Возрасното лице кое патува со новороденчето има право да носи дополнителен личен предмет за новороденчето во авионот, заедно со кабинската торба. Дополнителниот личен предмет не смее да биде поголем од 40x30x18 cm. Освен дополнителниот личен предмет, патниците со новороденчиња може бесплатно да носат и детска количка или бебешка количка на расклопување. И еден од овие предмети за мали деца може бесплатно да се носи во авионот. Имајте предвид дека детските и инвалидските колички мора да се пријават со останатиот багаж и ќе се превезуваат бесплатно само ако патува и корисникот на опремата. Сепак, ако не патува новороденче или дете, сите овие предмети ќе се превезуваат како пријавен багаж за дополнителна такса.
И јас така знам дека само до 2 години може бесплатно количка во авионот ама сега поинаку пишува. Можеби по ново е ова.
НА страницата на Визаир си стои дека на деца до 2 години им следува бесплатно чекирање на количка. Категорија мали деца е од 2 недели до 2 години. 2-14 се во категорија деца и количка не е набројана во листата на тоа што им следува. Ако дозволиле е лична одлука на тој на шалтер. И неи кога летавме зимово, со друга компанија, бесплатно чекиравме количка за деца над две.
Рефке.. Инфант е до 2год и за нив нема збор дека количка е дозволена. Ама апсолутно никаде не пишува дека е бесплатна за деца од 2 до 14год.. (таа категорија на карти) Дури и во ова што си го постирала никаде не се спомнува дете над 2 год и количка во ист контекст.. Спомната е само детска и бебешка количка, возрасна граница нема ама бидејќи ова што ти го имаш постирано е даден одговор од Виз за патување со новороденчиња, логично е да се однесува на инфант категорија до 2год И сепак инвалидска количка е една ставка а детска количка е друга.. На лицата со инвалидска количка им следува и special assistance за disabled and reduced mobility патници и тоа се бара најмалку 48 саати пред летот.. ова во контекст на пишаното од претходната членка.. @danichap @referentka @gjoker4e
Може слободно, никогаш не се правеле проблеми иако тоа не го пишува, чекирај си ја одма на шалтер и остај ја пред авион.
За некоја недела ќе патуваме со бебуш,уште од сега ме фаќа паника,уште па навечер летот,како ли ќе заспие... Цело време уште во скут... Колку што знам ги врзуваат заедно со родителот,така? Сакав да прашам дозволуваат ли храна и вода да се внесува,мислам додека чекаме на пасошка и додека да влеземе ако огладни морам да му направам...Дајте совети за патување со бебе (4мес).
Ти работиш на аеродром Скопје.. на нашиот аеродром дозволуваат и 10цм разлика во куфер за визер .. Ама на европски аеродром одма ќе ти направат проблем! Зошто не дадеш извадок од правилникот на визер каде што стои тоа? Да не испадне на крај да наебат луѓето на некој аеродром 2000км од дома па да плаќаат ненормални суми за една обична количка! И тоа што работиш на аеродром не е мерило за точност, затоа што различни компании имаат различни политики и тоа им го пишува на нивните страни. На виз ер не пишува дека е бесплатно.
На германскиот визаир си стои тоа јас што го пишав. Се мешаат термините мало дете и дете. Но со мали букви, барем на германскиот, си стоеше дека мало дете, на кое се однесува количката, е до 2 години. За сигурност при букирање нека се пријави количката, да биде опфатена во билетот во двата правци. Во спротивно е стварно руски рулет.
Токму тоа го пишува и на македонскиот. Затоа сум упорна Искра да даде линк каде тоа го пишува затоа што нема смисла некој да заглави со количка на некој аеродром па да плати надоместок за истата поскап од една карта..
Јас нигде не напоменав дека работам на Скопскиот, кажувам што е политика на работење, количка се плаќа само кога ја носиш без бебе/мало дете, ќе побарам на шведски и ќе ти пратам за политиката на колички, доколку некогаш ти се случило да ти наплатат, сподели бидејки јас патувам и работам никогаш ова не ми се случило
Ова е преведено на гугл транслејт или напишано е оригинално на македонски јазик? Кога читам на германски пишува бесплатно до 2 години, а според горе напишаново бесплатно е и после 2 години само доколку и детето е присутно за време на летот.
Од страната на визз е копирано. Во меѓувреме ( поточно утре и е првиот лет) моја внука се вработи во Визз па од неа изворно разбрав дека доколку патуваат дете кое го собира во количка или инвалидно лице,тогаш се бесплатни. Доколку сакам само количка да пренесам без корисник,тогаш се плаќало. За некој ден ќе пишам како сум поминала јас,дали сум прошла беспари или ме опорезиле.
Здраво Феминки да прашам имам карта со Визз Приоритет багаж така да и двата куфери ми се за во кабина смеам ли да носам лосиони и млеко за тело може ли да ми ги фрлат ... поз
До 100мл пакувања А зошто не прочиташ што ти пишува кога пробуваш да резервираш? Еве јас знам ама нема да ти кажам. Ептен е просто, читај. Не е некој податок што не е никаде напишан, туку е јасно наброено што добиваш.. научете се малку и наједноставните работи да ги читате, нема се во животот да ви е сервирано на тацна
Не сум резервирала само прашувам пошо во скоро време ќе треба да резервирам а тоа не го сретнав... Две дати ми се дадени како опции но не знам кога ќе завршам со обврски и затоа прашав. Барав низ темата за да најдам дали некој има прашано но не најдов.. И плус ако не сакаш да одговориш не одговарај и така никој тебе конкретно не те праша
Не треба и никој да ти одговори затоа што одговорот го имаш на страната на виз ер и можеш да го прочиташ! Ама мрзата е голема и сите чекате на готово. Да е нешто што го нема па да прашаш а ти не си се ни заангажирала да најдеш, туку чекаш на готово. Македонска работа.. Ете од мене совет, докупи си флекси опција, најпаметно и најефтино ти е