За Минхен е? Јас цело сабајле се мачам, не ми дозволува да чекирам, вика ПРИЈАВУВАЊЕТО НЕ Е ДОСТАПНО Нема опција за пријавување на интернет на овој аеродром
@xxx-ba не, за Франкфурт е мојата иначе ако немаш избрано седиште не можеш да ја чекираш до 48часа пред летот, со седиште дава и до 30 дена пред да се чекира.
Дали на скопскиов аеродром ако некогаш сте биле со карта за во еден правец ве прашувале зошто ќе одите и колку пари имате во вас? Некои ми викаат да кажам дека ќе работам ако ме прашаат и иам копија од договорот, некои викаат да извадам студентската(isec) и да кажам дека ќе шетам...и за париве...има ли некоое правило колку треба да носам итн? Пратете ми правилник или закон не знам по што се водат да прочитам.
Сѐ од ова што наброја ме имаат прашано. Ме имаат прашано и каде летам, а и која ми е последна дестинација. Им имам кажано дека работам во странство, не ми побарале договор. Ме имаат прашано и како сум се вработила, како сум стигнала до таму. За пари секогаш кажувам дека носам 200-300 евра, сѐ останато ми е на картица. Над 10 000 евра мораш да ги пријавиш на царина.
@Jule.Sk до 2000 евра смееш да носиш во себе и за тоа не ти е потребен никаков документ. За се што е над таа сума ти треба потврда од банка или овластена менувачница.
За минимум ме интересираше. Пошто лани бев со автобус и на граници некои ги прашуваа колку пари носеле со нив не знам што као у стил дека нема да одиш да праиш криминал ли неам поим шо им е поентата. Мислев и на аеродром да не мрчат дека 200е се малку пари.
Девојки има намаление на некои билети на Визер по повод роденденот и 15% од вреднoста на букиран лет враќаат назад како кредити. Отворете прочитајте. Карти што ги купив пред 4 дена денес се 800ден поевтини.
Не знам зошто, не можев да се чекирам од web, не ми ја покажуваше картата. Ја чекирав преку апликација на тел и ја симнав картата во wallet. Е сега, не морам да ја печатам картата? Доволно е од тел да ја покажам?
Аеродромот во Скопје прифаќа boarding pass од мобилен, нема да имаш проблем. Некаде на страницата имаше и опција да ги провериш дестинациите за летање, за да видиш дали и другиот аеродром прифаќа без принтање. Ако ти е за Братислава - дозволено е само од мобилен
Земав приорити, со што дозволуваат да носиш плус торба со тркалца, но во кабината. Дали може да се стави во неа нешто од лична хигиена, пудра такви работи?