер да видам. Веќе ми прати другарка, ќе ме собере во тоа + ранец, ќе бидам ептен економична
Да ама мало ташниче а не ранец каков што гледам дека нон стоп носат за мал багаж.. Ранчето ако ти е колку торба за лаптоп или обична ташна е прифатливо инаку не
На сајтот вика димензии за тој ајтем се 40х30х18, а мене ранецот за лаптоп ми е -2 од секоја димензија. Ама нема да носам лаптоп, туку нешто пешкир и чевли таму би ставила, како и пасош/пари/карта/мобилен/пуњач. Така може?
А дали во тој ранец (small personal item) или во големиот рачен багаж што ќе ги носам може да ставам апарат во футрола?
Фала многу за сите одговори Не бев сигурна дали се води како посебен personal item тоа, чим веќе ќе имам еден со приорити бординг картата..
Апаратот во футрола треба да ти е во еден од двата багажи. Ако ти е надвор се води како посебен item А вака можеш и 5 да пренесеш, никој не ти ги гледа ниту ги интересира нив
Ве молам за помош Утре сабајле патувам од Франкфурт за Скопје Но неможев да најдам каде да ја копирам картата и дали може само да ја покажам сликата на телефон без симната апликација бидејќи сум видела како поминуваат само со телефон.