Мене од Брисел летот ми каснеше цели 4 саати така да не ги сметам многу за ажурни и фини ама и кај нив пројдов со пас на телефон.. Во секој случај бесплатно ви испринтале.. Најлош случај што ми се има случено... Ги носам моите во Гераманија на шетање, на одење на нашиот аеродром се беше ок, нели нив не ги занима тоа многу, ама на враќање пред оној скенерот за багаж и луѓе имаше баркод скенер и оп, мојата бординг карта не може да се скенира помини ја и тииит црвено дојде обезбедувањето моите ме гледаат од другата страна онака бледо Јас се објаснувам дека не ми поминува картата аман заман најдете решение после може пола саат најдоа решение.. ме најдоа веројатно во систем и ми донесоа нов бординг пас. Сиротиот и тој од прва не помина ама од 3-4 обид помина Пред влез во авионот на тој скенер поминав со телефон. Си реков да пробам... и успеа од прва. Така да принтано или не, исто ѓубре.. само бруката не знам кога е поголема, дали кога мислат дека некоја дигитална превара правиш или пак кога стоиш пред скенерот со картата во раце тогаш човек изгледа како криминалец што сака да помине на аеродром..
Да, да, секогаш бесплатно принтаат. И за чекирање кога имам багаж пак не принтам од дома, кога го чекираш багажот ти принтаат одма и бординг пасс.
Јас го имав тој проблем сега со чекирањето.Кога слетав во Стокхолм ми бараа повратна карта,а немав нели бидејќи не можам да ја чекирам 48 часа пред лет.Имав само скриншот дека е купен,ама пак ми потенцираа на пасошка за нареден пат да ја имам повратната карта би било подобро.Не можеш да им објасниш.. А на враќање,откако си ја чекирав,на телефон со баркодот.
За чекирање на аеродром за да ти испринтаме бординг карта се наплаќа 35 евра Исто како што се плаќа за додатна килажа , за додатен куфер. WIZZAIR мора да профитира, сигурно нема за 20 евра да патувате со куфер од 32 кг. И не само Виз и кај сите други компании ,секој со плус кила на куфер мора да доплати. Пример ќе ја земам WOW AIR, компанија од Исланд и преку неа претежно летаат патниците од тука (Берлин) за Америка, Канада со трансфер. Цените за доплаќање килажа се огин и пламен, ама луѓево не се лутат како нашиве балканци , посебно македонци кои се инаетат да платат,,, туку веднаш доплаќаат без глумење и правење на Тошо као аххх не сум видел, не сум прочитал Ова го зборувам од искуство,си правам споредба во понашање кога ги чекирам Балканец , со да речиме Канаѓанец.
Како Визз ги формира цените? Никако неможам да дојдам до заклучок. Ако некој знае, Ве молам објаснете ми. Еден ден е 599 денари, веќе за неколку дена е 5999.... Па сум видела и за неколку дена да се смени цената за одреден датум
@Herrera сѐ ова што наброја ми е добро познато и видено. И јас не живеам во МК, па при летање наваму-натаму се имам изнагледано сѐ и сешто, а и сум воочола огромни разлики. Од "малку" поголеми торбици од дозволеното, до торбица и плус женска ташна - мислејќи дека е дозволено, па што викаш - се прави "на Тошо" па пика ташни една во друга Исто пикање со сила торби и јакни што треба да одат под седиште - во горниот простор за багаж Лично за мене, мислам дека дури и кога не патувам сум up-to-date со правилата, а и многу често со скриншотови од истите, ако случајно некој ми промрчи До сега сум одела со чекиран и принтан бординг пас, па информациите дека може само со кодот ми беа нови, иако може во реалност не се
Каква е таа карта од 1000 евра жити се.. 300 евра од правец немам начекано ни за Лутон.. а од таму подобро е до бугарија да леташ.. Плус тоа визер се резервира 2-3 месеци однапред ако сакаш поефтино, не 2 дена пред лет. Не се сите дестинации ефтини, дури и аеродромаките такси не се исти секаде што се вклучени во картата.. Туку 20 евра повратна за будимпешта многу ли е хмм..па да викаме дека е многу скап виз
Ова со клуб картичка и куфер. Ги гледав и во јануари исти беа. Лутон е ефтин имам кумови на три месеци за во мк за 100евра.
Ги имаат и визер начукано цените, не е како порано еве сега гледам за летово да одам милано 350 евра е повратна без багаж без ништо....
Датумот се погодил веројатно да е таков, многу карти се продале а и Велигден е еден ден после тоа, луѓето се слободни и летаат повеќе за празници..ако дојдете порано за мк а си одите од мк до кај вас на 16ти, е 10 евра по правец...на 20ти е 2470ден од човек итн итн
Може ли веке купена карта до една дестинација да ја префрлам на друга дестинација за ист датум? малку ми се сменија плановите....
Ако си флексибилна провери карти за претходните/следните 1/2 лета, за вашиѕе летови (W67739 и W67740) знаат да бидат достааа поефтини.