Мојата е дупла количка, 3 дела. Транспортер, седиште плус основа. Пред влевање ја разглобувам и давам дел по дел. Може и со два и со три дела.
@danichap дали можам да си го носам монтажното креветче спкувано како во ташна? Знаеш од оние класик со тркалца??
Монтажно немам никогаш носено, но од искуство, кога работев за друга авиоккмпанија, важно беше само да е едно парче. И во вреќи/најлони носеле луѓе и не било проблем. Гледај да има рачка или слично за да ја наместат лентата. Ташните за овие креветчиња мислам си се таман со рачка.
Самото креветче си има торба со рачка за пакување. Значи го ставам во торбата и е тесно а долго во дожината е повеќе од класик торба. До сега не сум видела некој да носи. А пишува на wizz дека може. Па не знам ќе.ризикувам ако не дадат ќе го вратат назад.
Дали може да побарам торбата (онаа до 10кг бесплатна што е) да ми ја стават доле кај багажот, да не ја носам со мене во авион? Или ќе ми наплатат
По ново, од кога воведоа новиот багаж, им пишува уште веднаш дека целиот рачен багаж нема да биде во авионот. И мене некој ми рече дека сега давале да побараш да ти го стават рачниот багаж доле, а колку е вистина...
Може, гарантирам јас ја праќам долу со останатиот багаж (нормално немам важни работи во него, затоа и го праќам). Без доплата е Поубаво ми е така затоа што не треба да го кревам во кабина. А бидејќи речиси секогаш сум со приоритетна карта, тоа подразбира уште една ташна со мене горе, каде што ми се важните работи и документи (најчесто ми е ранец со лаптоп во него). Вака патував скоро во март /април, затоа потврдувам А и на самата карта, на најевтините карти, ако не се лажам пишува - дека не може да гарантираат дека багажот (10кг) ќе биде со вас.
Кај некои авиокомпании дозволено е пред влезот, кога се даваат количките, да се даде и рачен багаж. Па истиот ти го даваат кога испаѓаш. Е во визаир како планираат да го изведат не знам. Кравче ќе сподели информација од прва рака.
Супер! Фала многу, вака ќе ми одговара. Немам дополнителен рачен багаж, ама не патувам сама, па мислев да се поделиме со торбите, за ствари што не поминуваат за во кабина да ги спакуваме во едната торба. Ќе споделам искуство кога ќе се вратам
А и да не те прашаат дали сакаш да го пратиш доле куферот, сама кажи си Во МК ме прашаа, ама во Братислава не, сама си кажав
Во МК никој не ме праша ама во Софија, Будмпешта и Израел сите не прашаа дали сакаме долу... Од другарка што е стјуардеса за Визз имам наслушнато дека кога е полн летот обавезно нудат, затоа што горе мислам рече до 90 парчиња собира т.е пола од вкупниот број ..
Некој ако знае да ми одговори..Дали вракаат пари доколку не се искористат картите..Летот беше за Дубаи но требало најмалку 6месеци до истекување на пасошот а пасошот истекува во Август..А се е платено и хотел сместување и карти се..Дали би ги вратиле парите..?
Дечки ај ако знае некој да ми помогне. Резервирав лет за летово за Германија пред неколку дена, ама уште ми нема повлечено пари од картичката и ми стигна меил дека резервацијата не ми е завршена и дека требало во рок од 48 часа да потврдам, а ми стигна и шифра за летот, кај тоа status ми пишува confirmed.. Знае ли некој што треба да направам? Тие 48 часа се поминати и нигде не ми пишува да потврдам...