Итно!!! Значи кликам кај пријавување и резервации а да ја чекирам картава и не дава ништо или ја не знам и онака прв пат резервирам и чекирам. Како треба кажете ми ве молам... Летот ми е во четврток
Да да, во право си, моја грешка, извини. Ама мора да се почека и точниот час на летот Јас имав вечерен лет, во 22 и морав да чекам точно до 22 часот за да можам да се чекирам.
Какви се искуствата со непријатни полетувања и слетувања со визз? На враќање од Рим имавме малку драматично слетување,на скопскиот аеродром имаше магла авионот проба да слета па нагло се подигна што предизвика вриштења од луѓето во авионот кој не беа пријатни,а персоналот не најави што се случува па сите бевме со претпоставки.после 15 мин.слетавме без проблем.
Мене ми е во 13:45 а јас пробав денес во 16 и би требало да може ажа не може ми го дава ова и не знам што да правам
За каде леташ?Мислам дека за Германија имаше некој проблем со онлајн чекирање. Се чекира исклучиво на аеродром.
За Германија летам да па очигледно има проблем оти не сака ни преку страна ни преку апликација на телефон. А колку се плаќа за чекирање на аеродром нели е скапо?
Кај view booking кога ќе отворам и разгледував и го има ова и не ми е јасно значи не можам ќе морам на аеродром
Како и со сите компании, нема што да се жалите. Не секое полетување и слетување е како од книга. Ние со Аустриан кружевме околу Скопје 40тина мин и тоа менуваше висина како му текне, мислам цревата ќе си ги исповратев.. но тоа не секогаш е до пилотот. Има протокол и пропис, но и моментални (не)прилики кои влијаат врз тоа.. Бидете среќни што нагло се кренал, не било без причина. Можеби многу потрагично ќе завршело инаку.. Патем, стјуардесите не се овластени да даваат сензитивни информации. За тоа може да одлучи само пилотот. Убаво си пишува, дека онлајн чекин не е возможен. Нема што да докажуваш, системски е тоа. Чекирањето на аеродром е бесплатно во овие случаи.
Ај едно прашање Го пробувала ваучерот од скопски маратон сестра ми кај треба да се впише и кликнала redeem на лет шо не планира да оди И летот чини 70 евра минус ваучерот 50 евра. Прашањето ми е ако не се појави(и ако не се чекира, ако не плати остатокот секако нема да се чекира) ќе и одземат од сметка уште 50 евра или само ги губи тиен20 евра од ваучерот?
Е што дека.. Кој резервирал знае дека тоа е за тогаш.. Секое плаќање е посебна приказна.. Додека не кликнеш дека ги прифаќаш условите и внесеш целосни податоци, нема од кај да ти одземе..
Од магла пилотот не може да види каде треба да слета, се случувало и со Turkish airlines да кружат горе саат, саат и пол, дури и ги препраќаат летовите во Охрид.