Why? Мене мака ми е да дигам куфер од 10 кила горе, а во ранец ќе носам башка лаптоп и други тракатанци. Вака подигни си го на лента и чао пријатно, или не? Инаку, за "шверцањето", main point ми беше, како знаат дека си го дала багажот рачен долу? Дека priority нели има право на две торби, а различни луѓе проверуваат обичен и рачен багаж, а ако видат имаш малку рачен а си priority, ич не се замараат само ти даваат налепница, бар така било до сега.
Мене па подраго ми е сама да си го носам, отколку да ми го фрлаат ваму-таму. Јас најгрдиот куфер за долу во авион го чувам. За тоа што праша, ти треба да отидеш да се чекираш со торбите, ако имаш намера долу да ја ставиш. Не знам дали ти бележат на картата дека си ставила долу багаж (тоа појма немам)
Бележат. Ми дадоа такво како за чекиран багаж, со име и презиме и баркод И ми го залепија на картата На малиот багаж исто ми ставија лепенка... Инаку и мене ми е подобро кога го носам. Што се 10кг.. После па и да го чекам на лента..како не..
Леле, јас па за тоа ич не се замарам, затоа куферите ми се така малку ко поплава да ги исфрлила. Абе јас по секако ќе чекам на лента, ќе имам два чекирани и без овој, па ако бркам 3 куфера, малку аеробик, шоимавезе. Значи јас таква налепница, за чекиран багаж, ќе имам како и да е. Не знам дали даваат повеќе налепници кога имаш повеќе чекирани или се на една? Ќе проверам баш, не толку што есенцијално ми треба ташната, туку што се радувам кога ќе најдам дупка за експлоатација (се надевам не ме читаат од wizz).
Досега за секој куфер ми давале по една.. секој куфер има посебен код.. Додуша најмногу 2 сум носела ама..сепак
Јас печатам карта, земам рачен и плус торба, и директ на пасошка контрола. Нит чекаш на ред, нит чекаш куфери после, лепенки не ставаат ако е само рачен, мераци.
И јас најубавото чувство е кога знам дека штом излезам од авион треба да мрднам гз да се нацртам попрва на шалтер за да не ги чекам цел авион да помине.. и после да ме нема не да чекам куфери и да губам време
И на качување. Последниот пат кога поминав царина уште никој немаше од шалтерот на Визз поминато. Битно поминав, после се туфкав дали ми е стварно натаму гејтот А кога стигнав на аеродромот и видов редица до најблиското село Најубаво да патуваш без чекиран. Макар искрено, сега прв пат ќе патувам со чекиран и малку језа ми е Плус конекција, си викам ќе стигне багажот, а јас ќе испуштам некој лет по пат
Ако ти е конектиран ќе те стават на следниот слободен Ако ти се два посебни...е богами би трчала Јас имам испуштено лет, ама не бев јас крива ме ставија на следниот после некои си 5 саати умрев чекајќи
Конектиран ми е. И среќа не е Туркиш кај нив испуштив заради нив, после цела ноќ чекање (погрешен гејт објавија) и на крај пак јас крива испаднав, сакаа да ми наплатат за вториот лет и тоа онака, грда сума. Ми се згадија од тогаш, одвратно суштество беше тој на шалтерот во Истамбул
Zdravo da prasam nesto dali vo skopje na aerodromot ima Kompjuter (monitor) da mozis da si ja isprintas kartata ?? Ili ne e problem preku wizzair aplikacijata da ja pokazes Blagodaram
Pomos!!!Pativam za Germanija so wizzair samo so racen bagaz,pa me interesira dali moze i mala tasna da nosam za na ramo so kozmetika?Blagodaram odnapred!
Ќе патуваме во Декември со малото и сопругот во Гетманија ме интересира дали ако изберам 20кг бсгаж ми следува и 10кг багаж онај hand lagedge или само 20кг?
10 кг бесплатен рачен багаж следува со самата карта, за сите меѓутоа ако носиш количка за детето, да знаеш дека количката заменува еден рачен багаж
Во октомври планираме да одиме со мм и децата за Германија па ме интересира дали смеам да носам седиште за во кола во авионот..?
Транспортер може со сигурност, наместо количка, ама и тој го пуштаат доле како количката, односно се предава пред да се влезе во авион. А седиште ако е со пластичен дел доле, не би знаела со сигурност. Вака не гледам некоја голема разлика за да не би можело. Може некој друг знае.. @danichap можеби?
Планирам да носам професионален апарат ама не знам како го рачунаат, како рачен багаж или? Имам посебен ранец за него, со додатоци и се што следува со апаратот.