Финска да ги направеја сезонски, ама за на зима, не на лето. Турку е доста блиску до Хелсинки, има Македонци таму.
Можда од Скопје има најмногу рути до Германија, што се вика на секој чекор, до сите страни на Германија. Според мене не требаше од TAV да дозволат да се отворат рути до таму барем од Скопје не.
Не знам дали работиш на скопскиот аеродром, во случај да работиш таму би те замолила да почитувате правила посебно кога станува збор за килажа. Заради вас имаме проблеми тука кога ги праќаме патниците за Скопје, сите се вадат со истите муабети.....ама нас од Скопје не пуштија, нас од Скопје ни дозволија..... Поздрав од аеродромот од Берлин
Не работам на аеродром, само почесто патувам со Wizz Air и се трудам да помогнам колку што можам, се надевам точно. Извини доколку нешто погрешив
За денес летот што е од Скопје за Хановер е одложен за утре. Сакам да го сменам летот да летам во сабота, бидеќи утре воопшто не ми одговара. Дали знаете колку се плаќа за промена на лет во ваков случај?
На денот кога објавија дека ќе летаат беа поефтини картите, чекам да ги намалат повторно за да резервирам, се надевам.
Дечки дали ќе може некоја да ми објасни поубаво за кабинскиот багаж. Имам летано 2017 кога беше дозволено само мало ранче без да плаќаш и си доплатив за кабински куфер од 10 кила. Сега треба пак да букирам карта ама малку се бунам. Сега дозволениот што не се плаќа е со малку поголеми димензии и у принцип за куфер кабински пак си доплаќам? Само да си букирам обична карта тоа basic,и да си чекирам плус куфер од 10 кила? Тоа е кабинскиот?
Со обичната карта сега е дозволено ранец/торба со димензии 40х30х20. За дополнителен багаж имаш 2 опции. Едниот е да купиш приоритетна карта за 5 евра па добиваш и куфер, кој ќе биде кабински, значи доаѓа со тебе. Другата опција е да купиш чекиран багаж, кој ќе оди доле во авион со сите куфери. Кај чекираниот багаж најнова опција е тој од 10 кила за 10 евра. Логично, поевтино е да си купиш приоритетна карта. Ама ако сакаш да носиш течности (шишиња вино, ракија - освен ако не ги купиш на freeshop) тие нема да пројдат горе, па ќе мора чекиран куфер Се надевам појасно
А дали се доплаќа ако на пр. сакам да го пратам куферчето од 10кг купено со Wizz Priority во багажен дел?
Последно од луѓе што знам и летале со вакво куферче со Priority карта, не им било дозволено да го пуштат доле воопшто. Пред да се воведат новите правила за багаж, јас го пуштав редовно за да не го влечам со мене горе. Ако некој има друго искуство се надевам ќе сподели
Од каде можам да купам од тие транспарентни ќесиња за течности по таа димензија? И дали крем за раце/лице се вбројува во течности? Прв пат ќе летам не сум многу запознаена со овие работи.
Ехее фала ти многу.За течности знам,у принцип кабински сакав а цело време чекирам за доле хахаха. Фала многу уште еднаш.
Прават проблеми ако течностите се во 50мл пакување? Не би требало. И друго ме интересира, околу кратичката на комерцијална банка поврзана со Визер. Каква улога игра, која и е намената? И доколку се извади, би можела да се корсти од друга држава? Летотвите да не се од/во Македонија?
Не прават проблем. Картичката е за цела визер страна, т.е за сите летови. Ама ако не патуваш многу, некако не се исплати. Висока членарин има.