Нема да имаш проблем на скопскиот аеродром од искуство ти кажувам. Јас на 20ти овој месец летам за Дортмунд има ли некој друг кој оди?
Ако сакам да се обратам за некој проблем во врска со картата треба да вртам на контакт центар на тав или има и виз некој број?
Здраво девојки. Следна недела патувам и карта имам само со рачен багаж(ранец). Ме интересира дали е ограничено колку кг да биде?
Истото ме интересира, дали може да носам посебно чантиче за документи или треба се да ми е во ранецот?
Дали во Виз Плус картата имаш бесплатно ранец и куфер од 20кг кој оди горе со тебе и плус 32кг кој иде доле к го плаќаш?
Според сликава со Wizz plus можеш да носиш ранец, мал куфер до 10 кг (и истите ги носиш со тебе) и голем чекиран куфер до 32 кг.
Вчера патував јас, носев торбица и ташничка мала, бидејќи имав место во торбицата ја ставив внатре и потоа во авионот ја извадив ташната беше во мене а торбицата во кабината.. Имаше и многу други кои носеа ташнички мали за документи и немаше никаков проблем, но зависи и од каде патуваш според мене.. Јас од Италија идев не ми правеа проблем, но овие нашиве се ептен за никаде, секогаш кога патувам од Македонија за Италија овде не ми дозволуваат да носам, ќе речат само или стави ја во торбицата или доплати...
Ако се картите купени со опција за откажување (значи поскапи) може да ги врати, уствари не да ги врати (визер пари не враќа) туку да го презакаже летот. Мислам. Ама кој купува такви (поскапи) карти?
Читав на интернет дека до 14 дена пред лет има опција да се откаже со cancelation fee,е сега колку се држат до тоа во пракса не знам.
Ама тоа cancelation fee треба да е купено во исто време кога се купени и картите. И речиси сигурна сум дека во таков случај, лет може да се презакаже ама не и откаже. Можеби грешам, незнам.
Се доплаќа само 10 евра плус Ако ти се картите над 90 евра по човек по правец се исплати мааалку.. ако не се, не се исплати Се држат до тоа и во пракса Тоа што се купува кога ти се купени картите е виз флекси..cancelation fee се доплаќа ако немаш флекси а сакаш да ги откажеш.. Лет МОЖЕ да се откаже.. Не ширете дезинформации, на некои луѓе им требаат проверени информации, па ќе се зезнат..
Здраво Првпат патувам со авион преку Wizzair кадешто ми треба лет во еден правец од Скопје до Белгија. Сега при резервирањето како да се чекирам со кој пасош ? 1.Јас имам македонски и бугарски пасош, а последен пат влегов во Македонија со македоснки пасош т.е во систем сум така внесен на граница. Има врска Check-In со граничарот на аеродромот ? 2.Пример ако го резервирам билетот со бугарски пасош да не ми направат проблем на аеродромот тука во Скопје (полицаецот/граничарот) демек дечко те нема во систем тебе ? Како си влегол во Македонија со бугарскиот ако го извадам ? Ќе ме сметаат како бугарин на црно што влегов во Македонија ? 3.И исто така дали при слетување во Белгија ќе ми го гледаат билетот постои Check-In или само на граница си одам(на самиот аеродром) Фала
Од тука ќе се чекираш со македонскиот пасош Нема да те сметаат за бугарин на црно ама кога си вадел двојно државјанство сигурно ти кажале како да го користиш.. Ако не знаеш, изгуглај.. Постојат и казни за тоа... Во белгија одиш на шалтер за пасош, како и во секоја друга земја
Со бугарскиот резервираш, чекираш и патуваш! Македонскиот носи си го, може да ти го побараат кај нас на аеродром. Моето лично искуство е такво.