Дали некој патувал со најниската басик карта со рачен багаж а имал куфер со по 3цм поголеми димензии од дозволеното мојот куфер е 58 42 26
Кај нас може да те пуштат ама низ Европа многу тешко. Ќе те натераат да го ставиш во оние за мерење димензии и кога нема да влезе ќе те натераат да си платиш.. Пази и на тежината. Мене ми го мереа вчера рачниот..
dust ти на која дестинација патуваше? јас ке патувам од лондон до скопје. предходниот пат не го мереа и немав проблеми.но откако го сменија правилото за рачен багаж ми е страв сега. Незнам дали да купам нов куфер ?
До Будимпешта. Ама откако се смени правилото неколку души ми кажа дека им мереле. Веројатно не на сите, кој се гледа така поголем и потежок.. Инаку да, мене ме натераа да го ставам на лентата да го измерат колку тежи, иако беше ранец, не знам ни како ми го виде на грб од косава Има некои строги ептен, некои не.. А за тоа што ти е поголем во димензии, ич не си играј ако не сакаш да си доплатиш.. Ако не ти го собере горе, што ќе правиш? И онака најчесто е преполно..
Само едно. Инаку @Gosh и јас планирам да го направам тоа, мислам дека може, ама нека потврди некој поупатен
По правило не може. Јас обично носам една ташна која можам да ја превиткам и да ја ставам во куферот ако ми прават проблем. Од овде никогаш не ми правеле, ама за назад да.
Само ако докупиш приорити бординг Моментално сум на аеродром и ташната ми рекоа да ја спакувам во рачниот.. И тоа ептен мало ташниче, околу 20х20 цм кај што си носам документи и такви стври. Јас и онака планирав, ама ја извадив баш за пасошот и пари
Имам едно прашање ,можеби е глупаво ,верувам ве има искусни и знаете,а мене не ми е јасно. Гледав агенциски организирани патувања за 8 март за Будимпешта со авион на wizzair,и напомена дека се доплака 2100 аеродромски такси во агенција,а ако барам билети дирекно преку wizzair ми дава некоја севкупно смешна цена .Во што е финтата со аеродромскава такса кај агенцииве?
Девојки pls help Само што резервирав две карти за Ајдховен. На крајот од целиот процес на резервирање ми стигна емаил со Вашиот план на патување место карти што треба да ги отпечатам??? Дали знаете како тече процесот? Исто при резервирање на басик пакетот пишува - пријавување 2 дена пред поаѓање PLS HELP Фала многу
Кога ќе ги чекираш картите, тогаш ќе ти ги даде за принтање. Да 2 дена пред тргнување најрано. За порано чекирање треба да купиш седиште.
Права кражба се. Има нон стоп по 1200 ден повратни за виз членови.. Си земаат произволно некоја сума, претпоставувам поради промена на цената на картите.. За Будимпешта не ти треба агенција. Визз карти. Кога ќе се симнеш на аеродром, излегуваш и од лево ти стојат автобусите. 100Е оди директно до главниот плоштад и чини 3евра, 200Е оди до прва метро станица .. Карти на лице место, има апаратче за карти на станицата и вработени што помагаат. Метрото и општо превозот им е одличен. Ако сакаш шатл бас околу 13 евра е од правец и те носи до адресата.. Сместување на Букинг. Има бесплатни пешачки тури, сепак се очекува симболичен бакшиш за трудот. Посебно за Будим посебно за Пешта. Крстарење на нет ако резервираш е поевтино.. Што те интересира слободно прашај ме
Ај кажете ми се најосновно што не смеам да носам? Сув шампон не така, пошто е под притисок шишенце како дезодоранс.. ? Течност за леќи ? 7days кроасани ?? На секој лет има бесплатен интернет? Рачна чанта за преку рамо + рачниот багаж е дозволено севкупно да не преминуваат 10 кг. по ново или како , само едното или само другото , или рачната да ја ставам во багажот?
На ниеден лет нема интернет. Ни бесплатен ни платен. Кроасани можеш да носиш. Не смееш течности повеќе од пропишаното, остри предмети, пиротехника, оружје, ножеви и сл Смееш течност за леќи Рачната во багажот.
Не сум носела спрејови до сега, парфеми пример се дозволени. Течност за леќи смееш но шишето не треба да има повеќе од 100 мл. Такви се правилата, секоја од течностите која ја носиш да не надминува 100 мл. освен онаа што ќе ја купиш од фришоп откако ќе помине контролата но имај на ум дека неможеш после да ја вратиш. Храна ти е дозволена, можеш да носиш. Интернет нема на никој лет. Рачен багаж е дозволено само едно парче со тоа што обично не прават проблем за некое мало чантиче на тебе. За големи дополнителни чанти прават проблем. За секој случај, чувај и за чантичето место во торбата/куферот.