Има во ДМ кај ќесите и можно е во поголемите маркети. Едно време имаше и на аеродромот бесплатно да си земеш пред да се качиш на царинска контрола, ама јас не би се препуштила на таа опција. За цената не знам точно, околу 100-200 ден, мислам дека беа со 20 броја внатре.
Се надевам некој од форумов не се излажа да земе 2 карти за 1 долар Колку треба мозокот да не ти функционира и да ти биде застанат во место, за да паднеш на толку ниска финта. Ако дал некој сметка и информации се надевам сте ја блокирале досега сметката
Зипер ќесички може да најдете и во Рамстор маркетите. Овие се малите (околу 60-70 ден.), има и поголеми.
Уште едно прашање дали може да носам мал лаптоп горе во малата ,,торба/ранец,, горе и дали може да го користам
На таа за Приорити, нема ограничување во килажа, само димензии. Таа што оди како +1 small bag (40x30x18 ) . И јас барав на сајтот не најдов информација за тежина
Лошо го разбрав прашањато Веројатно претпостави, мислев на регуларната торба кога имаш приорити.. Секако во таа малата освен камења ако не носиш, повеќе од 5-6 кг не би собрала
Zdravo, za deca pod 2 god koi za vreme na letot sedat vo vasiot skut, ne na posebno sediste.. dali se plaka?
Да. Има детално информации на самиот сајт околу плаќањето за деца под 2 години. Не се плаќа цела карта, не ми текнува точно како беше, меѓутоа се плаќа.
Течности не повеќе од 100мл во едно пакување/шишенце, дездоранс.. Ако сакаш да носиш пример шампон за коса стави си во мало пакување до 100мл. А такви можеш да земеш повеќе.
Да. Последно кога бев немаше такви кеси кај нас на аеродром, а порано и јас имав забележано. Инаку мој предлог, најдобро е да си порачате од алиекспрес или можите да најдите и во џамбо сет за патување. Во кеса со зипер има пластични шишенца во различни форми до 100мл, во кои можите да си претурите шампон и се останато, ем средени на едно место, ем не прават проблем така
Кеса празна на нашиот аеродром последнава година, не сум приметила. На други аеродром ти даваат, пример во Барселона ел Прат и Наполи има.
За неколку дена првпат летам со wizzair до Германија, како што прочитав погоре не треба да правам онлине чекинг туку таму само неколку саат пред летот со ископирана карта? И бидејки летам со опција за чекиран куфер 20кг во него можам да ставам течности( шампони, дезодоранси без тие ќесињата) жилети, полначи такви работи и лаптоп со мене?