Ако ти сигна код со потврда, мислам дека тоа е тоа. Најави се на твојот акаунт, било на телефон или на компјутер и види дали ти стои резервацијата во Upcoming Bookings, и дали можеш да си додаваш нешто доколку сакаш. Ако да, се би требало да е во ред П.С ако си одбра седишта, можеш да се чекираш 30 дена пред лет, така да ако летот ти е за околу 30 дена и имаш резервирано седишта, види дали имаш опција за check-in.
Здраво одам во понеделник со само рачен багаж (мало куферче и ранец) на одмор и имам неколку прашања. 1. Пегла за коса смеам да носам во рачен? 2. Бигче, чупалица и мало огледалце? 3. Имам млеко за тело 200 милилитри, течност за леќи 100 мл, пудра 30 мл, крема 30мл. До колку мл смее во таква специјална кесичка да се носат течности? Фала
Здраво 1. Пегла за коса смееш 2. Чупалица и огледалце имам и јас носено, а за бикче не знам, не сум носела во рачен багаж. 3. Во ќесичката смееш максимум 1 литар течности, но поединечно да се до 100 мл. Во случајов, не смееш млекото за тело од 200 мл Среќен пат
@sanja.burgundy ти одговори на прашањата, само прашај си за рачниот багаж да го пуштиш долу во багажниот дел на авионот, зашто може да ти прават проблеми дека носиш и рачен и ранче, па ќе ти речат ранчето да го ставиш во рачниот.
@DimitarLuna @SparkyAngel Или ако има приоритетен, нема проблем дополнителниот ранец, нели дозволено е парче багаж плус
тогаш торбата или ранчето побарај да оде доле и тури си се таму а во обична ташничка стави си најнеопходно докуманти и сл
здраво, би сакала да ве прашам дали знаете како можам да ја испечатам картата,бидејки или јас нешто сум згрешила или незнам да си ја испечатам , картата е платена статусот е потврден и се си е во ред ми стаса маил со фактура и план за патување. е сега како да ја испечатам картата кога на чекирањето никаде не пишуваше испечати карта. ? ви благодарам
Логирај се на профилот од компјутер и оди во делот каде што пишува "You have 1 booking". Ако веќе си чекирана, таму ќе ја најдеш картата во pdf верзија - симни ја и испечати ја
Кратко прашање девојки: шишенцата со течности до 100мл во рачниот багаж, има врска дали се пластични или стаклени? (Да не не се дозволени стаклени, и тоа може да послужи како оружје )
Ако до летот имаш повеќе од 30дена не можеш да ја испечатиш.Доле кај картата пишува за колку дена можеш да ја испечатиш
Имам Wizz Priority, рачниот багаж ќе го оставам доле, дали ќе можам во него да ставам чоколади на враќање?
Девојки ако може информација. Дали може да се смени името на патник? Нема проблем ќе си доплатам само дали има таква опција воопшто?
Да има таква опција. @sanja.burgundy сакав да те прашам ќе летам со виз ама и со раинар. За депилатор прочитав може, но за несесер и такви работи и пудра, маскара мора во зипер ќеси или ипак не? Мора посебно шише за пудрата или не? Прв пат летам и секој различно ми кажува. Едит: Прашувам за рачен багаж.
Да, имам носено мнооогу чоколади и секој пат со страв дека ќе ми ги земат, ама никогаш не сум имала проблем Да, без проблем Речиси сум сигурна дека проаѓаат пудра и маскара без проблем, ама не сум најнајсигурна :/ А и да ги ставиш во зипер, не одземаат многу од "мл" по колку се, пудрата 30/50, а маскара 7/10мл. А инаку не мораш секое во посебна кесичка, јас сите го ставам во една Сега ми текна дека и креми за раце ставам во истата ќесичка, затоа што и за нив не сум сигурна ))