На течноста пишува 355мл. А не би ја префрлала во др шишенце, бидејќи не е препорачливо. :/ да земам само специјална кесичка и да го ставам шишенцево?
Може да помине, ако не обраќаат внимание, ама веројатно ќе ти ја фрлат. Т. Е. искрено не верувам дека ќе ти помине, ај да е мало шишенце а да не е во ќеса може и ќе помине... НЕ смеат да пуштаат многу течности во авионот.
Најдобро земи малечко пакување течност за леќи т.е. амбалажа за патување. Има по 100 мл или помалку зависи од која фирма. Најубаво појди до аптека и побарај им течност за леќи ама за патување ( помалата амбалажа). Aosept - http://prima.mk/ao-sept-plus-90-ml Boston - http://prima.mk/boston-conditioning-solution-120-ml ( Сега приметив оти е од 120 ml) И знам дека Прокулин имаат околу 160 - 180 ден.
Здраво женски... Сега ги гледав картите за Лондон и сакав да резервирам но не ми е јасно во врска со wizz go. можам да земам среден куфер за поголем рачен багаж и дали плус може друга некоја торбица со најмногу 23кг. И кои треба да бидат димензиите на втората торбица или куфер. Има ли некој патувајќи досега вака. Еве ви слика
@Sungold рачниот багаж оди горе во авионот со тебе , има 2 видови на рачен багаж помалиот е бесплатен поголемиот се плаќа. Искликај некоја рандом карта во вториот чекор откако ќе избереш дестинација и датум ќе ти даде да внесеш име и презиме и потоа да одбереш багаш. Тука можеш да ги видиш димензиите. За голема торбица може 23 или 32кг. За нив нема димензии само да не ја надминуваат таа тежина.
Дали wizz air рефундираат средства ( и колку) доколку картите се купени а поради непредвидени работи не си во можност да патуваш Искуства?
https://wizzair.com/mk-mk/informati...-discounts/povrat-na-sredstva-i-kompenzacii#/ Јас ова го најдов на веб сајтот + мм се јави директно во виз ер и му кажаа рефундираат одредена сума. А ти имаш искуство или ?
Ова го знам, ама никогаш не сум купила карта поскапа од 5000 во еден правец, за да рефундирам. Инаку да, рефундираат откако ќе си ја платиш таксата и ќе чекаш 2-3 месеци.. А поевтино ти е само да го смениш датумот или да ја баталиш картата.. Така јас направив со 2 карти, беа по ококу 1200 ден секоја Колку ја плати картата по правец? Моето погоре дека не рефундираат се однесуваше на тоа дека не рефундираат како на пример Аустриан или Туркиш .. т.е не ти се исплати..
Рефундираат сите, особено ако картата е поскапа и е на повисока класа. Прашањето е колку Austrian, Turkish и други компании обично ги враќаат само аеродромските такси и тоа е најчесто многу мал износ. WizzAir исто враќаат пари, но за карти од по 2-3000 правец нема ништо.
Па 2200 денари е промена на 1 лет за едно лице, што значи дека за да ги смениш 2те карти за 2те лица ќе платиш 8800