На апликацијата на Wizz кога ќр ја отвориш има опција Boarding Card, потоа Find My Booking каде ќр ти побара Passenger's Last Name и Confirmation Code. Потоа мислам дека ќе имаш бординг пас и на твојата апликација. Пробај.
Здраво, да се информирам во врска со кабински багаж, те ранец и торба со тркалца само ќе носам. Дали некој патувал вака и ако да може ли да ми каже колку течности може да се носат, бричеви такви работи дали може, дезодоранси? Апарат за сликање ваљда може. Да не отидам и да ми исфрлат све и свашта
Течности може да носиш, максимално еден литар, но секој предмет поединечно да не надминува 100 мл. Значи може и дезодоранс, но помал, да е максимум 100 мл. Течностите ставени во проѕирна зип ќесичка и на скенер се вади ќесичката од ранецот/торбата. Не знам дали е правило да се вади, ама мене многу често ми ја прегледуваат. За брич не знам, а апарат секако, јас и него го вадам од ранец на скенер.
По која логика се менуваат цените на билетите? Колку време пред лет има најголеми шанси за најефтин билет?
Нема некоја логика. Некои велат дека од WIZZ цените се нај ефтини 2 НЕДЕЛИ пред тргнување, но кај мене и не било случај. Имам резервирано на 24 за пиаѓање на 23 наредниот месец по цена од 2399ден. (one-way), а по само 1 недела беа 1199 ден. (one-way). Сега резервирав за по 2 месеци 1199ден. Нема некое правило, ако ѓи начекаш за 1199ден. а дестинацијата НЕ ти е Будимпешта или Братислава (за од Ск) одма зимај, а за овие 2 други може да се и 599ден. Зборам за цени за 1 правец без WDC.
Девојки дали во кабински багаж т.е. Мал куфер од Wizz Priority може да се носат шминки посебно ме интересира за пудра, крем за лице и слично? Исто така дезедоранси и производи во слични пакувања и дали треба сама да ги пријавам пред да ги покаже на скенер?
Се што ти е по (до) 100мл може..над 100мл од парче не може. Во зипер ќеса ќе ги извадиш пред скенер Шминки можеш, пудра, парфем.. @bibiK23 можеш и брич, проверено
Дали може да леташ до Братислава ,а да се вратиш од Будимпешта? Тогаш се купуваат карти само во еден правец,така?
Го смениле правилото? Не можеш да се чекираш и за одење и за враќање? За враќање мора 48 часа пред летот? Лани за Рим одеднаш се чекиравме,и за натаму и за наваму.
Да, 48 часа е и за враќање (за ова не сум сигурна - освен ако имаш одбрано и платено седиште, може и порано)
Дааа, лесно е чекирањето само од себе Ама треба нели и да се испринта картата, а кога си во странство понекогаш не знаеш каде да принташ Speaking of - требаше еднаш да принтам карта во Братислава, во недела кога ниеден копи центар не работеше, па среќа во Инфо центарот за туристи ми ја испринтаа без проблем. Ако некогаш затреба, верувам дека ќе ви направат услуга било каде
Скриншот на телефон од бар кодот т.е бординг пасот и секогаш поминувам на аеродромите. Секаде работат на принцип на баркод читач, дури и кај нас во ск.. Не ти треба принт..
@Dust & @referentka ова е нова информација за мене, фала Не знаев дека може и така, порано и се плаќаше казна ако немаш испринтано бординг пас, затоа и принтањето во странство некогаш ми беше проблем Знам и за чекирање на аеродром се плаќаше се менуваат работите цело време како и да е. Ова е каде-каде полесна варијанта
Во Брисел не праќаа да ни испечатат бординг пас на шалтер, или не работеше читачот за дигитални или обезбедувањето не пушташе. Појма немам. Јас секако имав багаж за чекирање па сеедно ми беше. Битно и јас веќе никогаш не принтам карти, се чекираш од дома и си поминуваш.