Сум заборавила, нели можеше за повратните карти и пред 48часа да се букираат? Односно со тие за првичниот лет, или јас сум помешала нешто
Можеше во исто време да се чекираат, ама последниот пат јас кога летав, за повратните карти морав да чекам 48 часа пред лет. Веројатно е нешто сменето, нека кажат и другите искуство
^изглеа е. Читам и за повратните пишува 48ч. Се збунив пошто знам дека ги имав од Скопје и повратните минатиот пат.
И повратните се чекираат и печатат во исто време, барем до пред две недели беше така. Не верувам дека нешто е сменето во меѓувреме.
А дали ги чекираше картите за одење? Јас лично не го правев чекирањето, па не знам дали се појавило ова известување.
Поскапени се, јас во Април од Скопје до Осло и назад 15ти ред до прозор резервирав за 350 ден. мислам беше. Сега гледам пак да одам и гледам седиштава минимум 500ден. се поназад. Јас неможам без да резервирам седиште до прозор затоа што фотографирам а и уживам по пејзажите.
Симни си ја апликацијата за телефон и после симни си ја мобилната верзија на бординг пасот Инаку пред две недели ми дозволи да чекирам карти за Германија и без да изберам седишта повеќе од 48 часа пред летот..исто и за повратните. Сабајле на комшивката и ги чекирав картите(не се за германија) и ми дозволи и повратните.. И моиве карти сега што треба да одам за Германија ми даде да ги чекирам и натаму и наваму пак пред повеќе од 48 саати ама само за мене и уште едната карта што е купена со членството. Третата карта без членство не ми даваше да ја чекирам
Не знам што да ти речам..некогаш е пореметено чудово..памтиш кога не сакаше ни да се логира? Или може со сањаева го правев муабетот, не памтам..Нервози.. Небитно..ако ја немаш, симни си ја апликацијата Passwallet и чекирај си се кај што ќе начекаш нет..
Јас пред еден месец кога чекирав на маж вака ми даде од Германија да ја чекирам картата 48 саати без седиште тогаш му доделија рандом седиште... е сега кога се враќаше од Ск за Германија не ми дозволи онлајн чекирање туку испечатена карта и дирекно на Аеродром го чекираа они поради контрола на документи му кажале неможело да се чекира онлајн. Исто така без членство. @Bozica1980 .
За Германија и со членство и без членство исто е. Чекирањето е на аеродром. Потребен е само пасош и ништо друго. Веќе ве имаат во систем. Освен за лицата со ЕУ пасош како во еден од моите случаи.. Барем мене ми даде да чекирам, веројатно со сите пасоши од ЕУ земји може.. За враќање во МК од Германија морате да се чекирате онлајн и тогаш добивате бр.на седиште. Инаку ќе ви наплатат такса на аеродром
Ја на мм со мк пасош му резервирам карти увек што знам сега за кратко пак ќе доаѓа и ќе видам како ќе дсде за чекирање значи за од германија до македонија му дава онлајн да се чекира 48часа а кога се ваќа натаму не морало демек на аеродром поради контрола на пасоши. Со Бг пасош му немам чекирано до сега ...
Нема што да видиш, правилото е тоа Со МК пасош никогаш нема да ти даде да чекираш карта од МК до Германија.. Можеш седиште да си платиш само..ако сакаш некое посебно
Јас стасав па да ви пишам, чекирав 48ч пред лет за назад и денес картите сами од обични се сменија во приорити. Нит доплатив нит седишта бирав. Свашта