Некој што патувал до Амстердам преку Ајндховен, ми треба помош..слетувам во 8:55 во Ајндховен а сакам да купам карта за автобус преку превозот од Виз аир. Знам дека автобусите чекаат според летот а првиот автобус е во 9, а следниот во 10..дали би било многу рано да купам карта за 9, мислам дека би ме чекал автобусот ако закаснам или ако не, дали ќе може картата за 10 да ја искористам..и за назад летот е во 9 и пол мислам во колку мислите дека би требало да купам...5,6? на страната пишува патувањето со автобус трае 90мин но луѓе ми рекоа дека траело и до 2 саати..незнам каква е фреквенцијата на аеродромот за да знам колку време ќе потрае процедурата за чекирање и слично
@doubleinfinity Нема шанси да го фатиш тој во 9, до 9 не можеш ни од авион да излезеш. Имај во предвид дека авионот може да задоцни, дека може да има гужва на пасошка контрола, дека треба да го почекаш куферот, ако носиш... Не сум патувала за Ајндховен, ама вообичаено таа е процедурата. Најдобро земи си карта за од 10. За назад планирај околу два часа пред полетување да си на аеродром, за во случај да има задоцнување со автобусите или било што, да си стигнеш на време за авионот
Вака сега... сега гледам на страната дека нема во 10 туку во 10и30, каде виде 10? Тој во 10и30 е за летови што слетуваат до 10. Но често не се стигнува на тој особено ако летот касни 10тина мин.. Автобусот не чека. Не се само патниците од Скопје за да чека..Нас ни дадоа на следниот.. За враќање тргни си порано. Некогаш и два ипол саати ќе се возиш, а некогаш 65 мин, како ние на пример.. На аеродромот некогаш е благ збор ако кажам хаос. Некогаш пак, за 10мин ќе завршиш се, ако немаш чекиран багаж..
Знам дека е така ама мислам дека автобусот има предвид бидејќи знае дека чека патници од тој лет бидејќи превозот е организиран од Виз аир, а кога купуваш карта си го поврзуваш летот за да може возачот на автобусот да знае дека има патници кои треба да ги чека..ама реков некој да не има искуство, бидејќи незнам што да правам...моите патуваа лани на истава релација ама како за беља никаде неможам да ги најдам податоците од нивното чекирање
мене па директно преку страната од виз аир ме пренасочува на wizzairporttransfer и таму има да бираш на секој сат автобуси...ај плис кажи ми на која страна гледаш ти да си купам од таму
Нема шанси да го стигнеш тој во 9 ,додека излезеш од авион,додека чекаш пасошка контрола па и ако имаш плус багаж ќе чекаш..јас од оваа страна резервирав на нет е неколку евра поефтино а инаку имаат и штанд на самиот аеродром https://www.airexpressbus.com и имаш распоред на тргање.Патот до Амстердам е околу 2 часа.
И на https://www.p-airbus.com Таму се за сите визз ер летови.. Дури и на https://book.wizzair.com/en-GB/travel_services/airport_transfer е во 10и30
Значи ме советувате да чекирам во 10 и 30? мене ми е од една страна страв да не не стигнам ако купам за порано а за покасно пак што ќе правам на аеродром еден саат...знам дека поубаво јас да чекам ама.. пуста мака и шетањево не било лесно
Првпат купувам карта па дали може некој да ми каже, кога се резервира карта,во делот детали за наплата ,се внесуваат податоците на патникот или на сопственикот на кредитната картичка (зошто картичката не е на мое име)
да прашам дали во онаа дополнителната торба со priority смеам да носам течности како течност за леќи, пудра... и дали мора да се во кеса? и исто така дали смее да се носи во оваа или во рачен пегла за коса?
дали би ми правеле проблем ако течностите ми се во поголема кеса, немаше во дм од помали, па поголеми земав, а малку работи ке носам?
Не прават разлика меѓу мала и голема ќеса, разлика прават ако ти се повеќе од 100мл и ќе ти ги фрлат сите. Така да во една голема ќеса можеш да ставиш до 10 работи. Комбинирај ги.
Девојки ајде вие што разбирате... За летов неможам да направам check in затоа што не саакам да купам седишта. Во овој случај check in-от би ми бил 48 часа пред лет? Одам со опција wizz да ми додели седишта, бидејќи седиштата ми се поскапи од летот..