Дали кога патуваш во странство треба да имаш најмалку 6 месеци до истекување на пасошот или може и помалце. Патувам во фебруар а пасошот ми истекува во јули дали треба да си го продолжам?
3 месеци максимално, мене ме вратија првиот пат, на 21 фебруари ми истекуваше, а 25 декември беше, да сум отишла на 21 декември ќе ме пуштеле онака не можело.. барем така беше кога требаше да патувам, но за сигурно продолжи си го, да не се разочараш.
3 месеци МИНИМАЛНО Не масимално.. Некои земји бараат 6 месеци, ама ретки се. Сепак зависи од државата каде што треба да влезеш.. Во Грција имам влегувано и со важност од уште 2 недели..
последно рачниот багаж од 13 од можни 10 кг ни прегелда преку прсти тетката го пуштивме да оде доле во авионот има и таква опција сега со измените
Да а со приорити бординг горе го носиш обавезно Само што не на сите аеродроми низ Европа прогледуваат низ прсти Не мораш.
Во право си Сега го прочитав мејлот, некни така било. Ама досега попустите им важеа во двата случаи. Сега веројатно сакаат да ја протуркаат апликацијава Не. Ама имаат нов возен ред од средината на ноември.
@Dust или кој било, имам прашање. Ги гледам новите димензии на рачен багаж, моево куферче е точно 55цм високо, ама без тркалцата, со нив е околу 60. Би ми правеле ли проблем? Не знам дали тргалцата спаѓаат во вкупната висина.
Кај нас (на скопски аеродром) може нема да ти направат проблем, ама може таму каде што ќе одиш. Овде на Скавста цепидлачат за милиметар и грам вишок, во неколку наврати повеќе случаи сум видела со свои очи додека чекавме да се чекираме Работава е, како ќе му се погоди ден на тој на шалтерот