За сите ниско буџетни компании од Европа освен EasyJet плус арапски авио компании + чартер летови. Што се однесува за Wizz Air тука на аеродромот во Берлин доколку се појави патник без чекирана карта , истиот е должен да плати 35 евра за да му испритаме boarding pass, нема апсолутно ништо бесплатно. За секое кило плус се стриктни и се мора да се доплати, се води строга евиденција кој на кој компјутер му има испринтано и наплатено за секој патник посебно, мораме да внесуваме invoice number за да биде регуларно. Не знам како е на скопскиот аеродром, ама тука не 100 %, абе 200 % ќе мора да плати ако дојде без чекирана карта. Некој погоре прашал за малите куфери со тркалца, во ред е и торбица да земеш и имај на ум тоа важи за оние кои платиле авио карта со вклучено Priority.
На Виз ер страната тоа е фино наглсено, дека освен за аеродромите каде не нудат онлајн чек ин, се останато се плаќа. Си има опција за да си доплатиш 1300 ден за чекирање на аеродром уште кога купуваш карта. За Германија сите што летаат од SKP, задолжително се чекираат на аеродром без никаква доплата.
За 10тина дена летаме со другарка и планираме да ја чекираме картата 48 часа пред поаѓање и сега сакам да прашам дали кога ќе чекираме ќе ни дадат да си одбереме седишта или пак тие автоматски ќе ни доделат? Зошто сакаме да седиме заедно во текот на летот... И да напоменам резервацијата ја направивме преку ист акаунт.
Обично даваат еден до друг но ми се има случено да не се. Седишта ако сакаш да си одбереш се доплаќа. Ако сакаш и ако има слободно место, можеш да промениш седиште откако ќе ти го доделат при чекирање и тоа се наплаќа по регуларна тарифа.
Да ве прашам, купив карта со куфер cabin luggage тој со нас што се зема горе. Е сега сакам да сменам за чекиран куфер. Има таква шанса?
Прашањето не ми е баш за овде ама не знаев во која тема да го пикнам Ако знае некој нека помага Мм планира да лета Мк ама пасошот му е истечен, има Бг пасош за од овде не е проблем ама кога ќе стигне во Мк? Сигурно како Мак.државјанин не ќе може да помине со бугарски документи или пак со мк. лична карта, ќе треба да си плати казна по мое
На линкот со резервацијата треба да влезеш. Ќе се најавиш и потоа ти се отвора мени за да менуваш во рабоите што ги плаќаш за летотл. Преку таа страна всушност и се чекираш (ако не чекирањето на аеродром се плаќа, освен за летови за кои нема онлајн чекирање). Таму имаш опции за плус багаж ама мислам дека немаш опција рачниот да го смениш во куфер што оди долу туку само да си докупиш екстра куфер.
Пробувам да ја чекирам картата за од Германија ама ми пиши дека моментално не може да се избере седиште, а утре ми е летот. Пробував и вчера, истото ми го пишеше. Има и некој друг ваков проблем?
Прашајте кога ќе влезете дали може да седнете заедно, обично кажуваат дека седиштата 25 и 26 од двете страни се секогаш слободни.
Дали рачниот багаж 40х30х20 мора да биде ранче или рачна торба или пак може да биде и куферче со колца со тие димензии?
Дали некој знае кои документи освен пасош и согласност од двајца родители се потребни за само да патува дете од 14год? Јас прашувам за Норвешка, но секојја инфо. добредојдена е. Инаку детето има роднини таму, па кај нив ќе престојува. Или некој корисен линк пратете. Благодарам.
www.akademik.mk/servisni-informacii/izdavane-odobrenija-za-patuvane-vo-stranstvo-na-maloletni-litsa-do-14-g