Кoгa резервирaм кaртa никoгaш не ми се дaвaaт пaри зa флексибилнa дaтa, a кoриснo е и не е скaпo. Имaше некoј рoк кoлку дo лет мoжеш дa нaпрaвиш прoменa. Рaзликaтa вo ценa спoред дaтa се дoплaќa.
@vitamina http://www.crnobelo.com/novosti/svet/51734-wizz-air-ja-ukinuva-doplatata-za-racen-bagaz По 29-ти октомври, освен малата патна торба со димензии 42х32х25, ќе може бесплатно да внесете и поголема патна торба со димензии 55х40х23. За летовите по 29-ти октомври 2017-та, цените на билетите во една насока опфаќаат такси, административни и други задолжителни давачки, како и рачен багаж со поголеми димензии, со максимум тежина до 10 kg.
Искрено порано наоѓавме многу поефтини летови сега не се. Ај тоа да го занемариме колку се толку се поскапи се ќе си платиме НО делот со бебе што наплаќаат цела карта а меѓутоа не даваат седиште за дете до 2 години ми е незамислив. Ич не ги сакам.. Едно пишува на крај друго плаќаш. Ама ај.. Си барам други летови а и почнав со други компании да се шлепам.. Безобразни се.. Ставаат една цена кога да чекирам сосема друга.. Нит па торба за бебе не даваат да носам. А каде што бев последен пат имав торба за бебе и плус платив смешна сума за него а овде ништо од тоа.. Цените низ аередромите и во авионите во англија се иста цена како и надвор од нив а во ск на аереодром и во авион дури поскапо и од англија.. Вода чоколатка мала и мал чипс 1000 денари ти се молам.. Ај да не едитирам се по ред.. Не ми се допаѓа ..
За куфер од 23 кг треба да платам 60 фунти. Јас за тие пари алишта од македонија ќе си купам бре.. Мој тасе се ефтини..
Не знам колку ти се очекувањата за карта, ама сега пробав да букирам на 25.10 и има карти од по 1200 денари. Пробав и со дете до 2 години. Сосе багаж ми излезе 8000 мкд повратна. Не е скапо ова за мои критериуми.
8000 мкд повратна со се куфери тракатанци и бебе сигурно не е. Само куферот ми кошта точно 61 фунта да така не знам што гледаш ти а не е ни битно тоа.
Кај мене вади други суми. Баш оваа недела бурно гледавме со маж ми. Верувам да е 8000 во еден правец во два не верувам дека е толку. Т е од мојот акаунт не е.
Картите на виз ер се "ефтини" Плус багаж, плус за букинг, плус за превоз давам до Лутон, ѓавол ипол испаѓа. На Бритиш земаш карта за 150ф повратна и уживаш. Превоз до аеродром ми е фунта ипол. @vitamina ти кој аеродром го користиш? Хитроу испаѓа најефтин, ама лета само до Софија.
Кукла кажав веќе дека не е можно а што гледаш ти и упорно убедуваш не знам и не ме интересира. Кај мене тие твои пресметки не се на акаунтот и не виреат за жал, и ок е не ме убедувај во нешто што знам дека не е така. Еве потврда и од девојка во англија компетентна да каже @malerozna . Тука ја завршувам дискусијата. И нема жива сила што ќе ме убеди ви спротивното оти го јадам стапот секој пат не еднаш 2000 денари карта и трошоци тоа у мое село го нема а за твое не знами не ме интересира. @malerozna и јас имам убаво искуство од хитроу. Одевме во грција и плативме смешна цена во ек на сезона. Виѕ и лутонот се живи глупости ама па други што не претовараат не знам освен овој па затоа го шлепам оти морам. Ти со кој идеш?? Би ми биле корисни информации.. Која компанија е авионот на хитроу до софија? Би можела и со оваа да се прошлепам оти од виз ми е преку глава..
@vitamina Од Хитроу до Софија има Бритиш ер и има Булгариан Ер. Слично време им е летот. Јас секогаш различно летам. Зависи од ситуација. Ама бритиш ги преферирам заради лесно достапниот аеродром. За Лутон морам 5 саати пред летот да тргнам од дома, Хиртоу ми е на 45 мин од дома. И со Изи Џет имам летано од Гатвик, ама и таму има големи гужви. Лутон е лудница. Позитивна страна е што до Софија има барем 6 лета во еден ден. А за до Скопје не ми се лета, затоа што секогаш ќе се најде некој кретен да ти се закачи за нешто. Понашање им е нула на аеродромот. Не секогаш најефтината варијата е најпогодна. Или доцна слетува, или нешто друго фали. Плус овие никогаш не прават проблеми за број на чанти горе. До скоро даваа и храна. На виз можеш и да доплатиш. Виз се ок само ако си на зорт, а на другите картите се прескапи. Рајан ер уште ги немам користено. Ама сега гледав дека откажале многу летови.
Не знам како @vitamina куферот ти кошта 61 фунта кога цените се стандардизирани. Не може мене 36 да ми покаже, тебе 61 а на цацко 80.. Значи дека правиш нршто погрешно. Куфер од 61 фунта нема, макар и најголемиот го одбереш.. Еве ти за рандом датуми, 15ти до 25 окт.. Со се куфер и дете до 2год.. И каде тоа вода, мало чоколатце и мал чипс ти ги наплатиле 1000ден Чипсот е 3е, водата 2.5, баунти кит кат и сникерс по 1.5 што значи 7 евра.. а не 1000ден. И тоа даваат во сите можни валути да си платиш па и со картица.. Кога претерувате, барем претерувајте со стил.. И смени си ја апликацијата, очигледно те краде ... во право е @kukla21 Патем, картата горе е ПОВРАТНА..
Далеку да не разбира маж ми од еден виз аир .. патува со години. На вам ако ви е така нека ви е. Јас гледам за нас како ни е и тоа ми е важно. Не се мешам у туѓи штипки. Поздрав и убав ден.
Ама човек си Витаминке, дури и на нацртано не веруваш.. Друг начин како да ти објаснам, не знам. Освен да земам и да ти резервирам карта.. Ама твое си е. За твои пари со кои сакаш ќе се возиш, само не шири дезинформации.. Поззз