Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Wizzair

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Goldeneye, 11 јануари 2013.

  1. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Δ
    Малку ми е кафе денеска изгледа |( Јас го прочитав во рачен што како смее :tmi:

    Во чекиран и две литарски шишиња може.
     
  2. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Во рачен подобро да не се влечкаат креми, шампони и сл. , освен ако се купи на фри шоп и мора да се прикаже. Сепак не ви се до толку потребни. Никој не заглавил или кај и да одиш од вециња до хотели има основни хигиенски стварчици ако ви требаат. И да се пази да не премине тежина. Зашто јас бев проверена уште еднаш кога влегувавме во авион кога требаше да летам наваму, па ми кажаа дека изменети се правилата за тежина на рачен. Немав проблем, си се бордав на плејнот :wasntme: , ама сега си знам. А за големиот багаж нема проблем што и да ставаш па дури и алкохол до по 2 литра по куфер. Ние пренесовме 5 л. Рум, ама ... во 3 куфера. :rofl:
     
  3. Domakica

    Domakica Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    554
    Допаѓања:
    406
    Пол:
    Женски
    Само да ве информирам...

    На телефонот на Визер, не ѕвонете од ВИП или мобилна мрежа, треба специјално да активирате дозвола за Hotline услугите. Иначе ви ги земаат парите, а вие не добивате никој на телефон.

    Пишував мејл директно на Визер, ми одговорија во рок од 1 недела, а сега ми ги враќаат парите.

    Кај мене проблемот беше што вработена од Визер ги видела парите на сметка во евра а ги книжела како денари. Не им се совпаднале парите и затоа беше изгубена резервацијата. После 2 недели нервози, сега ми ги враќаат парите.
     
  4. Plas

    Plas Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    4
    Колку време се чека обично откако платиш и додека се потврди резервацијата?
    Лични искуства?
     
  5. Plas

    Plas Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    4
    Еве што ми искочи при обид за плаќање лет од Скопје во денари (нарачувам од Белград во евра).
    Некој има представа каква лозинка се бара?

    [​IMG]
     
  6. Dragana96

    Dragana96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    23
    јас резервирав карта за германија но не ја чекирав ќе може ли да ја повлечам,парите ќе ми се вратат ли??
     
  7. skinnylove

    skinnylove Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    463
    Бројот 059030440 стои на страната на Wizzair Macedonia и звонам од домашен, не бива. Непостоел бројот. Ама баш и така го напишав како што е. Може и глупо звучам сеа, ама ич не ми е јасно каков е тој број и како да се јавам.
     
  8. Domakica

    Domakica Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    554
    Допаѓања:
    406
    Пол:
    Женски
    Од кој оператор ти е фиксната линија?

    Јави се кај операторот и прашај дали имате забрана за специјални линии / хотлајн ;)
     
  9. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.764
    треба да направиш барање за да ти ги вратат парите,само нз дали цела сума враќаат.
     
  10. Plas

    Plas Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    4
    Парфеми и едно шише текила може да се носи во кабински багаж?
     
  11. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Не, може само во куфер кој оди во товарниот дел на авионот.
     
  12. flower86

    flower86 Активен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2014
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    70
    Резерврав карта за Парис, сега гледам да резервирам превоз од аеродромот до градот.
    Најдов превоз од аеродром, ама пишува дека автобусот заминува 20/25 мин по слетување на авионот. Дали е тоа доволно време да стигнам на автобусот? Нема да имам дополнителен багаж....ваљда е доволно, м?
     
  13. Beatris

    Beatris Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    1.046
    Допаѓања:
    2.364
    Пол:
    Женски
    Дали може во мала кабинска торба да носам лекови. Поточно станува збор за ЈАЗ хормонските апчиња кои морам да ги пијам секој ден и витамини (витамин Ц, бедоксин и дуовит).
     
  14. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.469
    Допаѓања:
    8.575
    Форумџии, кажете ми каде да најдам торбица со пропишаните димензии на Визер за рачен багаж (не ранец).?
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  15. livert

    livert Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    115
    Да можеш, но витаминските ако се повеќе видови , гледај да не ги носиш целите пакувања ако можеш оддели си колку ти се доволно за тие денови . Доколку патуваш со чекиран багаж најдобро е остатокот да го спакуваш.
     
  16. lovebrazil

    lovebrazil Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    78
    Девојки, јас на 26-ти овој месец патувам за Франкфурт. Е сега имам само мал кабински багаж, но е поголем за 3-4 cm од дозволеното, меѓутоа тежи 8 кила, што е 2 кила помалку од дозволеното.
    Колку би ми барале да доплатам да не знае некој ако прават проблем? Исто сакам плус да си носам и ташна со документи. Дали за тоа би ми правеле проблем.
    Читам овде доста лоши искуства и почнувам да паничам. Згора на се дури и поврзан ми е летот со друг.:|
     
  17. livert

    livert Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    115
    image.jpg
    Мене до сега никогаш не ми го мереле рачниот багаж ( Виз) , за тоа немој многу да се секираш, што се однесува до торбата доколку ти е платнена/флексибилна како на сликата (не е куферче и нема тркалца или е крута итн ) нема да ти прават проблем, ке може да ти ја собере доколку побараат да ти ја измерат во тие оквирите метални, а за плус ташната со документи најверојатно ке ти прават проблем и ке ти кажат да ја ставиш во рачниот багаж ( гледај да си оставиш простор во багажот за тоа) , значи додека да ги поминеш контролите треба да имаш само 1 Багаж/ итем ( дали е куфер или ранче или кеса или лаптоп ташна ....небитно ) мора да е едно, плус можеш чадор или кебе и весници.После контролите можеш да си ги носиш одделно. Се надевам дека ти помогнав.
     
  18. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.276
    Пол:
    Машки
    Ми наплатија последниот пат, во Милано, иако го собираше куферчето во рамката. Демек било 2 сантима повисоко од што било дозволено. Као на пазар, натегање, пазарење,....и тоа со сите патници. Очигледно беше дека пробуваат да компензираат за неколку непополнети седишта во авионот.
     
  19. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    :x како пресметаа колку треба да доплатите?
     
  20. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    @orevokrsacka во Дуки Дасо имаше мн. убав куфер со точни димензии за Виз Ер со цена околу 2000 ден. Мислам дека можеш да најдеш било каде таков куфер, гледај само да не е поголем од пропишаните димезии.

    @lovebrazil Не се лажи да одиш со поголем куфер од дозволеното. Кај нас ќе те пуштат, ама за назад ќе ти наплатат 40 евра, без разлика за колку cm станува збор. Мене куферот ми беше во висина само подолг, па пак ми наплатија. За тие пари ќе си купиш куфер со точни димензии и ќе го имаш.
     
    На orevokrsacka му/ѝ се допаѓа ова.