Ние имаме од тоа фамилијарното до 5 члена што е. @Dust Хелп Не ме оправаат две приорити,Пријавена до 20 кг колкав куфер да купувам ?
Дали доколку сега купам карти без Priority, пред да летам можам да докупам Priority (за 1 куферче до 10 кгр) и колку тоа ќе ме кошта? Или првиот лет (од Скопје) да ми биде без Priority, а само за повратниот лет да купам плус Priority? Постои ли таква опција?
Можеш како сакаш да си комбинираш, и одпосле можеш да додадеш Приорити, и чекиран (10,23,32кг.), седишта итн. Јас летав Скопје- Малта без багаж, а за назад со, можеш како сакаш.
На тоа и мислев, да ги купи од нејзин профил, да биде еден од патниците Затоа е +1 и +5, сметајќи дека она е една од нив. Во право си, не го допишав убаво
За Wizz Discount Club ме интересира што се подразбира под „Добивајте информации за промотивни понуди само за членови по е-пошта пред другите и добијте пристап до дополнителни попусти откако ќе се претплатите на Специјални понуди на WIZZ“? Какви се тие промотивни понуди и дополнителни попусти, да објасни некој што има(л) WDC? Подолу во ЧПП пишува нешто за „промотивни цени за ограничен број седишта на одредени маршрути“, тоа е тоа? И колку често праќаат вакви понуди, има ли нешто интересно?
Некогаш има -20% само за дисконт клуб членови, ама одамна немало Само тоа се дополнителни попусти, освен намалената карта.
За 5 дена ќе одам во Америка преку Turkish airlines. Си имам купено млеко за тело, гел за туширање, креми за лице и се што е потребно за хигиена. Имам исто така лекови а ќе носам 2 куфери еден мал и еден голем. Дали ќе ми направат проблем ?
И каква врска има ова со визер Штом имаш куфери стави ги во куфер и немаш проблем. Не во рачен багаж. 2 куфери не ти требаат..ова совет од некој што живеел цела година во америка.. Таму ќе си изнакупиш 300 глупости
Не ти требаат многу работи за таму..јас со три се вратив а отидов со мал куфер се "старо" исфрлив на крај
Можеби е глупаво прашањево, но дали ако се користи Wizz Discount Club може да се додаде и Wizz Priority на истиот лет? И уште едно прашање: во врска со течности при летање со Wizz Priority, дозволено е во двете торби по 10х100мл, така?
За првото Да, дефинитивно, а за второто, мислам дека од патник е тоа со течностите, а не од торба, ама не сум сигурна
Имам купено карта и ја чекирав, ама на тоа што го дава за принтање пишува ова не е карта за влегување во авионот... Што значи ова треба да ја чекирам и на аеродром и таму ќе ми ја дадат картата? Првпат со авион патувам појма немам како оди процедурава...
@Dust да, за Германија е, ја симнав апликацијата таму ми ја дава картата дека е чекирана и се, можам ваљда така да пројдам. Фала ти сепак.