Не ти е потребна виза (Шенген зона), испринтај си за во секој случај повратна карта и/или доказ за сместување (чисто да имаш доколку те прашаат на аеродром). Спојлер http://www.mfa.gov.mk/index.php?opt...atid=48:informacii-za-viza&Itemid=431&lang=mk
со новите правила за багаж под седиште со димензии 40 на 30 на 20 колку кг треба да биде, нели беше 10 предтоа, а асега? гледам ми дава чек ин за 10 кг со дополата од 450 ден
Здраво,за прв пат ќе патувам со авион и не ми е баш најпознато за багажот и чекирањето. Може ли да ми кажете што имам вклучено во цената на картата и дали за куфер треба да доплатам? Полетувам од Базел за Скопје,дали онјан или на аеродром чекирање на карта се врши? Ви благодарам
Не знам што не е јасно. По лични пораки се едно исто ме прашувате за куферите , па еве тука сликовито Значи, мала торбица можете да земете бесплатно. Ако сакате горе во кабина да земете со тркалца од тие куферите 10 кг плус , мора да доплатете пари. Доколку во картата ви е вклучено Wizz Air Priority , тогаш во кабина горе со себе бесплатно носете мал ранец/ташна + куферче до 10 кг. За секој куфер што го чекирате мора да се доплати.
Да, спаѓа. Баш ко ја испраќав сестра ми, она носеше во рачен багаж, и ја фрлија таму ко минуваше куферот под скенерот оти била 120 грама . Го прашувам полицаецот што стоеше таму зошто, ми вели, сите тие течности од козметика мора да бидат до 100 мл и во едно транспарентно пластично кесе ставени. Бидејќи посебно ги вадеа од ташна за да се уверат дали биле повеќе од 100 мл. Истото важи и за пудри за лице, дездоранси, рексона и тие сличните, се мора да биде до 100 иначе ги фрлаат.
Тоа значи дека паста од 100 мл+100мл стик+100мл дезодоранс (на пример) можам секое башка да го спакувам во пластични кеси со зип и да биде регуларно ?
Така. Сите тие козметики , па и парфемче да ставиш треба да имаат максимално 100 мл за да бидат прифатени горе во кабина.
Не, сите течноси се пакуваат посебно во шишенца со мала милилитража (која не надминува 100мл) но сите заедно во една пластична кеса со зип.
Затоа сликовито е прикачено оти на зборови секој посебно си тумачи. Мислам дека последнове 2 месеци од ко е сменета процедурата со Виз, устата пена ми фати на секој патник да му објаснам одново и одново како треба. Најлесно е со слика
Има некој претспоставки кој рути ќе бидат додадени од Wizz со тендерот од Скопскиот и Охридскиот аеродром?
Не може, за жал. Во basic дозволено е само ранче/ташна/торба за лап-топ (погоре се наведени димензиите).
Картата ми е резервирана пред измените, уште во септември, доделена ми е гратис торбица до 10кг (но не во кабината на авионот).Не знам дали може со тркалца, или нема врска тоа