Ме интересира, дали ќе има периодов некаков попуст на летови, како шо имаше во Октомври ? Тие, шо патувате почесто ако имате некоја информација фала Ви
Речиси секоја недела имаат попуст по 20% (на сите летови), а вчера имаше 20% за летови од/до Полска. На пр. во петок даваат за WDC членови попуст, и веќе наредниот ден за сите е попустот. Ама, ретко се случува да има 30% попуст, јас март 2018 последно резрвирав со 30%. Прати ги на ибстаграм или симни си ја нивната апликација ќе те известува секогаш кога ќе има попуст. * еден совет: прати ги летовите секојдневно колку чинат, кога ќе го фатиш на евтино одма резервирај, обично кога имат попуст ги покачуваат па на покачената цена даваат попуст.
Дали има некој искуство со откажување лет со Виз? Дали во целост ги враќаат парите од картата или не?
Треба да платиш надоместок за откажување кој што често е поголем од самата карта.. Така да не се исплати.
Малку помош ми треба од оние кои знаат или од мајките кои летале со бебиња или мали дечиња. Дали кога леташ со мало бебе(под две години) колкичката која би се носела треба да се чекира како дополнителен багаж?И ако веќе се чекира,според која килажа оди тоа? За храна знам дека е дозволено,па претпоставувам дека и млеко може да се носи во авион?
Сигурно е поставено прашањево ама не можам да најдам. Задутре патувам за Германија, пред малку ги чекиравме картите онлајн, отворив да ги испечатам и ми излезе ова: Ова не се картите така? Негде прочитав дека картите за Германија се чекираат на аеродром..?
Не се картите тие. Ги печатиш и ги носиш на шалтер на аеродром за да ги чекираш картите, ливчињата ги земаат и ти ги даваат вистинските карти со кои продолжуваш понатаму. Така ние направивме сега брзо.
А доплативте нешто плус? Зашто ми кажаа дека чекирањето на аеродром се доплаќа. Додуша, ние се чекиравме, ама за подигнување на картите..?
Истово ми се случи, од Скопје ме пуштија (мало куферче ми го собра во помалата корпа ама стрчеа тркалата и едвај го напикав куферот) а во Брисел ми наплатија за истото куферче..
Одлично. А рачната торба мора ли да е ранец? Пример платинеста торба од тие малите. Имам една ми се поклопуваат димензиите, но дали треба да е ранец стриктно.
Јас скоро секогаш сама летам Одам на шалтер, одам на пасошка контрола, поминувам скенер... кај нас си купувам и вода од бургер кинг пошо е поефтина ... си седнувам во чекална ..чекам последните 5-6 души да се наредат за влегување .. мрдам од столот и јас се редам позади нив.. седнувам во авион, го прелистувам списанието што го имаат.. ставам слушалки на уши и не ме барај додека слетаме.. ако сум до прозор нормално погледот ми е 99% надвор Кај што ќе се симнам следам знаци, излегувам од аеродром..фаќам шатл или обичен бус и правец кај што сум тргнала евентуално воз де Во принцип немам страв од летање, гледам и времето да си го пополнам додека летаме за да не ми е досадно.. Секогаш сум со мислата - ова чудо нема да падне, колку сакаат нека се лоши условите да летање И така..ако си го исполниш времето нема ни да осетиш дека леташ
Штом ти така викаш...ондак и јас така. Фала ти. А да прашам дали леташе до Братислава па од таму со бус до Виена? Ми рекоа да чекирам бус на аеродромот. И дали прашуваат за пари колку носиш, јас на гости ќе идам имам и повратна карта.
Можеш и на визер опцијата да ја избереш за превоз, чини 7.5 евра по правец и те остава на железничката во виена. Јас го преферирам фликс бус, тој те остава на автобуската. Изгуглај Vienna Erdberg ..таму стои. Цената е 7 и 8 евра.. поудобни ми се и попрактични. Секаде каде што можам нив ги користам.. Пари може да те прашаат колку носиш. Бараат по 50евра на ден.. зависи од вработениот, како ќе му текне.. Кажи дека одиш на гости, носи си околу 200 евра ако можеш и мислам нема да ти прават проблем..