Дечки смеам зачини спакувани од продавница како што се во долен багаж да пренесам? Или да не си го барам со боринче? Хаха по маркетите таму се на холандски е пишано нема да можам да купам сакав куркума и рузмарин неодпакувани да си однесам. Бидејќи не одам на 1 недела таму. Позз
Фала на одговорот! А има некаде кај што пишува дека семее да прочитам. Или пак да не треба да пријавам?
Јас носев зачини, чаеви и 15 чоколади од по 100 грама сега кога патував пред три недели, во рачен багаж, смее, ич да немаш гајле, нема потреба да пријавуваш
Си плаќаш 30 евра за Wizz Discount club card, и после сите карти ти се за 10 евра поевтини, + дополнителни 20% попуст во одредени денови. Мислам дека е исплатливо, со една повратна карта веќе си враќаш 20 евра, па од наредните пати веќе се чувствува бенефит
картата е платена не е чекирана само со рачен багаж кој оде со картата може ли да се доплате сега накнадно плус за куфер ? како одат цените за куфер од 23 и од 32 кг
Можеш да доплатиш. Оди во профилот и ќе ја видиш опцијата. Цената зависи од сезоната и рутата. Од 15/25е до 45/50е
Ако не одберам седишта при резервација и плаќање, оставам они да ми одредат, ако се повеќе карти купени заедно ќе бидат по нивна волја распоредени едни до други, или има шанса да се расштркани низ авион?
Доколку еден ги купува картите за сите тогаш веројатно ќе ве стават заедно, но тоа зависи и колку е исполнет авионот во моментот кога се резервираат картите.
При групно букирање секогаш биле едно до друго се додека постоела можноста за истото, односно имало слободни седишта.
Дали кога ја купувам картата он лајн, се плаќа само таа сума што е наведена, или има плус давачки кои не се во цената?
ајде некој поупатен, вака купив карти од скопје до братислава повратни билети онлајн, но не ставив седишта, дали таму ќе ми дадат било кое седиште (колку што сфатив) и дали ќе ми наплатат нешто плус? резервирав само со рачен багаж, што смеам да понесам во тие 10 кг? (електроника не и течности не, така? друго, колку време пред лет треба да се чекирам? ги испринтав тие кодовите што ми стигнаа на маил, но не е како класичен бар код (како што беше предтоа) туку пишува Flight confirmation code тоа е тоа?
Кога ќе се чекираш, добиваш бр на седишта. Не се наплаќа плус за рандом седишта.. Електроника смееш, течности по 100мл 2 дена пред лет најрано можеш да чекираш, ти пишува таму кај картите Не треба да го принташ мејлот, кога ќе се чекираш ќе си ја симнеш бординг пассот и таа ја принташ
Да де, се логираш на страната на визз и ги чекираш картите. Откако ќе се чекираш ќе ти се појави download boarding pass, ќе ги симнеш и испринташ. Не принташ од мејл. @bella24
Сега кога направив чек ин на картата видов дека седиштето ми е во најпоследниот ред. Можам некако да доплатам за да сменам за седиште за понапред? Онлајн да барам или утре да ги прашам на шалтер? Или пак стјуардесите ? Еве не знам.
Имаш таму на профилот кај што пишува број на седиште и опција за промена на седиште. Ама најчесто за слободни ги дава оние ххл со прилично скапа доплата..