Здраво, на Wizz Air страната прочитав нешто дека ако немаш Priority рачниот багаш може да ти го стават со другиот багаж. Дали сте имале вакво искуство? Патувам во сабота само со рачен багаж.
незнам каде да пишам ама ке пишам овде, дали имате искуство со купување на билети преку туристички агенции еве евентуално од Аурора турс за Хургада билет?
Не можам да одговорам на прашањето, но и мене ме интересира. Доколку најдеш одговор, би те замолила да споделиш. Благодарам
На линков пишува што како, од тоа што сфатив, се укинува Скопје-Барселона и Охрид-Лондон, а подоцна и некоја линија до Шведска.. https://www.fakulteti.mk/mobile/new...ata-na-bileti-do-barselona-london-i-do-vaksjo
Имам резервирано за Барселона во декември и уште пред некое време. Дали знаете ке враќаат ли пари, ако не ги вратат летовите или како ке биде? Катастрофа ај и Виз нека ги избркаат, единственото нешто добро во државава, срамота.
Дали попустот се купува само при резервација па потоа важи и за наредни летови или може и претходно да се купи? Ако е некој информиран повеќе би го замолила да ми пишува лп.
Членството (за попуст) се купува при купување на некоја карта и важи 1 год.. А овие 20% попуст (како вчера или некни беше) важат само на денот кога е објавен и за одредени летови..
Со картата го купив и попустот најверојатно, плус и се регистрирав. Сега на наредни летови ќе можам да си ја селектирам цената што е со попуст без притоа да го плаќам повторно. Вака е или во заблуда сум?
Dust, јас имам priority ама пре би да ми го стават долу рачниот, со другите куфери. Треба кога ќе ми ги земат другите да им кажам или како? Не знаев дека има ваква опција, зошто да мкнам горе куфер. И дали ако го дадам долу, дека priority, ќе можам да прошверцам ранец обичен + ташна за со мене горе, аnyone?
Ако стана визер член, т.е ако си доплати таму 2000 ден мислам беше со првите карти, тогаш кога си логирана на профилот и бараш карти, ти ги дава цените со попуст. И си ги селектираш тие цени (пониските) за тебе+1 лице.. И така 1 год .. Не верувам оти ќе прошверцаш обичен ранец плус ташна. Може само да се зезнеш.. А дали ќе ти дадат долу да го ставиш, веројатно да. Само што во Скопје ниедно правило не е стандардно...како им текне така си тераат.. Луда работа
Ќе идеш да се чекираш и ќе кажеш да ти го стават долу. Ама ако не носиш ништо што не смееш горе, попаметно ти е горе да ти биде.