Јас секогаш одам на шалтер на тргнување. Коа ќе слеташ веднаш после гејтот пасошка контрола, ако имаш багаж го чекаш ако не дирек си излагаш и тоа е тоа.
јас одам и ако сум чекирана од нет.за да се осигурам дека се е ок иначр ѕоа е процедурата скенер пасошка контрола и си чекаш а кога ке слеташ зависи каде и од каде последно летав од Грција за Германија овде немав никаква контрола на аеродромот а од Мк.за ДЕ имав лани контрола на пасош и печат стават мирно небо и јас наредната недела летам сама прв пат
Треба да ја земам терапијата со мене што ја пијам антидепресиви се работи за повеќе кутии.Колку е дозволено што како објаснете ми подетално. @Dust @Herrera
Дали чекирани карти може да се покажат на аеродром преку апликацијата или морам да ги имам испринтано ?
ж Може преку апликација Немора да се принтаат. @Dust ти си ми ,,дежурна,, за давање одговори Детска количка (како чадор)...може горе да се носи? На едни пријатели доле во багажот , при растовар им ја искршиле.
Количката се носи само до авион, до врата, од таму ја земаат и ја ставаат кај багажот, без разлика на големината. Јас одам со таква мала количка и секогаш ми ја земаат.
Не се доплаќа, а за возраст не знам, мојата уште спаѓа под бебе Ако некој знае, баш нека каже, ме интересира и мене
Можам ли да доплатам за wizz priority ако веќе сум купила обична карта? Сфатив дека ќе ми се исплати wizz priority заради куферот од 10кг, ама не знам дали може отпосле да се доплати?
Мислам дека до 2 год.е бесплатна количка. за деца на возраст под две години: храна за целото времетраење на летот и бебешка количка на расклопување или мала лулка
И после 2 е бесплатна, ама незнам до колку години точно. Количката ја земале на влез во авион, и ставале бројче и ја даваат штом ќе се слета. @Dust може по детално да каже. Спојлер: Еве Возрасното лице кое патува со новороденчето има право да носи дополнителен личен предмет за новороденчето во авионот, заедно со кабинската торба. Дополнителниот личен предмет не смее да биде поголем од 40x30x18 cm. Освен дополнителниот личен предмет, патниците со новороденчиња може бесплатно да носат и детска количка или бебешка количка на расклопување. И еден од овие предмети за мали деца може бесплатно да се носи во авионот. Имајте предвид дека детските и инвалидските колички мора да се пријават со останатиот багаж и ќе се превезуваат бесплатно само ако патува и корисникот на опремата. Сепак, ако не патува новороденче или дете, сите овие предмети ќе се превезуваат како пријавен багаж за дополнителна такса.
Ако добро ме служи меморија после 2 год не е бесплатна количката, имаше некој надоместок. Затоа што се смета дека децата над 2год одат.. Количката кај сите авио компании се зема пред влез во авионот, чекирана.. После на излез ти ја даваат.. Можеш со тебе 1 инфант да чекираш т.е 1 по возрасен.. Се над тоа се доплаќа седиште и треба да носиш транспортер.. Ти следува дополнителен рачен багаж за малото, во него можеш да носиш се што ти треба. Вода за АД ќе ти загреат стјуардесите без проблем..
Бесплатна е до 4 5 6 7 години, секако како и секоја wheelchair што е бесплатна така и количка, без разлика што бебето/детето наполнило 2 години. И без разлика во која авиокомпанија.
Инвалидска количка е едно а детска количка друго. Постирај ми каде на страната на визер го пишува ова, да не е само рекла кажала
Бидејќи со тебе комуницирам во врска со Визз, помислив дека ти си ми кажала за количката за деца, но отпосле се сетив дека пријателка беа во Германија со Виз, па таа ми кажа детали за количката бидејќи се интересирам за претстојното патување за мене. Нејзиниото дете има 5 години.Количката ја носат до самиот влез во авионот.Овде персоналот ја зема, и ставаат етикета со бројче и толку.На излагање си ја земаш.Не се наплаќа. Доколку не е полн авионот, понекогаш дозволувале и внатре до седиштето да ја ставиш (на сред авион има по две седиште , каде што се средните врати на авионот, па тука обично распоредувале родител со дете за да може и количка спакувана да стои). Свое искуство немам.