Јас имам летано со Туркиш до Истанбул и имавме сендвич со туна и цезар салата и во двата правци. И после од Истанбул до Берлин (немаше виз ер тогаш уште) имаше готвена храна по избор од 3 јадења од мени Со Аустриан рибици или наполитанка...
Ќе летаат Рефке, процес ќе биде тоа одењето и откажувањето на линиите дури и да решат да си одат. Нема туку така од утре да се спакуваат и да ги снема.
Сега ја прашав "придружбата" Во аустриан биле рибиците сум ги измешала брзините ама ги памтам затоа што коментарот ми беше - со 5ден сакаат да поминат Во туркиш не памти. Битно не беше оброк.. Памтам само за аустриан едно грдо пилешко и грди тестенини ни дадоа од Виена до Њујорк Колачето им вредеше.. А за назад јадењето беше како во 5* ресторан Миксд филингс
Здраво За 10тина ден идам за Будимпешта имам букирано рачен багаж и плус пријавено торба од 10кг но не ми е јасно за димензиите на торбата ... Дали може да биде мал куфер или торба .. дали иде доле или горе со мене ова им е некоја прилично нова опција за торба од 10кг што си доплатив бидејќи претходно имаше опција за 20-32 кг.
Торбата од 10кг, слободно може да е мало куферче, димензии 55х44х23. Ако си ја доплатила и се води како чекиран багаж, верувам дека може да оди доле куферчето. Но ако си купила приоритет, каде што пишува дека е загарантирано во кабина, нема да ти го примат доле. До сега ги примаа, јас ги пуштав доле секогаш, за да не го влечам во кабина. Но, вчера во Братислава, не дозволија и мораше горе да се носи и тој од 10 кг. Ако изгледа на картата вака - пишува гарантирано горе, ќе мора во кабина да се носи.
Гледав карти на виз за летово, добро што е со цениве. За од Скопје да леташ до негде се движат од 1000-3000 што и не е толку лошо, сепак малце скапо а за до Скопје изгор се картите испод 5 000 денари во еден правец нема...обично кога барав месеци унапред се наоѓаа за многу ефтини цени.
@la.lori си пишува Пријавен багаж, значи оди доле За димензии во овој случај, не би знаела. За кога оди горе, се тие што ги пишав погоре
Да да доплатив за багажот од 10кг и не купив приоритет но не најдов точни димезии . Се надевам ќе може да ја пуштам доле. Еве што ми пишува на картата .
Ништо И јас постојано се мешам со новите правила, многу често ги менуваат. Сликата што ја поставив јас погоре, исто е според новите правила, баш од вчера е картата. Со приоритет багажот е задолжително горе, гарантиран.
мајка ми утре ке оди за германија,брат ми и извадил карта преку интернет и и рекол дека на аеродромот треба да ги даде нејзините податоци дека таму ке и дадат карта..таа е загрижена да не и прават проблем на аеродром бидејки ниту број од паош и побара брат ми туку личните податоци..картата е во еден правец
Нема да и прават проблеми, нека оди. На аеродром се чекираат картите за Германија ако си со МК пасош.
Здраво. Имам едно прашање, ако имал лично искуство или инфо некој да ми одговори ако може. Сакам да купам Wizz Priority и сакам да знам дали таа торбица 1 Trolley bag со тркалца што ја пишуват, мора да е точно торбица со тркалца или може да е било каква друга торбица со истите димензии што се наведени (55x40x23cm). Немам таква торбица со тркалца и досега патував со патничка торбица со слични димензии, ја собира во оние мали кафези на Wizzair за проверка на димензиите што ги има на аеродромите и тежината зависи што носам во неа изнесува 5, 6 најмногу 8 килограми досега. Може ли да патувам со било каква торбица со тие димензии (55x40x23cm) или мора да е стриктно тролеј торбица со тркала? Ве молам, ако знае некој за сигурно од искуство да ми каже. Или ако постои телефонски број ако некој знае, каде може да се праша за ова. Благодарам однапред.
Имам помалце од 24 часа до летот, но не ми дава опција за да ја резервирам картата. Немам ништо внесено од пасошот, а немам ни одберено седиште. На аеродром е по новите правила да се резервира карта ? За од Македонија прашувам.
Да не е полн авионот? Да не' се резервирани сите седишта? Проба да се јавиш и да прашаш? Мислам дека имаат контакт центар. број.
За Германија да не леташ? Авионот не може да е полн, со купување на картата добиваш и седиште, само што не го знаеш додека не ја чекираш картата или доплатиш за одбирање на посебно седиште