Пак јас... извинете што напнав во темава, ама десет години немам летано и сакам да ми е се' по сите прописи За течности во рачен багаж пишува дека треба во вакви пластични ќесички (zip lock) 20x20, 1 литар. Каде да најдам такви во Скопје, зошто сите во маркетите се оние тенки за замрзнување и само со врзување, не се со вакво патентче горе?
Јас паста за заби, сјајчиња и крема имам носено и онака без ќесичка и никој ништо не ми рекол досега А имам носено и во фино ќеса за сендвичи..тие имаат и онакви метални за да ги врзеш ама во основа се обични ќесички .. Вакви еднаш видов во џамбо ама немам видено 100год.. @CinnamonBambi
Моите не беа тие димензии и никој не ми рече ништо, а другарка ми немаше ќеси и на аеродромот и дадоа си имаше настрана да се послужеш.
Вакви кесички јас купувам во Џамбо, има неколку различни големини. Сум купувала и во ДМ, ама таму е една големина. Прошлиот викенд купував во Џамбо, имаше многу кутии.
Јас од ДМ имам ќеси купувано. Овде не ми барале никогаш, ама во Германија ми бараа еднаш да ги извадам посебно од багажот, па и цел багаж ми го испревртеа затоа што не ми беа извадени.
Во Хановер и Берлин имаше на аеродромот И на другите како да имам видено, во Франкфурт и Дортмунд .. Во Будимпешта никаде не видов, ниту пак по Италија Треба да ги има на секој аеродром. Ако не гратис ама барем да пуштиш 10центи и да си земеш една...за нас заборавените
@Dust абе мене ми беа во ќеса, пазам на такви работи, никогаш не заборавам, ама во рачниот багаж ми беа, и тоа во страничен џеб, спремни да ги извадам и покажам. Ама ете, не очекував дека ќе ми бараат. Јас секогаш си носам и 1-2 ќеси резерва, несмасна сум и се што има патент го уништувам за рекорно време.
Јас да прашам дали ќе може да патувам до Будимпешта со ваков куфер со димензииве 48x30x20 со wizzair ама како рачен багаж? Дали ќе ми направат проблем за неколку сантима ? Прашувам зошто кога летав за Италија во јануари ( носев торбица со приближни димензии )и кај нас на аеродром во Италија само ми го измерија во килажа и кога видоа дека не надминува 8 килограми ми залепија налепница како small...
Па и не се малку 6цм Нас во Рим за враќање ни бараа да ги ставиме во тие металните за мерење.. Не може никој со сигурност да ти каже дали ќе ве пуштат со овие димензии. По правило, одговорот е НЕ, ама некои прогледуваат низ прсти во СК, ама низ Европа не се сите толку фини..едноставно си почитуваат правила.. Патем, торбица е друго куфер друго.. торбицата е мека и можеш и со сила да ја напикаш во тоа за мерење..
Јас имам плаќано 40 евра за такви некои си 3-4 см. Поисплатливо ми беше да купам куфер со точни димензии отколку така на жими мајка. Инаку кај нас пуштаат без проблем, но предупредуваат дека во другите земји се плаќа, па се е на сопствен ризик.
Знаете ли каде во Скопје има да се купи ранец или мала торба со димензиите 43x32x25 што се внесува бесплатно како рачен багаж во wizzair?
Зумбулче, тие димензии се отприлика сите нормални спортски ранци што можеш да ги најдеш низ продавниците за спортска опрема, со некој сантиметар плус минус и нема никаков проблем да ти прават. Јас редовно патувам со Wizz, а мојот ранец е Li-ning, сеа баш го мерев и е поголем со по 2-3 см oд секоја страна според дадениве димензии. Битно е само да ти го собира под седиштето
Итно ми е многу!!! Колку пари се плаќа за промена на датум? Сакам една недела порано да си идам па упатете ме како оди процедурата а картата веќе ми е закажана за на 24 септември, однапред фала !
@Adi888 смена на датумот ќе те кошта 35 евра плус разликата во цената помеѓу двата билета. Пресметај си, може поевтино ќе ти се фати да си купиш нова карта.
5 евра ми е разликата во карта тоа проверено ми е и не е многу, ме интересираше другиот трошок фала ти сепак а сигурно дека можам да ја сменам така?
Може https://wizzair.com/en-gb/information-and-services/booking-information/changing-your-reservation#/
Дечки во рачниот багаж, не е дозволено никакво носење на течности? Од неодамна почнав да носам леќи, и неможам да се замислам без нив да одам некаде без нив. Течноста зс леќи смее во рачен багаж да се носи?